Се имате ли онесвестено?

  • Креатор на темата Креатор на темата Alley
  • Време на започнување Време на започнување
Се немам онесвестено ама сум била у присуство на една другарка шо се онесвести. Не би сакала да ми се случи. Другарка ми си има скршено рака при онесвестување кога имала 5 или 6 години не памтам точно.
 
Се иам 2 пати онесвестено на кратко...Еднаш кога возев точак со брзини (првпат) и мислев дека кочницата ми е на контра а пред мене човек и стубче...
А другиот пат од трема додека пеев во хор ми падна шеќерот и се изгубив на момент...Битно тепавме :)
 
Еднаш. Имав палома во мене, излегов од дома, значи точно на сред улица почнав да го дувам носов толку силно шо се онесвестив. Среќа не е некоја фреквентна улица, па еден другар ме видел одма и ништо страшно. Станав и ојдовме на торта, мајка му прајт уба торта со бисквити и банани.
 
Еднаш не бев јаден 3 дена, а праев физичка работа и бап 3-4 секунди... Како да си заспал, скоро исто ми беше само што црно ми се гледаше пред да се онесвестам.
 
Еднаш, на фудбал.. паднав многу лошо на глава.. и се онесвестив...
 
Јас се немам онесвестено десега, ама еднаш за малку ќе се онесвестев и од таму го знам чувството. Тоа беше кога дарував крв и не требаше веднаш да станувам од креветот ама јас станав и се ми се сврти во главата, почувствував голема топлина на телото, ми се губеше слухот и видот ама веднаш легнав, испив течности и пак се вратив во нормала.
 
Немам се онесвестено и не сакам да се онесвестам во идно време:)
 
Ми се случило еднаш. Многу непријатно ... Баш на Илинден минатата година ми се стемни и немав сили да мрднам барем до кревет...Паднав во кујната и сум имала среќа што не скршив глава...Се повратив по некое време и се чуствував како да сум спиела само што бев на под. пред тоа баш супер се чуствував. Не кажав на никој бидејќи ми паничат мн по дома па веднаш ќе кренеа узбуна. Сестра ми имаше период кога постојано паѓаше во несвест поради проблеми со жлездите па повеќе се исплашив од реакцијата на домашните отколку од тоа што ми се случи. Мислам дека не погрешив...Не ми се случи повторно. :pipi:
 
Еднаш у сред Теранова :) хахаха ме тераа да се испружам на полиците, главна фаца бев тогаш.... уфф невр аген, ептен гадно чувство.
 
до сега ми се нема слуцено да се онесвестам и сум среќна за тоа :wink:
 
Еднаш...Кога си испробував дејство на седативи сама врз себе (what a kewl thing to do).

И тоа, се онесвестив на проба кај дизајнерката шо ми го праеше фустанот за матура. Онака со игли на материјалот, сум си треснала на земја.
И појма неам ни колку време, ни како.
Од срам, онака уше у бунило, брже боље глеав да си отидам од салонот.
 
се имам онесвестено на тренинг не бев јадена а имавме јак кондиционен тренинг и...ја наземја...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom