Се сомневате ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не е случајно,се е со некоја цел :smir:
 
Секако дека е Бог е најпримамливото решение за сите проблеми, посебно за најголемиот од сите.
Имам некакви сомнежи кои произлегуваат од претставите за божјата промисла кај некои религии. Дали Бог создал совршена вселена, дали ги предвидел несовршеностите на истата (а ги има), дали управува со неа. Да речеме, Бог како совршено моќен и бескрајно добар ентитет би создал луѓе кои не би ја усрале работата (како Адам и Ева), оти како семоќен одсекогаш би знаел дека овие ќа ја оплескаат.
Затоа прашав на кој и на каков Бог се мисли?
И да скратам, се сомневам по малку. Кој е денес цврст во верата?

Не ми е јасно зашто сите кои не сакаат да се соочат со Бог, прашуваат зашто ако знаел Бог што ќе направат Адам и Ева ги создал и такви слични прашања. Види вака, ти сакаш девојка ти/дечко ти да те сака, зашто така ќе и/му наредиш или да те сака од самата/самиот себе? Да те сака заради тоа што си, заради тоа што едноставно те сака?
Исто и Бог има емоции и потреби како и нас, сака да Го сакаме ако самите така решиме, а не да ни нареди, зашто кое тогаш задоволството од љубовта?
Затоа Бог, како добар Татко им кажа на Адам и на Ева дека смеат да јадат од сите плодови освен од знаеме кој плод! Сакаше да го послушаат заради љувота кон Него, меѓутоа сакаше и да се увери во нивната љубов, да види дали е таа љубов вистинска или ќе падне пред првото искушени, на првата лага...
Ти немаш потреба да го испиташ својот партнер дали те сака...или своите деца да знаеш дека те слушаат зашто те сакаат, за не зашто ти се плашат!
Се надевам дека сфати која е ерелацијата на Бог кон сите нас...
А во однос на тоа дека Земјава не е совршена, тоа е последица на гревот што го направија Адам и Ева, со нив и сите ние, межутоа не се секирај ќе ја снема оваа Земја и Бог ќе создаде Ново Небо и Нова Земја, овојпат без присуството на гревот, совршени!

Dragon[Sky];2160330 напиша:
Како што реков, животот како што го знаеме е приспособен за тие услови. Не бил светот одсекогаш ваков, станува збор за еволуција и адаптација. Според мене теоријата на еволуција држи повеќе вода од "Бог го создал светот".
Најлесно е да се каже тоа. А имаш помислено дека сите тие процеси кои што учествувале во почетокот и до сега се многу по-комплицирани од што знаеме и се над наше сфаќање?

А како одговор на темата: Да, многу се сомневам. Јас лично бирам да се држам до факти, не приказни. Без навреда.

А до што се држиш, до кој факти? Ако си ги учел теориите на МИлер, Фокс и како се викаше третиот не ми текнува во моментов за настанокот на светот се почнува од дождови кои имале цијановодороди од кои потоа се создале јаглехидрати и така натаму до клетка па од таа клетка настанал цел свет? КАко прво мене ме интересира кој ги направил дождовите со цијановодороди и како тоа од една клетка настанале толку многу различни видови на земјата?
Извини мене ова многу повеќе ми личи на приказна, отколку дека Бог како совршено мудар Творец го создал светот.
Без навреда.

Edit: simsonovi ili ne, na prasanjeto nemozes da odgovoris.

Ќе ти одговори Бог на Суден Ден, не се секирај, нема да останеш без одговори...а што се однесува до вакви прашања јас мислам дека се бегања од реалноста дека сме грешни, стравот да се соочиме со нашите гревови, неверувањето дека Бог простува СЕ за што ќе се покаеме, погрешната претстава за Бог дека е полицаец што одвај чека да згрешиме....ова се карактеристики на тој што деноноќно ги обвинува луѓето пред Бог-Сатаната.
Така да не верувај во таков бог, побарај го вистинскиот, вечно Живиот Бог и тогаш нема да ти се замара мозокот со вакви глупости.
 
Знаеш, јас едноставно не ги гледам така работите. И не ми е страв да се соочам со Бога. Не ме сфаќај погрешно, но стравот е непотребен.
Сакам да ти укажам дека Господ не е Совесен-судија-од-основен-суд-1-кој-некако-се-стекнал-со-надприродни-моќи-и-станал-Бог. Него не го мачат проблемите што не мачат нас. Секако, јас имам потреба да се уверам дека некоја ме сака, зошто не знам. веројатно ќа сакам да се уверам дека децата ќе ме сакаат и почитуваат и никогаш нема да бидам докрај убеден во некои работи. Јас сум само човек. Бог, кој е совршен, семоќен и сезнаен, нема такви тешкотии.
Да не се повторувам, нешто подолу од местото каде што ме цитираше нашкрабав уште неколку реченици за некои мои сомнежи, не околу природата на Бог, ами околу тоа како некои го разбираат.
 
Дали мислиш дека е случајност што...
од билиони ѕвезди и планети во многуте галаксии, само земјата има живот, и изобилие на живот?

сонцето е 400 пати поголемо од големината на земјината месечина, 400 пати подалеку од земјата отколку месечината, а сепак тие изгледаат и двете пропорционално во иста големина на нашето небо?

сонцето ги осветлува деновите толку јасно, и месечината свети во ноќта нежно и облаците донесуваат дожд за да ги наводни нашите жита, што понатаму донесува храна во твојот стомак?
Живот нема само на Земјата.
Глупо е да мислиме дека од милиони галаксии,само ние го имаме тоа ексклузивно право.
Има многу живот надвор од нашата планета,тоа е докажано и нема смисла да се верува во спротивното,или пак да се убедува некој друг да верува во тоа.
Сонцето е 400 пати поголемо од Месечината,а 400 пати поодалечено од Земјата во однос на Месечината.
Затоа,на нашето небо се гледаат во иста големина,поради оддалеченоста.
Шо има тука сомнително,неможам да разберам.
Дали мислиш дека е случајност што...
птиците во воздухот пеат нежни песни и кучињата покажуваат безусловна љубов?

твоето тело природно заздравува кога ќе се пресечеш, или ќе се поболиш, и престанува?

човекот има недофатливи сетила, наречени емоции, каде чувствуваме љубов, омраза, бес, тага, среќа, возбуда, збунетост, болка, заздравување, и така натаму?
Птиците пеат песни,за да привлечат внимание,за подоцна да можат да најдат партнери за парење.Никаква божествена вмешаност во ова.
А зошто не би заздравувало,и што има толку чудно во тоа?
Ние сме живи организми.
Нашите клетки се размножуваат и умираат.
Обичен процес,како и се во природата.
Чувствата во човекот потекнуваат од нешто,наречено хормони и невро-рецептори и тоа е факт.
Нашата свест и факторите од околината,подоцна во процесот,ги амплифицираат или ги намалуваат(во зависност од условите).
Одново,и тука ништо чудно и божествено.
Дали мислиш дека е случајност што...
има бескрајно многу вкусни овошја, зеленчук, лешници, жита за да се направат вкусни рецепти за да го задоволиме нашиот глад?

има илјадници и илјадници на егзотични чудесни животни на земјата и илјадници повеќе чудесни суштества во морето?

имаш очи и можеш да гледаш, уши па да можеш да слушаш, срце за да чувствуваш, разум за да можеш да мислиш?
Тие овошја се вкусни за нас.
Но кога би биле понудени на некој месојад(тигар на пример),тој нема да ги јаде и за него би биле одвратни.
Вкусот е комплетно релативно прашање,неможеш да го ставаш во некаква апсолутна констатација.
И нормално дека ќе постои нешто што го задоволува нашиот глад,како инаку би преживеале?
Но сепак,доколку тоа не биле работите што ги спомна,би било нешто друго.
Кога нашата основна храна би била трева на пример,тогаш нејзе ќе ја сметавме за вкусна,а се друго за одвратно.
Значи,ние,како човечки суштества,по игра на случајот ја имаме оваа храна.
Би можела да биде било која друга.
Егзотичните животни,се егзотични за нас,бидејќи ние ги перцепираме како такви.
Од нивен аспект,се само обични живи суштества што се трудат да опстанат,ништо повеќе.
Очите и ушите не лажат,и тоа многу.
Разумот,уште повеќе.
Глупаво е да веруваме дека вакви сетила,кои донесуваат толку неточни податоци и се од многу несовршена природа,се дело на некакво совршено битие-ако било така,тоа битие ќе ги направело совршени,според неговото лице,секако.
Дали мислиш дека е случајност што...
има илјадници на заздравени примитивни животни кои што ја докажуваат вистинитоста на пишаното, Светото Писмо?

оние кои имаат вера во Исус се сведоци на чуда, секаде низ светот?

пророштвата на Стариот Завет се веќе исполнети и повеќе продолжуваат да се исполнуваат?
Какви се тие животни што ја докажуваат вистинитоста на Библијата?
Ако мислиш на фосилите,напротив,тие комплетно ја побиваат истата,да не се лажеме.
Оние кои имаат вера во Исус,се сведоци на чуда-можеби.
Но,сведоци на чуда се и оние кои веруваат во Алах,Буда,Шива итн.
Сите религиозни луге се сведоци на чуда,тоа оди заедно со религијата и самосугестијата што ја дава таа.
Кои црни исполнети пророштва?
Ја не гледам ниедно.
Ако се исполнуваа пророштвата,досега Исус требаше да се симне,Земјата да се уништи,ангелите да го победат злото.
Ништо од тоа засега.
Може да се убедуваш самата дека пророштвата се исполнуваат,фактите говорат многу поинаку.
Дали мислиш дека е случајност што...
фармер го засадува семето, но фармерот не прави семето да расте и фармерот никогаш не го креира семето?

овошјата и зеленчукот имаат семе за да можеме да произведуваме повеќе овошја и зеленчук?

на твоето тело му требаат витамини и хранливи материи кои што се наоѓаат во природната храна создадена од Бог како овошја, зеленчук, риба, месо, жито?
Истата работа од погоре.
Се повторуваш и повторуваш,во недостаток од докази.
Дали мислиш дека е случајност што...
се случи да си токму овде, на подфорумот религија и го читаш ова?
Не.
До тоа јас да сум тука,довеле многу различни настани и фактори.
И ниеден од нив не е божествен.
Синхроницитетот на настаните ме довел доттука,а тоа е прилично човечка и земска работа.Ништо божествено во тоа,одново.
А сега,да те прашам јас:
Дали ти се сомневаш?
Дали некогаш,читајќи ги сите работи кои толку цврсто и со докази ја побиваат религијата,не ти доаѓа мисла,дека само можеби,она во што толку силно веруваш е една голема лага?
Размисли за тоа.
Кога убаво ќе ги разгледаш доказите,без страв од никаква Божја Казна,која секако не постои,ќе видиш дека живееш во една голема илузија.
all the best.
 
Знаеш, јас едноставно не ги гледам така работите. И не ми е страв да се соочам со Бога. Не ме сфаќај погрешно, но стравот е непотребен.
Сакам да ти укажам дека Господ не е Совесен-судија-од-основен-суд-1-кој-некако-се-стекнал-со-надприродни-моќи-и-станал-Бог. Него не го мачат проблемите што не мачат нас. Секако, јас имам потреба да се уверам дека некоја ме сака, зошто не знам. веројатно ќа сакам да се уверам дека децата ќе ме сакаат и почитуваат и никогаш нема да бидам докрај убеден во некои работи. Јас сум само човек. Бог, кој е совршен, семоќен и сезнаен, нема такви тешкотии.
Да не се повторувам, нешто подолу од местото каде што ме цитираше нашкрабав уште неколку реченици за некои мои сомнежи, не околу природата на Бог, ами околу тоа како некои го разбираат.

Мора да те прашам уште ова-врз основа на што го имаш замислено Бог? Од кој извор ги црпиш знаењата за природата на Бог?
Зашто јас можам со аргументи Божјото Слово да те уверам дека Бог сака да ЗНАЕ и да се УВЕРИ дека Го сакаме, дека тоа Му е важно, дека Бог е ревнив (љубоморен) Бог, дека има емоции и дека во природата сме исти со Него, по Неговиот образ сме создадени, исти сме во се, само што Он е совршен и во Него нема грев....и во нас ќе нема грев во Рајот и ќе бидеме исти во се со Бог!
Така да и твоите потреби што не знаеш од каде ти се ти се потврда дека сме од Бог создадени!
 
Зашто јас можам со аргументи Божјото Слово да те уверам дека Бог сака да ЗНАЕ и да се УВЕРИ дека Го сакаме, дека тоа Му е важно, дека Бог е ревнив (љубоморен) Бог, дека има емоции и дека во природата сме исти со Него, по Неговиот образ сме создадени, исти сме во се, само што Он е совршен и во Него нема грев....
Огрооомна нелогичност.
Ние сме исти според Бог и според неговиот лик сме создадени,а сепак он е совршен а ние не сме?!?!?!
Како може тоа,кога сме исти со него,не разбирам.
И какво совршено суштество без грев е тоа,кога во себе гае љубомора?
И на крај,нели Бог е семоќен?
Ако сака да знае дали го сакаме,тогаш само тоа треба да го види во нас,веројатно може да го направи тоа во својата семоќност.
Зошто би ни поставувал некакви замки,само за да дознае некоја работа,кога може да ја осознае на многу помирољубив и помалку агресивен начин.
Од ова што го гледам,Бог е садистичко,љубоморно,грешно битие.
Многу далеку од совршеноста што се прокламира.
Не сакам да имам таков Бог,стварно.
 
Мора да те прашам уште ова-врз основа на што го имаш замислено Бог? Од кој извор ги црпиш знаењата за природата на Бог?
Зашто јас можам со аргументи Божјото Слово да те уверам дека Бог сака да ЗНАЕ и да се УВЕРИ дека Го сакаме, дека тоа Му е важно, дека Бог е ревнив (љубоморен) Бог, дека има емоции и дека во природата сме исти со Него, по Неговиот образ сме создадени, исти сме во се, само што Он е совршен и во Него нема грев....и во нас ќе нема грев во Рајот и ќе бидеме исти во се со Бог!
Така да и твоите потреби што не знаеш од каде ти се ти се потврда дека сме од Бог создадени!

Не сакам ова да се претвори во еристичка вежба. Бог - љубоморен?
Така пишува, но Светото писмо го читаме и разбираме поинаку.
За изворите што ги користам... Не припаѓам на никаква секта, ако ти беше такво мислењето.
Точно знам од каде ми се потребите, а потврда не ми треба. Ова е како што реков изложување на две различни, не спротивни, туку различни мислења.
 
Не ми е јасно зашто сите кои не сакаат да се соочат со Бог, прашуваат зашто ако знаел Бог што ќе направат Адам и Ева ги создал и такви слични прашања. Види вака, ти сакаш девојка ти/дечко ти да те сака, зашто така ќе и/му наредиш или да те сака од самата/самиот себе? Да те сака заради тоа што си, заради тоа што едноставно те сака?
Исто и Бог има емоции и потреби како и нас, сака да Го сакаме ако самите така решиме, а не да ни нареди, зашто кое тогаш задоволството од љубовта?
Затоа Бог, како добар Татко им кажа на Адам и на Ева дека смеат да јадат од сите плодови освен од знаеме кој плод! Сакаше да го послушаат заради љувота кон Него, меѓутоа сакаше и да се увери во нивната љубов, да види дали е таа љубов вистинска или ќе падне пред првото искушени, на првата лага...
Ти немаш потреба да го испиташ својот партнер дали те сака...или своите деца да знаеш дека те слушаат зашто те сакаат, за не зашто ти се плашат!
Се надевам дека сфати која е ерелацијата на Бог кон сите нас...
А во однос на тоа дека Земјава не е совршена, тоа е последица на гревот што го направија Адам и Ева, со нив и сите ние, межутоа не се секирај ќе ја снема оваа Земја и Бог ќе создаде Ново Небо и Нова Земја, овојпат без присуството на гревот, совршени!

А до што се држиш, до кој факти? Ако си ги учел теориите на МИлер, Фокс и како се викаше третиот не ми текнува во моментов за настанокот на светот се почнува од дождови кои имале цијановодороди од кои потоа се создале јаглехидрати и така натаму до клетка па од таа клетка настанал цел свет? КАко прво мене ме интересира кој ги направил дождовите со цијановодороди и како тоа од една клетка настанале толку многу различни видови на земјата?
Извини мене ова многу повеќе ми личи на приказна, отколку дека Бог како совршено мудар Творец го создал светот.
Без навреда.

Ќе ти одговори Бог на Суден Ден, не се секирај, нема да останеш без одговори...а што се однесува до вакви прашања јас мислам дека се бегања од реалноста дека сме грешни, стравот да се соочиме со нашите гревови, неверувањето дека Бог простува СЕ за што ќе се покаеме, погрешната претстава за Бог дека е полицаец што одвај чека да згрешиме....ова се карактеристики на тој што деноноќно ги обвинува луѓето пред Бог-Сатаната.
Така да не верувај во таков бог, побарај го вистинскиот, вечно Живиот Бог и тогаш нема да ти се замара мозокот со вакви глупости.

Super, znaci i ti begash od odgvorot na prasanjeto.
A bog ke ti sudi i na tebe eden den. Isti kurac.
Na kraj kraeva, mene ke mi sudi mojot bog, tebe tvojot, tvojot e pogolem kloshar, taka da veruvam deka ke go jadesh poishe od mene.

[kazano laicki,nali]

Огрооомна нелогичност.

Logikata ne im e omilena stvar na vernicite.
 
А до што се држиш, до кој факти? Ако си ги учел теориите на МИлер, Фокс и како се викаше третиот не ми текнува во моментов за настанокот на светот се почнува од дождови кои имале цијановодороди од кои потоа се создале јаглехидрати и така натаму до клетка па од таа клетка настанал цел свет? КАко прво мене ме интересира кој ги направил дождовите со цијановодороди и како тоа од една клетка настанале толку многу различни видови на земјата?
Извини мене ова многу повеќе ми личи на приказна, отколку дека Бог како совршено мудар Творец го создал светот.
Без навреда.
Токму така, ги имам читано. Што е толку чудно во тоа? Научниците имаат создадено вештачки живот. Зошто да не може тоа да се случи по природен пат?
Збориш како свеста да е нешто ау свето. Па и ние сме материја. Нашето тело е составено од водород, азот, јаглерод и што уште не. Само по одредени хемиски реакции се создава свест.

Дождовите од цијановодороди настанале со хемиски реакции. Просто.
И од една клетка под многу различни услови настанале многу различни видови. Повторно, просто.

А како пред појавата на христијанството, значи во почетоците на праисторијата и на историјата никаде не се спомнува бог? Мислиш фосилите од пред многу години се невистинити?
 
Dragon[Sky];2161914 напиша:

Не бе не , грешно си разбрал тие несе толку стари колку шо ти мислиш,тоа го напраил оној шо јаде многу лук де речиго гаволот,кој нели бог го создал атој бог се знае и како ли само успеала негова креација дамуја открие тајната нели бог е сезнаен и семожен мистерии колку сакаш:tapp::pos2:
 
Многу погрешно и провидно се гледа на работите.
Тоа што постои воопшто не значи дека е сосема нормално и едноставно. Човекот е навикнат на одредени работи во својот живот и не ги перцепира како чуда. Ни научниците кои цел животен век го посветуваат на одредена облас нема да се дрзнат да кажат: Еј па ова е многу лесно ова е нормално нема тука никаква мистерија.

Никој од тие научници до сега ја нема објаснето причината за настанокот на животот.

Се околу вас е чудо зарем не сваќате, излезета надвор погледнете околу себе, зарем мислите дека тоа се случило како random ефект сета природа, целиот живот, нашата планета и целиот универзум?

Замислете каква е реакцијата на новороденото бебе што за прв пат го восприема овој свет.
Премногу сме навикнати премногу седиме во фотељи и стискаме по тастатурите или гледаме тв.
Не сме создадени за тоа, отворете ги очите малку.
 
Dobro Lugje jas pred moji oci imam gledano evangelist se molese edna zena ne odese znaci sedum godini bese paralizirana i covekot se molese vo imeto na Isus taa vednas da ozdravi i zenata stana i pocna da go slavi Bog toa bese nesto posebno...Isto na Mama drugarka deteto i bese opsednato od demoni i bese bolnica/ludnica ne znam kade nikoj ne mu pomogna i eden moj drugar koj e golem hristianin se Molese vo imeto na Isus da si odat i verujte deteto od toj Moment zdravo pravo eve go i na skolo pocna da odi i se...

a deteto cesto pati bese tepano od demoni zamislite i toa mu se poznavase eve vekje ima godina i pol deteto e kako novo

E sea do site so se bunat protiv Bog
Iluzija li e ova sto se sluci???
Ili ednostavno Bog e Ziv...Mojot Bog Isus Hristos e Realen i raboti realno samo ako mu dozvolis.
 
