Самоубиството го гледам како вештачко помагање на природната селекција: преживуваат силните и здравите. Го оправдувам како право на избор, и уште повеќе, сметам дека државата треба да им помогне на решителните самоубијци да стигнат до целта. Така ќе се искоренат уценувачите со главен аргумент "ќе се убијам", а бројот на репетитивни неуспешни самоубијци ќе се намали на нула. Со планета пред колапс заради пренаселеност и недостаток на ресурси, ова е прилично разумна стратегија.
Најдобрите преживуваат, така некако?
А како го замислуваш она дека државата треба да им помогне на решителните самоубици?
И каква е таа под-категорија решителни самоубици, воопшто?
Зарем не сметаш дека самоубиството е повеќе како очаен повик за помош, отколку чин на омраза кон животот?
Особено кога се работи за репетитивни неуспешни самоубици.
Инаку, ако се водиме по твојата екстремно дарвинистичко-спартанска логика, тогаш би требало да се најде начин да се "отстранат" од земјава и сите луѓе кои се хендикепирани, ретардирани, ментално оболени и сл. Затоа што, не се силни и здрави де.
Конечно, дали доколку некој твој близок, или твое дете, би се обидело да се самоубие, не би направила се што е во твоја моќ да го спасиш?
Пошто некако ми делува дека сиве овие спартански карактери ко тебе, се такви само кога се работи за другите, но не и за нив самите и оние кои им значат.
Барем на мене, таквата логика ми делува сурово.
elena_e напиша:
Некаде имам слушнато дека самоубиствата всушност се УСПЕШНИ ОБИДИ ЗА САМОУБИСТВО и дека личноста која на пр. ќе рипне од тераса, во тие неколку секунди и поминува целиот живот пред очи и се ќе даде да се врати горе.
Дивајн напиша:
Болдираното неможам да го разберам што значи ... до мене е?
А тоа наредното, дека секој би го вратил тој момент, повеќе е логично отколку теорија која некаде некој ја слушнал.
Она се мало збунила
Веројатно мислела на тоа дека секој се покајува за чинот, и дека да можел би се вратил и не би го направил тоа.
Сепак, само моја интерпретација, би било убаво elena_e да дообјасни.
Инаку се слагам со тебе дека тоа е повеќе теорија, некоја слободна претпоставка, евентуално точна во некои случаи.
Не ми се верува дека секој кој се самоубил, се покајал во моментите на чинот.