Земјоделство = крпеница живот (за тука).
2 години добро ти иде , третата ќе се заебеш ќе го истуриш производот во некој автопат при протести заради немање пласман или ниска цена.
Мислиш добро ти иде , земаш кредит , купуваш крави , и на крај џабе работа , млекото не ти го плаќаат , па отиде куќата после , куку леле не зајебија , а ни рекоа дека од сега понатаму млекото нема да се истури на улица.
Што правиме со селата кои имаат по 3-4-5 илјади жители , а немаат ни еден индустриски погон , кај да најдат сите земја за работа ? ќе им остане по пола хектар , со пола хектар не можеш да произведеш ни за сопствени потреби а не за заработувачка.
Гледаш тутуно производителите продаваат по 1 тон тутун = 3000 евра (со се субвенции) , минус трошоци = да речеме 2400 евра , месечно целото семејство заработило 200 евра , но не заборавај , ЦЕЛО семејство вклучено во работата , најмалку 4 члена , значи месечна заработувачка по еден работник е 50 евра, ако немаш 4 члена или ќе треба сам да работиш како коњ и да умреш на 50 години или да земеш работник , и да ја намалиш придобивката.
Значи во Македонија не е само да се работи , пошто можеш да работиш и пак да немаш. Што ако живееш во скапана куќа изградена пред 50 години , имаш синови за женење? Станот ти кошта 40.000 евра , куќата 100.000 (во Скопје ти се 3 пати по скапи). Кај да фатиш кај да се утепаш , со тутун ли куќа ќе направиш, ќе направиш ако имаш во наследство 10 хектари земја.