СДС - Историјата од ТАТ, преку Бучко, се повторува преку ЗЗ

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Веб-сајт
nacionalist.blog.com.mk
Еве драги мои, како почнаа некои работа во нашава држава...пиздарии да не речам од една партија која денес е пред распаѓање...СДС.

Да се потсетиме.

Соња Николовска - менаџер на годината, Зоран Заев - градоначалник на годината, Владо Бучковски - миротворец на годината!

Историјата на СДСМ се повторува. Како прв човек на Струмица, Зоран Заев беше прогласен за градоначалник на годината од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) кога со неа раководеш е поранешниот градоначалник на Карпош Андреј Петров од СДСМ. Сопственич ката на пропаднатата пирамидална штедилница ТАТ, Соња Николовска, два месеци пред пропаѓањето на штедилницата, од тогашниот претседател на РМ Киро Глигоров беше прогласена за најуспешен менаџер на годината. Да не го заборавиме миротворецот на годината, Владо Бучковски, обвинет за афера од три милиони евра

Сопственичката на пропаднатата пирамидална штедилница ТАТ, Соња Николовска, два месеци пред пропаѓањето на штедилницата, од тогашниот претседател на РМ Киро Глигоров беше прогласена за најуспешен менаџер на годината. Неполни 60 дена потоа, изби аферата и пропадна штедилницата. Во маратонските судски процеси, Соња Николовска беше осудена на 3 години и 10 месеци затвори, кои ги одлежа. Во 2003 година се појави во канцеларијата на скопскиот адвокат Игнат Панчевски и побара правна помош. Тој го прифатил ангажманот, бидејќи Николовска му донела записници, формулари и видео-касети, кои досега не биле објавени на судските процеси.
"Тогашниот гувернер на НБМ Борко Станоевски и двајца банкарски функционери во битолски банкарски подружници се главни виновници за уништувањето на ТАТ, каде имало над 30 милиони марки капитал", сметаше застапникот на Николовска.

Бившиот заменик-гувернер Томе Неновски, беше осуден на две години затвор за ТАТ, поради злоупотреба на службената положба и вмешаност во најголемата финансиска афера во Македонија. Неновски првпат беше уапсен во март 1997 година, по банкротот. Беше обвинет за уништување на документите. За време на притворањето на Соња Николовска во периодот од 7 до 9 март 1997 година полицијата предводена од Диме Ѓурев од МВР и Коста Томовски од СВР Битола, од куќата на Николовски во фамозните три црни вреќи наводно ги ставиле и тајните тетратки во кои Соња пишувала вересии и исплати на рака, злато кое го земала како хипотека за краткорочни заеми, златен и сребрен накит и други скапи подароци.

За време на судскиот процес беше споменато дека златото во актовка било затворено во сеф на Заводот за платен промет, но оттогаш никој не знае каде тоа завршило. А вештаците не ја утврдија деталната содржина на црните вреќи затоа што рабушот на Соња не го сметаа за валиден банкарски документ. Николовска заедно со нејзиниот сопруг Стерјо, преку својот застапник скопскиот адвокат Кирил Смичковски упатија и писмено барање до МВР за враќање на златото и накитот што им биле одземени и ставени во фамозните три црни вреќи веднаш по објавувањето на пропаста на штедилницата. Содржината на трите вреќи до денес никој не ја расветли.

По притворањето на струмичкиот градоначаник Зоран Заев пак, вработените во Општинската администрација и Јавното комунално претпријатие "Комуналец" решија да ги казнат сите граѓани, без разлика дали гласале за Заев или не. Тие си седат на своите места, но не ги извршуваат работните задачи. Решија вака да протестираат се до ослободувањето на градоначалникот и неговите соработници. Од Синдикатот на општинската администрација велат било невозможно без градскиот татко и неговата екипа да функционираат општинските служби. И вработените во "Комуналец" останаа во кругот на фирмата. Не излегоа да го соберат сметот, ниту да ги исчистат улиците. Најавија дека за време на протестот ќе ги извршувале само погребалните услуги и ќе интервенираат само кај поголемите дефекти во водоводната мрежа.

Кривичните пријави за злоупотреба на службените овластувања поднесени против градоначалникот на Струмица Зоран Заев, четворица негови соработници и сопственикот на фирмата соинвеститор во изградбата на трговскиот центар Глобал во Струмица, меѓудругото, се засновани на незаконската изградба на трговскиот центар на државно земјиште за кое се водат и постапки за денационализација, на незаконска постапка за јавни набавки, на неисполнувањето на законските услови фирмата да ја добие работата за неговата изградба, како и на незаконската продажба на дуќани од страна на изведувачот пред да потпише договор за соинвеститорство со општината. Се товарат за злоупотреба на службена положба и овластувања, како и за противправна имотна корист во висина од 7.800.000 евра.

Како прв човек на Струмица, Зоран Заев беше прогласен за градоначалник на годината од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) кога со неа раководеше поранешниот градоначалник на Карпош Андреј Петров од СДСМ.

Не треба да го заборавиме и екс премиерот Владо Бучковски, кој беше одликуван како миротворец на годината 2005 од анонимна невладина организација, а е обвинет во афера тешка 3 милиони евра, за набавка на резервни тенковски делови за потребите на АРМ!
 
Зашто шириш вакви дезинформации ти се молам :nesvest:Па навистина треба да си менаџер или градначалник на годината ,за да можеш толкава сума на пари да здиплиш !
Е сега другите шо се неспособни истото да го направат, никој не им е крив :nesum:
 
До кога бре националист ке лажеш или тоа ти е партика задача а??????,Прво вчера наводните сопственици на земјиштето си видоа( а знаеја ) дека имаат земено и тоа дебели пари и тоа прво од експропријација па после и од денацијонализација на земјиштето значи наплатиле ДАВАПАТИ,второ Заев и соработниците не се товарат за проневера на никакви ПАРИ,ЧИСТА ЛАГА, трето сметот се собран а лугето само се потсетија како беше кога градоначалник беше КИРИЛ ЈАНЕВ ОД ДПМНЕ кој ја купи пола Струмица ...Ајде ЗЕЛС го прогласил ,па СИТЕЛ го прогласи за НАЈ СПОРТСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК,СОВЕТОТ НА ЕВРОПА и тие ли се комуњари,Струмица овааа година е прогласена за најеколошки град ,од Министерството за ЕКОЛОГИЈА и тоа ли е наместено,Од Европскиот центар за развој на региони и од него, ОПШТИНА СТРУМИЦА ИМА најмногу поднесено и прифатено проекти од фондовите кои ги финансира ЕУ И ТАМУ ЛИ ИМА ОД СДСМ ,,само може да си пукнете од мака ЗЛОБНИ И УМОБОЛНИ БУГАРОФИЛЧИЊА ОД ДПМНЕ ,ПАРАВДА ЗА ПРАВЕДНИТЕ, ЅВЕЗДЕНИОТ ГРАД СИ ЈА НАЈДЕ СВОЈАТА ЅВЕЗДА ПОД ЕВРОПСКОТО НЕБО
 
Имаше во Елфаско еднаш една добра мисла која гласеше
Зашто секој што одите во затвор се нарекува "познат македонски бизнисмен":toe:
 
ЗНАЧИ ГРУЈО КЕ БИДЕ БИЗНИСМЕН НА ДЕЦЕНИЈАТА:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Во целата сдс историја постои еден и единствен светол момент а тоа е кога на партиските ограноци Бучко пред нова година наместо календари им прати своја слика.:vozbud:
 
Читам и не ми се верува.
Националист конечно успеја да напише нешто, без да спомне, сељак, комуњар и југоносталгичар.
И таман помислив дека дечкото го сменил начинот на изразување, и во иднина ќе може добри дискусии да кршиме...
Коа...отварам вечер...?
И гледам...истиов текст.
Арно видов во колку саатот е отворена темава, иначе ќе почнев да се сомневам, дека вечер краде авторски текстови од кајгана...па ќе го известев админот, ако не друго, барем процент да им бара.

Инаку за воља на вистината, авторот на темава, напишал и негови пет/шест збора....на почетокот:
Еве драги мои....пиздарии...

И така националист, за во иднина да не се иде до збунка, текстовите од весниците кога ќе ги копираш, стави извор, или линк од цитатот.
На пример вака :
Извор : Вечер

Или Евентуално:

http://vecer.com.mk/?ItemID=A90A408539A2C441AE6DF884F1FBDBD2
 
а чушки ќе биде портпарол на зајче за заслуги на форум
 
Прво вчера наводните сопственици на земјиштето си видоа( а знаеја ) дека имаат земено и тоа дебели пари и тоа прво од експропријација па после и од денацијонализација на земјиштето значи наплатиле ДАВАПАТИ.ima li vistina vo ova?
 
Редовен читател ми е реалниов, многу се радувам кога ми реплицира...

И навистина, за некои работи имаше право, во неколку наврати користев изрази кои можеби не се долични, меѓутоа не гледав друг начин да ја покажам големината на мојот гнев кога масата на народ се манипулира на така лесен начин во цели кои не се познати ни во афричките земји (пример прекинатиот културен концерт од група пијандури кои сметале дека без ЗЗ не треба да се свири музика во Струмица).

Не ми е целта да се пукаме преку тастатури и да се вреѓаме и пишуваме имиња. Мораме еднаш засекогаш да ги тргнеме знамињата на партиите кои ни висат над глава, и наместо да веруваме во некои конспирации и договори, да размислуваме со ладни глави...

И да, заборавив да го внесам линкот од Вечер, моја искрена грешка, морам да брзам бидејќи не сум вработен во државната администрација па да го имам сето време на светот...
 
Многу јак концерт беше тоа. 6 луге горе на сцена, а долу во публика 4. Ептен јак концерт беше прекинат.:tapp:
 
Многу јак концерт беше тоа. 6 луге горе на сцена, а долу во публика 4. Ептен јак концерт беше прекинат.:tapp:

:oftopic: : Јас доагам од ѕвездениот град, и наша најсветла ѕвезда е Зоран Заев - a da pobaras niz makedonskiot pravopis i da vides vo tvojot potpis kolkava pecatna greska imas ?
 
До кога бре националист ке лажеш или тоа ти е партика задача а??????,Прво вчера наводните сопственици на земјиштето си видоа( а знаеја ) дека имаат земено и тоа дебели пари и тоа прво од експропријација па после и од денацијонализација на земјиштето значи наплатиле ДАВАПАТИ,второ Заев и соработниците не се товарат за проневера на никакви ПАРИ,ЧИСТА ЛАГА, трето сметот се собран а лугето само се потсетија како беше кога градоначалник беше КИРИЛ ЈАНЕВ ОД ДПМНЕ кој ја купи пола Струмица ...Ајде ЗЕЛС го прогласил ,па СИТЕЛ го прогласи за НАЈ СПОРТСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК,СОВЕТОТ НА ЕВРОПА и тие ли се комуњари,Струмица овааа година е прогласена за најеколошки град ,од Министерството за ЕКОЛОГИЈА и тоа ли е наместено,Од Европскиот центар за развој на региони и од него, ОПШТИНА СТРУМИЦА ИМА најмногу поднесено и прифатено проекти од фондовите кои ги финансира ЕУ И ТАМУ ЛИ ИМА ОД СДСМ ,,само може да си пукнете од мака ЗЛОБНИ И УМОБОЛНИ БУГАРОФИЛЧИЊА ОД ДПМНЕ ,ПАРАВДА ЗА ПРАВЕДНИТЕ, ЅВЕЗДЕНИОТ ГРАД СИ ЈА НАЈДЕ СВОЈАТА ЅВЕЗДА ПОД ЕВРОПСКОТО НЕБО

Spored NACIONALIST ova se sho go kazha e cista spekulacija i bi glaselo vaka:

Kiril Janev e proglasen za najpatriot i najdobar gradonacalnik svemira i Strumica, opshtina strumica bila najbogatata opshtina vo cel balkan koga bil Kiril Janev...imalo gjubre i smet kaj sho bil Global ama mirisalo ubavo :pos2:....Ukral pari ama mu dal na strumicani na narodot...Zoran Zaev ja ispokrade cela vlada i go napravil Global i lazhel za donaciite a nagradata ne mu ja dodeluvala Evropa tuku partiskite shtabovi od SDSM :je:A posle sudskiot proces so nego ke izleze spored NACIONALIST deka Zaev gi platil tie shto go tuzat da tresat gluposti na sudot so parite sho gi ispokrade od narodot i im go perel mozokot na Strumicani :tv:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom