Сапиосексуалност

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Возраст
33
Ќе бидам искрен, за терминот и самиот слушнав пред само неколку дена, откако една другарка ме нарече така... Во почетокот не знаев дали да го сфатам како навреда или комплимент, но потоа ми објасни што се подразбира под тој термин.
Раскажував за една девојка која според мене беше само една од многуте (руса коса, сини очи, тренди, манекенски став, или обична шмизла, според мојот жаргон), но пред неколку недели имав шанса да ја запознаам малку подобро, почнав да ја гледам со други очи.
Причина? Па, ме изненади со нејзините сфаќања за светот и начинот на размислување. Иако сè надворешно кај неа укажуваше на шмизла, нејзините карактерни особини вреска: NERD!
И ми стана мнооооогу попривлечна од порано.
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација? :D
 
Прв пат слушам за ваква сексуалност и искрено ми изгледа како утешна награда за грди или импотентни.
Изгледот нека не е битен интелигенцијата би била привлечна и сексуална само ако се развила во некаков перверзен правец.
Секако според мене...
 
Банирани од тема поради глупи коментари кои ја уништуваат темата. Ако не ви се дискутира, не пишувајте, бидете само пасивни читачи. Он топик: Вие нема да привлечете никој сапиосексуален, ако тоа сакавте да го постигнете со смајлињата.
 
И јас обожавам да .бам некого у здрав мозок...
Како и да е интелигенција е општа образованост е доста секси...но, не единствана работа кој ме привлекува карактер и секси газе исто многу битна работа.
 
Привлекува до некој степен , али неможе да се мери со физичкиот изглед ;)
 
сега у ноово време има збор за секаков тип, и можеш лесно да филтрираш карактери. Некоја е ео-еа-сексуалена, друга е иаом-секс-уалена, хомо-момо-сексуалени... сапиосексуалени... тоа му дојде нешто како збнак у хороскоп, и одма сваќаш што тип/типка е. Е тешко на тие што уште немат измислено збор за нив, или постои збор ама они не се свесни дека се блабла-сексуални. Па мора да објаснуваат во повеќе реченици што ги пали.
 
Јас сум против сапиосексуалците. Не е природно. Се знае, природата го направила човекот да бара единка за секс со најдобри перформанси кои ќе ги пренесе на потомството и ќе овозможи адаптирани и вклопени индивидуалци. А не, како овие трчаат кон некој кој е паметен, а тоа не значи дека е и генетски способен, адаптиран и фит, всушност поголема е шансата да не е, оти ако бил таков не би се свртил на нердување.
 
Тоа може да е подгрупа на одредена сексуалност но не и вистинска сексуалност. Научниците утврдиле дека постојат 3 основни видови на сексуалност: хетеросексуалност, хомосексуалност (м со м и ж со ж) и бисексуалност. Се останато е или фетиш или подкатегорија на некоја базична сексуалност.
 
Ова во никој случај не важи за мажи. Жена може Ајнштајн да биде, ако не го привлекува физички шанса нема кај него. Девојчево тебе ми се чини ти фатило око физички, ама не си можел да ја поднесеш од предрасуда. Откако си направил муабет ти дошло ко кец на десетка.:)

Кај жени барем од мое искуство и на мои блиски, машка интелегенција и тоа како знае да надомести физичка убавина. Ми се случило човек да ме извади од патики со муабет, а ни најмалку не сум можела да се замислам со таква личност. Никогаш не би го ни забележала на прв поглед. Јас пре би одбрала паметен човек покрај мене отколку слика. Дури може смешно звучи, ама убави мажи ме плашат. Во поголем дел од случаите се арогантни, површни и поставуваат критериуми за партнер кои се невозможни. Нивно освојување е само трошење енергија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom