Еве драги мои, како почнаа некои работа во нашава држава...пиздарии да не речам од една партија која денес е пред распаѓање...СДС.
Да се потсетиме.
Соња Николовска - менаџер на годината, Зоран Заев - градоначалник на годината, Владо Бучковски - миротворец на годината!
Историјата на СДСМ се повторува. Како прв човек на Струмица, Зоран Заев беше прогласен за градоначалник на годината од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) кога со неа раководеш е поранешниот градоначалник на Карпош Андреј Петров од СДСМ. Сопственич ката на пропаднатата пирамидална штедилница ТАТ, Соња Николовска, два месеци пред пропаѓањето на штедилницата, од тогашниот претседател на РМ Киро Глигоров беше прогласена за најуспешен менаџер на годината. Да не го заборавиме миротворецот на годината, Владо Бучковски, обвинет за афера од три милиони евра
Сопственичката на пропаднатата пирамидална штедилница ТАТ, Соња Николовска, два месеци пред пропаѓањето на штедилницата, од тогашниот претседател на РМ Киро Глигоров беше прогласена за најуспешен менаџер на годината. Неполни 60 дена потоа, изби аферата и пропадна штедилницата. Во маратонските судски процеси, Соња Николовска беше осудена на 3 години и 10 месеци затвори, кои ги одлежа. Во 2003 година се појави во канцеларијата на скопскиот адвокат Игнат Панчевски и побара правна помош. Тој го прифатил ангажманот, бидејќи Николовска му донела записници, формулари и видео-касети, кои досега не биле објавени на судските процеси.
"Тогашниот гувернер на НБМ Борко Станоевски и двајца банкарски функционери во битолски банкарски подружници се главни виновници за уништувањето на ТАТ, каде имало над 30 милиони марки капитал", сметаше застапникот на Николовска.
Бившиот заменик-гувернер Томе Неновски, беше осуден на две години затвор за ТАТ, поради злоупотреба на службената положба и вмешаност во најголемата финансиска афера во Македонија. Неновски првпат беше уапсен во март 1997 година, по банкротот. Беше обвинет за уништување на документите. За време на притворањето на Соња Николовска во периодот од 7 до 9 март 1997 година полицијата предводена од Диме Ѓурев од МВР и Коста Томовски од СВР Битола, од куќата на Николовски во фамозните три црни вреќи наводно ги ставиле и тајните тетратки во кои Соња пишувала вересии и исплати на рака, злато кое го земала како хипотека за краткорочни заеми, златен и сребрен накит и други скапи подароци.
За време на судскиот процес беше споменато дека златото во актовка било затворено во сеф на Заводот за платен промет, но оттогаш никој не знае каде тоа завршило. А вештаците не ја утврдија деталната содржина на црните вреќи затоа што рабушот на Соња не го сметаа за валиден банкарски документ. Николовска заедно со нејзиниот сопруг Стерјо, преку својот застапник скопскиот адвокат Кирил Смичковски упатија и писмено барање до МВР за враќање на златото и накитот што им биле одземени и ставени во фамозните три црни вреќи веднаш по објавувањето на пропаста на штедилницата. Содржината на трите вреќи до денес никој не ја расветли.
По притворањето на струмичкиот градоначаник Зоран Заев пак, вработените во Општинската администрација и Јавното комунално претпријатие "Комуналец" решија да ги казнат сите граѓани, без разлика дали гласале за Заев или не. Тие си седат на своите места, но не ги извршуваат работните задачи. Решија вака да протестираат се до ослободувањето на градоначалникот и неговите соработници. Од Синдикатот на општинската администрација велат било невозможно без градскиот татко и неговата екипа да функционираат општинските служби. И вработените во "Комуналец" останаа во кругот на фирмата. Не излегоа да го соберат сметот, ниту да ги исчистат улиците. Најавија дека за време на протестот ќе ги извршувале само погребалните услуги и ќе интервенираат само кај поголемите дефекти во водоводната мрежа.
Кривичните пријави за злоупотреба на службените овластувања поднесени против градоначалникот на Струмица Зоран Заев, четворица негови соработници и сопственикот на фирмата соинвеститор во изградбата на трговскиот центар Глобал во Струмица, меѓудругото, се засновани на незаконската изградба на трговскиот центар на државно земјиште за кое се водат и постапки за денационализација, на незаконска постапка за јавни набавки, на неисполнувањето на законските услови фирмата да ја добие работата за неговата изградба, како и на незаконската продажба на дуќани од страна на изведувачот пред да потпише договор за соинвеститорство со општината. Се товарат за злоупотреба на службена положба и овластувања, како и за противправна имотна корист во висина од 7.800.000 евра.
Како прв човек на Струмица, Зоран Заев беше прогласен за градоначалник на годината од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) кога со неа раководеше поранешниот градоначалник на Карпош Андреј Петров од СДСМ.
Не треба да го заборавиме и екс премиерот Владо Бучковски, кој беше одликуван како миротворец на годината 2005 од анонимна невладина организација, а е обвинет во афера тешка 3 милиони евра, за набавка на резервни тенковски делови за потребите на АРМ!