A
ateist
Гостин
ЗАД ЦРТАТА
21.11..2006.
Пред некој ден во весниците имавме можност да прочитаме дека земјите од регионот конечно, во 2006 година, го достигнале бруто општествениот производ што го имале 1989 година. Седумнаесет години, значи - лет во место. Милиони загубени работни места. Милијарди државен и општествен капитал криминално слеани во приватни џебови. Растурени општества. Огромни стапки на пораст на убиства, самоубиства, корупција, грабежи... Црните хроники се преселија на насловните страници.
Но, и на поширок источноевропски план, транзицијата главно остави пустош зад себе. Само во новите дванаесет членки во ЕУ (без балтичките земји) помеѓу 1990 и 2000 беа изгубени 10,5 милиони работни места, што одговара на вкупно невработените во Полска. Порастот на стапката на смртност исто така беше драматичен. Според една студија на УНИЦЕФ, во цела источна Европа во 1993 починале 1,4 милиони луѓе повеќе отколку во 1989 година. “Транзиционата смртност” е драстично зголемена и низ зголемувањето на бројот на самоубиствата, како и низ повеќекратно зголемениот број на загинати во сообраќајни несреќи.
http://www.kontrapunkt-mk.org/kontra/kolumna/2006/2006-11-21.htm