Самоубиство!

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Реков дека постојат секти кои организираат масовни самоубиства а не дека сите секти и култови организираат масовни самоубиства а за тоа колкав е вкупниот број на самоубијци во споредба со оние секташите не знам.
 
Присуствував на едно предавање по философија пред 5-6 години и ми остана в глава една мисла, нешто во стилот: - Не е човек тој што не помислил на самоубиство.

Ама дали некој знае чија беше таа мисла? Тотално ми избледе името на дотичниот философ или кој и да беше.
 
Дури и во време кога твојот живот не прави разлика повеќе, сеуште би било точно дека твојот живот баш направил разлика -- дека историјата на универзумот е подобра благодарејќи на тебе.

Еве да кажеме за волја на аргументот дека вредноста е субјективна: нешто е вредно само ако постои личност која го перципира како вредно. Тогаш во најмала рака, твојот живот е значаен се додека некој чувствува дека е. Твојот живот би бил битен се додека човечката раса би била битна. Но ако сонцето еден ден исчезне и сите умрат во тој процес, тогаш ништо не би било битно. Се разбира, дури и во тоа време, сеуште би било точно дека во минатото твојот живот бил битен.
Па се заедно, можеш да кажеш (ако ги држиш своите напори прави) дека дури и во апокалиптична иднина, се уште би било добро што си живеел.
 
Пред 2 години една моја комшивка се фрли од дома од тераса зашто мајка и не ја пуштила да иде на одмор, или не и давала пари. Многу убава девојка беше 17 години имаше. И тоа све се случи на минута пред ја да дојдам до кај неа дома. Страшна работа и чудна матер му ебем како може да ти падне на памет да направиш нешто такво у момент. И она да ми кажеше дека ке се убие немаше да и верувам.
 
Имаше на ОнНет добра мисла: „Многу луѓе не се самоубиваат од страв што ќе кажат комшиите...“
 
Дрн дрн дрн. Ако некој уште е убеден дека единствената причина за самоубиство е „пичкање“ и одење контра на розевото „животот е убав“.
 
Дрн дрн дрн. Ако некој уште е убеден дека единствената причина за самоубиство е „пичкање“ и одење контра на розевото „животот е убав“.

Мал придонес кон муабетов...
place_tienanmen-f2248.jpg

Самоубиство, свесно застанување пред тенк за да се докаже поента и да се истера идеологија.
 
Дрн дрн дрн. Ако некој уште е убеден дека единствената причина за самоубиство е „пичкање“ и одење контра на розевото „животот е убав“.

Пффф сега споредуваш баби и жаби. Сепуку се прави кога самурајот ке ја изгуби честта, и не сака да живее со срамот(многу голема работа во тоа време). Камиказите го даваат својот живот за нешто поголемо од нив, затоа и се наречени камикази. Ками = господ, Казе = ветер. И на овој последниов као божемски му дале избор за самоубиство, тој бил мртов како и да е.

Светот можеби не е розов, ама сигурно не е ни црн. Фрлање на животот поради тоа што немале пари во моментот, живеат на улица итн итн, се мизерни причини, ако се потрудиш, со време ќе добиеш "нормален" живот, ако се убиеш таа шанса ја немаш.
Во темава се зборува токму за овие вторите не за самураи, и втора светска војна.
И немојте со приказните кога ќе го допреш дното ќе видиш колку е тошко, тешкото е релативен поим од човек до човек, моментот кога ќе го допреш дното, знаеш дека од тука можеш само нагоре да одиш.

Ама се повеќе и повеќе станува наородот збир од мивки, кои се откажуваат на првиот чекор од напор.
 
Како што пишуваш и ти, тешкото е релативен поим од човек до човек . Секоја планина си има своја тежина. И цената на честа на еден самурај е (била) релативна работа, дури и во Јапонија.
А за самоубиствата кои се вообичаени денес, т.е. за оние кои решиле да се фрлат од ххх кат оти им здосадил животот, не може туку така, од ракав, да се изведе некаква дефиниција со која сите ќе бидат ставени во еден кош.
Луѓето посегнуваат кон себе од најразлични причини, во различни периоди во својот живот. Ги има во сите општествени слоеви и интелектуални профили. Можеби самоубиството е последица на големиот расчекор меѓу потребите, желбите и можностите што денешниот живот ги нуди, односно ги одредува. Можеби е и последица на се поголемото оддалечување од нормалниот начин на живеење и секојдневниот стресен обид за обезбедување на каква - таква егзистенција, или пак се` е поради лошото домашно воспитување, па поради тоа загубата на еден или повеќе блиски, фатална болест или крајна сиромаштија за некого се доволен мотив. Се е можно. Не секој самоубиец е плачипи.ка која ако малку се потрудела ќе се спасела. Некои од нив, не сите, едноставно се довеле или биле доведени до таква состојба на духовна и душевна исцрпеност, во која според нивниот ментален склоп и начин на размислување самоубиството всушност :lud: е единствен логичен излез.
Инаку народот не е збир од мивки, туку постојана жртва на збир од мивки
кои за жал никако не се решаваат на самоубиство.
 
да си го одземеш животот за некоја будала или за нешто што и вака и така може да се реши НЕЕЕЕ:nenene: баш е убав животот и сепак е еден и вреди да се доживее и да се види и проба се, нормално дека не е секогаш се мед и млеко али јбг живот:):icon_bigg
 
Go osuduvam toj cin,toa za mene e psihicko poremetuvanje i rastrojstvo ,na tie lugje treba da im se pomogne so vreme pred da posegnat po svojot vizot,licno smetam deka vo toj moment ni oni samite ne se svesni deka si go odzemaat zivotot,samo bolen um spored mene moze da posegne po sopstveniot zivot :toe:
 
Секој си одговара за својот живот , сам свој газда е , така има и право да си го одземе кога ќе посака , а најголеми муда треба за тоа .. крајно решение за привремен проблем :toe:
 
...според мене, крајно осетлива и многу нормална личност може да биде доведена во таква очајна ситуација, а ја доведуваат болните и бесчувствителни умови со психичко пореметување и растројство...(ги исклучувам религиозните самоубиства)...:toe:
 
Секој си одговара за својот живот , сам свој газда е , така има и право да си го одземе кога ќе посака , а најголеми муда треба за тоа .. крајно решение за привремен проблем :toe:

Најголеми муда, и да им се наместото на мозокот ! :)
 
Добро кажано : секој сам свој газда.
Но сепак убиството го сметам како кукавички акт за обид да се побегне од проблемите.
Па и да има еден милион причини поради кои би го направил некој тоа, не го оправдувам.
Еден е животот, ни го дале да го живееме храбро со кренати глави, покрај се, а не како плачипи*ки да бегаме од него. :toe:
Можда во моментов не размуслувам правилно, никогаш незнаеш што им се врти на тие луѓе во глава и како се осеќаат, но сепак...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom