Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Кога веќе на форумот има теми за т.н диктатори си зедов за слобода да отворам тема за овој малку познат диктатор.
Имено Сапармурат Нијазов или Туркменбаши беше претседател на Туркменистан, диктатор и ексцентрик (подолу ќе следува повеќе околу овој особено интересен аспект на неговото владеење)...
Сапармурат Атајевич Нијазов (туркменски: Saparmyrat Ataэewiз Nyэazow) (19 февруари 1940 - 21 декември 2006) бил најмоќниот човек во Туркменистан од 1985 сѐ до 2006. Нијазов бил познат како Сердар Сапармурат Туркемнбаши Велики или само Туркменбаши.
Нијазов бил еден од најавторитарните диктатори во светот кој своите лични ексцентричности ги наложува на државно ниво, иако во земјата многу луѓе го сметаа за голем водач на нацијата.
Од рана возраст Нијазов бил сирак бидејќи татко му загинал борејќи се против Германците во Втората Светска војна, а остатокот од неговото семејство загинало во големиот земјотрес во Ашхабат во 1948. Пред да се пресели во домот на еден далечен роднина, тој бил воспитуван во советски дом за сираци. Во 1962 Нијазов се зачленил во Комунистичката Партија каде бргу напредувал и дошол на чело на Комунистичката Партија на Туркменистан (подоцна Демократска Партија на Туркменистан) во 1985 по симнувањето на претходниот генерален секретар, Мухамед Гапусов од страна на советскиот лидер Михаил Горбачов заради малверзации со памук. Нијазов, како лидер на КПТ го поддржувал пучот против Михаил Горбачов во 1991 и успеал да ја задржи власта во земјата и по распадот на СССР. Тој станал првиот и до сега единствениот „претседател“ на Туркменистан. .
На 22 октомври 1993 Нијазов се самонарекол Туркменбаши, што значи „Водач на сите етнички туркмени“ по примерот на Кемал Ататурк. На 29 декември 1999 Нијазов е прогласен за Доживотен претседател од страна на владата.
Нијазов починал ненадејно од срце на 21 декември, 2006. Наследен од Курбангули Бердимухамедов. Извор.
Одиме на интересните аспекти на неговото владење:
Како доживотен претседател на Туркменистан, Нијазов има издадено повеќе необични декрети:
Чергичето на Сапармурат
Туркменистанскиот претседател Сапармурат Нијазов побара од парламентот да ги смени имињата на месеците и деновите. Ваквата идеја Нијазов ја објаснува со потребата Туркменистан да им се врати на своите корени. Сапармурат предлага (читај: наредува) јануари да се прекрсти во туркменбаши во чест на претседалот на државата (читај: Сапармурат Нијазов), април ќе добие име во чест на неговата мајка, јуни ќе биде именуван според лојалниот командант на туркменистанската армија, септември ќе се вика Рукама што е наслов на една книга на Сапармурат и слично. И деновите ќе се викаат поинаку: понеделник ќе биде главен ден, вторник - млад ден, среда - омилен ден, четврток - благословен ден, петок нема да се преименува (ваљда не му текнувало на Сапармурат што да стави за петок), сабота ќе биде дуовден а недела легачки ден.

- забрана за спикерите да се шминкаат, бидејќи Нијазов имал потешкотии да разликува маж од жена.
- забрана за плејбек пеење.
- во декември 1999 - на секој ученик, студент, војник и офицер да му се додели часовник со сликата на претседателот Нијазов под сказалките по повод Нова Година.
- во април 2001, забрана на балетот операта, бидејќи Нијазов смета дека тие „не се дел од Туркменистанската култура“.
- во 2001, забрана за младичите да носат бради и долги коси.
- во јуни 2001, недржавјани на Туркменистан мораат да платат $50,000 доколку сакаат да се оженат со Туркменистански државјани.
- во 2002 Нијазов го преименувал лебот од постоечкото име чорек кој е изворен туркменски збор, во Гурбансолтан еџе по неговата мајка.
- во август 2002 Нијазов ги редефинирал фазите во животот со што адолесценцијата трае до 25, а староста започнува на 85 (објаснето подолу.)
- во 2004 - како дополнение на возачката дозвола секој возач мора да положи тест за моралитет.
- во март 2004 - отпуштање на 15 000 здравствени работници во јавните установи
- во април 2004 Нијазов ги посоветувал младите дека не треба да ставаат злато или забни навлаки во вилицата, туку треба да џвакаат коски за да им бидат здрави забите
- во февруари 2005 Нијазов наредил да се затворат сите болници вон Ашхабат со објаснение дека кој е болен треба да може да дојде во главниот град; Нијазов исто така ги затворил и сите селски библиотеки во Туркменистан од причина што „обичниот Туркменистанец и така не чита книги“.
- во ноември 2005 Нијазов им наредил на лекарите да се колнат во него, а не во Хипократовата заклетва.
- во декември 2005 Нијазов ги забранил видео игрите како многу насилни.
- во јануари 2006 руските медиуми објавиле дека Нијазов им ги укинал пензиите на 1/3 од пензионерите и им ги намалил на другите 2/3, а згора на тоа и побарал од сите нив да ѝ ги вратат на државата сите пензии што ги примиле во последните 10 години. Ова резултирало во смртта на многу пензионери, бидејќи оскудните пензии им биле единствениот приход. Туркменистанските власти велат дека овие обвиненија се невистинити и имаат за цел да ја зацрнат туркменистанската влада.
Чергичето на Сапармурат
Претседателот на Туркменистан Сапармурат Нијазов најверојатно слушнал за македонската изрека 'Пушти си ги нозете колку што ти е долго чергичето' па решил веќе никогаш да нема проблеми со истегнуивањето на своите долни екстремитети. Имено, на Нијазов неодамна му е испорачан килим голем околу 300 квадратни метри и тежок околу 1 тон! Килимот е изработен по нарачка на самиот претседател а на него, цели 8 месеци работеле 38 жени. Килимот е прошаран со цитати на Нијазов, баш како што му личи на секој кич диктатор. Луѓето од Гинисовата книга на рекорди изјавија дека килимот на туркменистанскиот претседател наскоро ќе биде вброен во нивната листа. На Нијазов му останува да му се радува на своето килимче, барем додека на жена му не и текне дека е време за негово тресење на шипка пред зграда.
Туркменистанскиот претседател Сапармурат Нијазов побара од парламентот да ги смени имињата на месеците и деновите. Ваквата идеја Нијазов ја објаснува со потребата Туркменистан да им се врати на своите корени. Сапармурат предлага (читај: наредува) јануари да се прекрсти во туркменбаши во чест на претседалот на државата (читај: Сапармурат Нијазов), април ќе добие име во чест на неговата мајка, јуни ќе биде именуван според лојалниот командант на туркменистанската армија, септември ќе се вика Рукама што е наслов на една книга на Сапармурат и слично. И деновите ќе се викаат поинаку: понеделник ќе биде главен ден, вторник - млад ден, среда - омилен ден, четврток - благословен ден, петок нема да се преименува (ваљда не му текнувало на Сапармурат што да стави за петок), сабота ќе биде дуовден а недела легачки ден.
. имам чуено за Сапармурата и знам дека ги променил имињата на месеците, ама другово...