ти ова сериозно ?? или сметаш дека има доволно глупави да веруваат во тоа? ако еден збор од ова кажаново е точно до сега ке крекаа сите попови на сите телевизии! иначе имам постирано за такви исцелители, има еден мој пост иди погледни го!
 
Не сакам ова да се претвори во еристичка вежба. Бог - љубоморен?
Така пишува, но Светото писмо го читаме и разбираме поинаку.
За изворите што ги користам... Не припаѓам на никаква секта, ако ти беше такво мислењето.
Точно знам од каде ми се потребите, а потврда не ми треба. Ова е како што реков изложување на две различни, не спротивни, туку различни мислења.

Хахахаха не мислев на секта, туку ако не си направил ниеден чекор за да Го запознаеш Бог, како знаеш каков е...поентата ми беше за да знаеш каков е Бог треба да се посветиш на читање на Библија...таму имаш се за Бог.
Не ми се вади те молам со читање и разбирање поинаку, навистина има мноооогу симболика во Светото Писмо, меѓутоа некои работи се така како што се напишани...така Бог вика немој да имаш друг Бог совен мене, зашто Господ Бог е ревнив Бог (ова е парафразирано), исто како што ти би и рекол на својата жена, немој да имаш некој друг, зашто те сакам и тоа многу ќе ме повреди, јас сум љубоморен!
И тоа не е емоција? Тоа не е нешто што не прави слични со Бог?
Убаво е да имаме различни мислења, за да се најдеме некаде...и би било убаво секој еден што го негира Бог или спори со Него прво да го запознае, за да има аргументи, иако тоа е процес што трае цел живот.

Dragon[Sky];2161914 напиша:
Токму така, ги имам читано. Што е толку чудно во тоа? Научниците имаат создадено вештачки живот. Зошто да не може тоа да се случи по природен пат?
Збориш како свеста да е нешто ау свето. Па и ние сме материја. Нашето тело е составено од водород, азот, јаглерод и што уште не. Само по одредени хемиски реакции се создава свест.

Дождовите од цијановодороди настанале со хемиски реакции. Просто.
И од една клетка под многу различни услови настанале многу различни видови. Повторно, просто.

А како пред појавата на христијанството, значи во почетоците на праисторијата и на историјата никаде не се спомнува бог? Мислиш фосилите од пред многу години се невистинити?

Прво кажи ми од кај ја истресе глупоста дека пред појавата на христијанството не се спомнува Бог? Што е Стариот Завет???
Еј самиот мислам дека не си веруваш на ова што го збориш, за да има една хемиска реакција, мора да има елементи, мора да има услови одредени, кажи ми тоа од каде потекнува...и која глупост ја лупна дека сега направиле живот научниците, па ќе направат имаат се што им треба да за создадат било што...а што имало на почетокот?
Знам дека е тешко да се сфати како Бог се создал, како Он постоел отсекогаш и вечно ќе постои, ама луже ние сите сме ментално ретардирани, користиме само 3% од мозокот, НОРМАЛНО е овие работи да не ни се сфатливи!
Едноставно верувајте, нема што да се изгуби, само да се добие!
 
Мислев -пред- тоа.
И да, за хемиска реакција мора да има елементи и услови, ама не сфаќам што имаат врска овие елементи и услови со бог, едноставно биле. Да беа различни условите, различни ќе беа елементите.
А за тоа како направиле... веќе реков, ние од што сме напраени? Од материја. Едноставно имаш материја и ги манипулираш условите.

И токму тоа што го рече, користиме само 3% од мозокот и сме ограничени е причината што многу луѓе веруваат, зашто е најлесно така да се објасни. Јас лично одбивам до верувам во нешто без докази затоа што е најлесно за објаснување. Не мора да сфатам како се случило се тоа ама нема да се лажам себеси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom