Bertone
Автомобилски Дизајнерски Гуру
- Член од
- 1 октомври 2007
- Мислења
- 808
- Поени од реакции
- 6
- Возраст
- 39
Покрај НСДП се формира друга партија од СДСМ Партија на Слободни Демократи.
Основачко Собрание на Партијата на Слободни Демократи

Се појави нов политички субјект во земјава. Во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа основачко Собрание на Партијата на Слободни Демократи. За нејзин птретседател е избран поранешниот претседател на македонското Собрание Љупчо Јордановски. Во Извршниот Одбор на партијата влегоа повеќе поранешни членови на СДСМ мегу кои и актуелниот пратеник Кире Гештакоски. Тој најави дека во парламентот ќе настапува како независен пратеник, но ќе ги застапува интересите на Слободните Демократи.
„Во парламентот ќе делувам независно, но ќе ја бранам програмата на ПСД. Верувам дека и други пратеници ќе го направат овој чекор“, изјави Гештаковски по завршувањето на основачкото Собрание на новата партија.
Новиот претседател Јордановски рече дека очекува сите слободоумни луѓе да им се придружат во партијата, која според него, ќе дејствува во центарот.
„Формиравме нова партија, зошто трудот што го вложивме во СДСМ можеме многу подобро да го искористиме за доброто на граѓаните. Ние се сметаме за партија од центарот и како таква ќе дејствуваме . Ги повикуваме слободоумните луѓе во земјава да ни се придружат“, рече Јордановски.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто не се присутни Владо Бучковски и Есад Рахиќ, тој рече:
„Факт е дека Рахиќ и Бучковски не се присутни. Дојдоа тие што сакаа да дојдат и да работат за новата партија“.
ПСД ја усвои Програмската платформа и Статутот, а Извршниот Одбор доби задача да организира прво Собрание на партијата.