Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секако дека е Бог е најпримамливото решение за сите проблеми, посебно за најголемиот од сите.
Имам некакви сомнежи кои произлегуваат од претставите за божјата промисла кај некои религии. Дали Бог создал совршена вселена, дали ги предвидел несовршеностите на истата (а ги има), дали управува со неа. Да речеме, Бог како совршено моќен и бескрајно добар ентитет би создал луѓе кои не би ја усрале работата (како Адам и Ева), оти како семоќен одсекогаш би знаел дека овие ќа ја оплескаат.
Затоа прашав на кој и на каков Бог се мисли?
И да скратам, се сомневам по малку. Кој е денес цврст во верата?
Dragon[Sky];2160330 напиша:Како што реков, животот како што го знаеме е приспособен за тие услови. Не бил светот одсекогаш ваков, станува збор за еволуција и адаптација. Според мене теоријата на еволуција држи повеќе вода од "Бог го создал светот".
Најлесно е да се каже тоа. А имаш помислено дека сите тие процеси кои што учествувале во почетокот и до сега се многу по-комплицирани од што знаеме и се над наше сфаќање?
А како одговор на темата: Да, многу се сомневам. Јас лично бирам да се држам до факти, не приказни. Без навреда.
Edit: simsonovi ili ne, na prasanjeto nemozes da odgovoris.
Живот нема само на Земјата.Дали мислиш дека е случајност што...
од билиони ѕвезди и планети во многуте галаксии, само земјата има живот, и изобилие на живот?
сонцето е 400 пати поголемо од големината на земјината месечина, 400 пати подалеку од земјата отколку месечината, а сепак тие изгледаат и двете пропорционално во иста големина на нашето небо?
сонцето ги осветлува деновите толку јасно, и месечината свети во ноќта нежно и облаците донесуваат дожд за да ги наводни нашите жита, што понатаму донесува храна во твојот стомак?
Птиците пеат песни,за да привлечат внимание,за подоцна да можат да најдат партнери за парење.Никаква божествена вмешаност во ова.Дали мислиш дека е случајност што...
птиците во воздухот пеат нежни песни и кучињата покажуваат безусловна љубов?
твоето тело природно заздравува кога ќе се пресечеш, или ќе се поболиш, и престанува?
човекот има недофатливи сетила, наречени емоции, каде чувствуваме љубов, омраза, бес, тага, среќа, возбуда, збунетост, болка, заздравување, и така натаму?
Тие овошја се вкусни за нас.Дали мислиш дека е случајност што...
има бескрајно многу вкусни овошја, зеленчук, лешници, жита за да се направат вкусни рецепти за да го задоволиме нашиот глад?
има илјадници и илјадници на егзотични чудесни животни на земјата и илјадници повеќе чудесни суштества во морето?
имаш очи и можеш да гледаш, уши па да можеш да слушаш, срце за да чувствуваш, разум за да можеш да мислиш?
Какви се тие животни што ја докажуваат вистинитоста на Библијата?Дали мислиш дека е случајност што...
има илјадници на заздравени примитивни животни кои што ја докажуваат вистинитоста на пишаното, Светото Писмо?
оние кои имаат вера во Исус се сведоци на чуда, секаде низ светот?
пророштвата на Стариот Завет се веќе исполнети и повеќе продолжуваат да се исполнуваат?
Истата работа од погоре.Дали мислиш дека е случајност што...
фармер го засадува семето, но фармерот не прави семето да расте и фармерот никогаш не го креира семето?
овошјата и зеленчукот имаат семе за да можеме да произведуваме повеќе овошја и зеленчук?
на твоето тело му требаат витамини и хранливи материи кои што се наоѓаат во природната храна создадена од Бог како овошја, зеленчук, риба, месо, жито?
Не.Дали мислиш дека е случајност што...
се случи да си токму овде, на подфорумот религија и го читаш ова?
Знаеш, јас едноставно не ги гледам така работите. И не ми е страв да се соочам со Бога. Не ме сфаќај погрешно, но стравот е непотребен.
Сакам да ти укажам дека Господ не е Совесен-судија-од-основен-суд-1-кој-некако-се-стекнал-со-надприродни-моќи-и-станал-Бог. Него не го мачат проблемите што не мачат нас. Секако, јас имам потреба да се уверам дека некоја ме сака, зошто не знам. веројатно ќа сакам да се уверам дека децата ќе ме сакаат и почитуваат и никогаш нема да бидам докрај убеден во некои работи. Јас сум само човек. Бог, кој е совршен, семоќен и сезнаен, нема такви тешкотии.
Да не се повторувам, нешто подолу од местото каде што ме цитираше нашкрабав уште неколку реченици за некои мои сомнежи, не околу природата на Бог, ами околу тоа како некои го разбираат.
Огрооомна нелогичност.Зашто јас можам со аргументи Божјото Слово да те уверам дека Бог сака да ЗНАЕ и да се УВЕРИ дека Го сакаме, дека тоа Му е важно, дека Бог е ревнив (љубоморен) Бог, дека има емоции и дека во природата сме исти со Него, по Неговиот образ сме создадени, исти сме во се, само што Он е совршен и во Него нема грев....
Мора да те прашам уште ова-врз основа на што го имаш замислено Бог? Од кој извор ги црпиш знаењата за природата на Бог?
Зашто јас можам со аргументи Божјото Слово да те уверам дека Бог сака да ЗНАЕ и да се УВЕРИ дека Го сакаме, дека тоа Му е важно, дека Бог е ревнив (љубоморен) Бог, дека има емоции и дека во природата сме исти со Него, по Неговиот образ сме создадени, исти сме во се, само што Он е совршен и во Него нема грев....и во нас ќе нема грев во Рајот и ќе бидеме исти во се со Бог!
Така да и твоите потреби што не знаеш од каде ти се ти се потврда дека сме од Бог создадени!
Не ми е јасно зашто сите кои не сакаат да се соочат со Бог, прашуваат зашто ако знаел Бог што ќе направат Адам и Ева ги создал и такви слични прашања. Види вака, ти сакаш девојка ти/дечко ти да те сака, зашто така ќе и/му наредиш или да те сака од самата/самиот себе? Да те сака заради тоа што си, заради тоа што едноставно те сака?
Исто и Бог има емоции и потреби како и нас, сака да Го сакаме ако самите така решиме, а не да ни нареди, зашто кое тогаш задоволството од љубовта?
Затоа Бог, како добар Татко им кажа на Адам и на Ева дека смеат да јадат од сите плодови освен од знаеме кој плод! Сакаше да го послушаат заради љувота кон Него, меѓутоа сакаше и да се увери во нивната љубов, да види дали е таа љубов вистинска или ќе падне пред првото искушени, на првата лага...
Ти немаш потреба да го испиташ својот партнер дали те сака...или своите деца да знаеш дека те слушаат зашто те сакаат, за не зашто ти се плашат!
Се надевам дека сфати која е ерелацијата на Бог кон сите нас...
А во однос на тоа дека Земјава не е совршена, тоа е последица на гревот што го направија Адам и Ева, со нив и сите ние, межутоа не се секирај ќе ја снема оваа Земја и Бог ќе создаде Ново Небо и Нова Земја, овојпат без присуството на гревот, совршени!
А до што се држиш, до кој факти? Ако си ги учел теориите на МИлер, Фокс и како се викаше третиот не ми текнува во моментов за настанокот на светот се почнува од дождови кои имале цијановодороди од кои потоа се создале јаглехидрати и така натаму до клетка па од таа клетка настанал цел свет? КАко прво мене ме интересира кој ги направил дождовите со цијановодороди и како тоа од една клетка настанале толку многу различни видови на земјата?
Извини мене ова многу повеќе ми личи на приказна, отколку дека Бог како совршено мудар Творец го создал светот.
Без навреда.
Ќе ти одговори Бог на Суден Ден, не се секирај, нема да останеш без одговори...а што се однесува до вакви прашања јас мислам дека се бегања од реалноста дека сме грешни, стравот да се соочиме со нашите гревови, неверувањето дека Бог простува СЕ за што ќе се покаеме, погрешната претстава за Бог дека е полицаец што одвај чека да згрешиме....ова се карактеристики на тој што деноноќно ги обвинува луѓето пред Бог-Сатаната.
Така да не верувај во таков бог, побарај го вистинскиот, вечно Живиот Бог и тогаш нема да ти се замара мозокот со вакви глупости.
Огрооомна нелогичност.
Токму така, ги имам читано. Што е толку чудно во тоа? Научниците имаат создадено вештачки живот. Зошто да не може тоа да се случи по природен пат?А до што се држиш, до кој факти? Ако си ги учел теориите на МИлер, Фокс и како се викаше третиот не ми текнува во моментов за настанокот на светот се почнува од дождови кои имале цијановодороди од кои потоа се создале јаглехидрати и така натаму до клетка па од таа клетка настанал цел свет? КАко прво мене ме интересира кој ги направил дождовите со цијановодороди и како тоа од една клетка настанале толку многу различни видови на земјата?
Извини мене ова многу повеќе ми личи на приказна, отколку дека Бог како совршено мудар Творец го создал светот.
Без навреда.
Dragon[Sky];2161914 напиша:Токму така, ги имам читано. Што е толку чудно во тоа? Научниците имаат создадено вештачки живот. Зошто да не може тоа да се случи по природен пат?
Збориш како свеста да е нешто ау свето. Па и ние сме материја. Нашето тело е составено од водород, азот, јаглерод и што уште не. Само по одредени хемиски реакции се создава свест.
Дождовите од цијановодороди настанале со хемиски реакции. Просто.
И од една клетка под многу различни услови настанале многу различни видови. Повторно, просто.
А како пред појавата на христијанството, значи во почетоците на праисторијата и на историјата никаде не се спомнува бог? Мислиш фосилите од пред многу години се невистинити?
Dobro Lugje jas pred moji oci imam gledano evangelist se molese edna zena ne odese znaci sedum godini bese paralizirana i covekot se molese vo imeto na Isus taa vednas da ozdravi i zenata stana i pocna da go slavi Bog toa bese nesto posebno...Isto na Mama drugarka deteto i bese opsednato od demoni i bese bolnica/ludnica ne znam kade nikoj ne mu pomogna i eden moj drugar koj e golem hristianin se Molese vo imeto na Isus da si odat i verujte deteto od toj Moment zdravo pravo eve go i na skolo pocna da odi i se...
a deteto cesto pati bese tepano od demoni zamislite i toa mu se poznavase eve vekje ima godina i pol deteto e kako novo
E sea do site so se bunat protiv Bog
Iluzija li e ova sto se sluci???
Ili ednostavno Bog e Ziv...Mojot Bog Isus Hristos e Realen i raboti realno samo ako mu dozvolis.
Не сакам ова да се претвори во еристичка вежба. Бог - љубоморен?
Така пишува, но Светото писмо го читаме и разбираме поинаку.
За изворите што ги користам... Не припаѓам на никаква секта, ако ти беше такво мислењето.
Точно знам од каде ми се потребите, а потврда не ми треба. Ова е како што реков изложување на две различни, не спротивни, туку различни мислења.
Dragon[Sky];2161914 напиша:Токму така, ги имам читано. Што е толку чудно во тоа? Научниците имаат создадено вештачки живот. Зошто да не може тоа да се случи по природен пат?
Збориш како свеста да е нешто ау свето. Па и ние сме материја. Нашето тело е составено од водород, азот, јаглерод и што уште не. Само по одредени хемиски реакции се создава свест.
Дождовите од цијановодороди настанале со хемиски реакции. Просто.
И од една клетка под многу различни услови настанале многу различни видови. Повторно, просто.
А како пред појавата на христијанството, значи во почетоците на праисторијата и на историјата никаде не се спомнува бог? Мислиш фосилите од пред многу години се невистинити?
Мислев -пред- тоа.Прво кажи ми од кај ја истресе глупоста дека пред појавата на христијанството не се спомнува Бог? Што е Стариот Завет???
Еј самиот мислам дека не си веруваш на ова што го збориш, за да има една хемиска реакција, мора да има елементи, мора да има услови одредени, кажи ми тоа од каде потекнува...и која глупост ја лупна дека сега направиле живот научниците, па ќе направат имаат се што им треба да за создадат било што...а што имало на почетокот?
Знам дека е тешко да се сфати како Бог се создал, како Он постоел отсекогаш и вечно ќе постои, ама луже ние сите сме ментално ретардирани, користиме само 3% од мозокот, НОРМАЛНО е овие работи да не ни се сфатливи!
Едноставно верувајте, нема што да се изгуби, само да се добие!