Значи до тие што живеат во скопје и што не излегле од град цел живот мислејќи дека само скопје е држава. Не си видел бе ти мочко што е сиромаштија бидејќи во скопје сите богаташи си живеат или имаат имот.(стан/куќа)
Нормално е во главниот град вработенсота да биде најголема, таму е државниот апарат - министерства, градска општина, плус останатите општини си имаат свои администрации, амбасади, театри и пун курац други институции или народски кажано работни места. Што не идеш до Берово на пример да видиш таму како е економијата, 50% од населението е вработено во општина, полиција, војска. 10% работаат во продавници и кладилници останатите 40% се на улица со 0% месечни примања. Со душа чекаат да дојде некој странец и да поправа нешто по дома па да земат амалска дневница од 1000 денари.
Тетово со толкава индустрија(Тетекс, Југохром, единство, и еден куп фирми со по 50-100 вработени) има невработеност од 30%. Еве јас имам завршено Англиски јазик па веќе 4 година како сум дома и покрај напорите да најдам работа, секаде креваат раменици.
Во оваа држава се функционира преку партиите и тоа ако си во партија и плус си близок со некој повисок партиски функционер можеш да добиеш вработување и тоа да заработиш едвај 300 евра. Со толкава плата да тргаш секој месец настрана по 100 евра за една година ќе заштедиш 1200 евра, за 10 години, 12,000 евра за 40 години работен стаж заработуваш 48,000 евра, значи цел живот да штедиш неможеш да си купиш стан, кој во просек е 60,000 евра.
Е сега дај ми причина зошто да живеам тука кога цел живот ќе си го посветам на плаќање даноци и полнење на партиските каси.