Сапармурат Нијазов

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Ufff, kolku samo e potrebno ova i kaj nas...:toe:

Не, не...
Кај нас стрелачки вод треба да се подготви за таков прекршок.
Јас се пријавувам за стрелба ако треба, ама првин да ги водам певаљките на распит во соба.:)
 
Во Ашхабад се демонтира споменикот на Сапармурат Нијазов - Туркменбаша

Ашхабад, 17 јуни 2010 (МИА) - Во главниот град на Туркменистан, Ашхабад денеска почна демонтирање на 75-метарската „Арка на неутралноста“.

Арката е висока 63 метри, а врз неа поставена е 12-метарската златна статуа на поранешниот претседател на Туркменистан, Сапармурат Нијазов - Туркменбаша (татко на Туркменците).

Споменикот е изграден во 1998 година во близина на претседателската палата, на која Туркменбаша е со крената рака на горе. Статуата со посебен механизам го следеше сонцето.

img70840648.jpg

По демонтирањето на споменикот во јужниот дел од Ашхабад ќе се изгради повторно „Арка на неутралноста“, но за 20 метри повисока од претходната. Предвидено е споменикот да биде украсен со симболите на петте туркменистански племиња, како и со грбот и знамето на земјата.

Сапармурат Нијазов почина во 2006 година. Тој беше првиот претседател на независен Туркменистан, а по неговата смрт почна да се намалува и култот кон неговата личност. Неговото име беше отстрането од химната, неговите фотографии беа трганти од административните згради, беа променети имињата на месеците и деновите кои го носеа неговото име и името на неговата мајка. Неговите книги, кои беа прогласени за свети почнаа ограничено да се изучуваат во училиштата. Нијазов ги укина балетот и циркусот, дури и вградувањето златни заби, го укина Министерството за правда и формираше Министерство за праведност.

Нијазов од декември 1999 година беше прогласен за доживотен претседател на државата и Туркменбаши, чија позиција ги обединува и претседателската и премиерската функција, како и функцијата врховен командант на армијата.

Туркменистан е единствената држава во централна Азија која има статус на неутралност, потврдена и со внатрешното законодавство и во меѓународни документи. Нијазов по распадот на Советскиот Сојуз и формирањето на Заедницата на Независни Држави заземаше само позиција на набљудувач, бидејќи неговата земја не прифати половина од документите на постсоветската интеграција, па дури ниту Договорот за колективна безбедност од 1992 година.

Во Туркменистан, кој се граничи со Казахстан, Узбекистан, Авганистан и Иран, а на Каспиското Море и со Азарбејџан, се проценува дека се наоѓаат 30 проценти од светските резерви на природен гас. Резервите на природен гас во Туркменистан се проценети на 26 трилиони метри кубни, а на нафта две милијарди метри кубни.

извор
 
Нијазов беше дефинитивно најлудиот диктатор. Да нема дилема, кога велиме луд се мисли буквално и тоа дибидуз. Туркмените проплакаа за време на неговото владеење.

Порано имавме и друга, поопширна тема за типов со многу интересни податоци но се изгуби некаде.

Не ќе е лошо да повториме неколку кои укажуваат на степенот на лудило. Имено, Нијазов наредил да се градат најбизарни градби, дворци, огромни аквариуми и статуи, итн. Еден од дворците требало да биде направен од мраз, демек “видете не - чудете се’’ што би рекле Галичани. Проблемот е што Туркменистан е една од најтоплите земји на светот плус во дел е пустиња. Такви градби од мраз има во северните држави, вкл. и во поранешниот СССР на кој припаѓаше Туркменистан, но во пустињска клима можете да замислите како се чувствувале архитектите на кои им претеле “санкции’’ или смрт доколку не успеат да ја спроведат наредбата. Да не збориме што ептен бедниот народ сето тоа морал да го плати.

Треба да му срушат се живо на Нијазов, или ако остават нешто тоа да биде симбол никогаш повгторно да не му се даде можност на еден дибидуз луд човек да владее.


Р.Ѕ. Тоа за неутралноста на Туркменистан во горниот текст ме насмеа. Се прешалтуваат од руска во американска орбита, а каде ќе завршат само Господ знае.
 
Back
На врв Bottom