Сапиосексуалност

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе бидам искрен, за терминот и самиот слушнав пред само неколку дена, откако една другарка ме нарече така... Во почетокот не знаев дали да го сфатам како навреда или комплимент, но потоа ми објасни што се подразбира под тој термин.
Раскажував за една девојка која според мене беше само една од многуте (руса коса, сини очи, тренди, манекенски став, или обична шмизла, според мојот жаргон), но пред неколку недели имав шанса да ја запознаам малку подобро, почнав да ја гледам со други очи.
Причина? Па, ме изненади со нејзините сфаќања за светот и начинот на размислување. Иако сè надворешно кај неа укажуваше на шмизла, нејзините карактерни особини вреска: NERD!
И ми стана мнооооогу попривлечна од порано.
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација? :D
Да речеме дека вакво нешто постои и ти стварно си сапиосексуалец - имам тогаш едно прашање за тебе: кој повеќе те привлекува, Опра Винфри или Џесика Алба на пример??
 
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација? :D
Хм....еволуцијата си има свои чудни начини.
Којзнае, можеби во некоја поблиска или подалечна иднина, кога вештачката интелегенција ќе и конкурира на човечката, ќе можеме да го видиме раѓањето на борговите. :)
 
Опра е паметна? :icon_lol:
има големи цицки а тоа е исто ко и да е паметна.
Јас ги фаќам женските и на феноменалната интелигенција и на неописивата убавина.
нема кај да бегаат.
 
Опра е паметна? :icon_lol:
Епа се мислев за некоја паметна жена али ниедна не ми текнуваше :icon_lol: па ја пишав Опра како најуспешна...
 
610x.jpg



DAT INTELLIGENCE !
 
Ќе бидам искрен, за терминот и самиот слушнав пред само неколку дена, откако една другарка ме нарече така... Во почетокот не знаев дали да го сфатам како навреда или комплимент, но потоа ми објасни што се подразбира под тој термин.
Раскажував за една девојка која според мене беше само една од многуте (руса коса, сини очи, тренди, манекенски став, или обична шмизла, според мојот жаргон), но пред неколку недели имав шанса да ја запознаам малку подобро, почнав да ја гледам со други очи.
Причина? Па, ме изненади со нејзините сфаќања за светот и начинот на размислување. Иако сè надворешно кај неа укажуваше на шмизла, нејзините карактерни особини вреска: NERD!
И ми стана мнооооогу попривлечна од порано.
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација? :D
Лошо е кога ќе си ја дознаеш сексуалната ориентација на 26 години...уште полошо е кога ќе дознаеш зошто некои луѓе си ги сметал за непривлечни.А тоа ми се случува во моментов...Dreamer you just shaked my world,I feel like confused teen thank you very much!:D
 
Ова го објаснува фактот како Ана-никол смит се омажи за стариот.
Американци за се имаат објаснување и поим со што се опишува некоја појава.
Замисли поим, Ракијасексуалност е однесување кај индивидуата која е заљубена од слатката насмевка на неговата љубов и тоа слатката насмевка најмногу го возбудува.
Инаку Ракија на персиски значи слатко.
 
Секси сум според темава сам на себеси.
 
Next "intelligence before beauty" story please...
 
Доволно е само убава да биди, а за паметна јас ќе ја научам како да размислува нема проблем.
 
Сапиосексуалност:cautious:

Останува само да се види дали во иднина ќе се одржуваат сапиосексуални паради и сигурно ќе се појави некое движење на ниско интелегентни луѓе кое ќе се обидува да им покаже на овие првиве дека се неморални:свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom