Самоубиство!

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Dzish напиша:
Можам да речам само едно нешто НЕ-АРНИНИ. Да се самоубие човек е најглупата работа на свет што може да ја направи. Искрено тие што прават вакви работи прават за публицитет или некакви глупи причини.
Добро ова го напиша чисто колку да напишеш нешто? Проба ли барем малку да размислиш околу причините за нечие самоубиство??
Го прават тоа за публицитет...Кој публицитет побогу?Само славни личности ли се самоубиваат?
Викаш или некои глупи причини...Доста длабоко и одржано, нема што:tapp:
Напишав во некои свои претходни постови, и ќе кажам пак...Самоубиците ниту се кукавици, ниту се не-арни ко што ти ги нарече. Со тоа само покажуваш тотално неосновани предрасуди и безчувствителност за туѓата болка.
Нема човек кој туку-така се откажува од сопствениот живот, а уште помалку за да привлече внимание или за некоја друга тривијална причина. Знаеш ли у каков очај треба да си за да одиш против инстиктот за одржување во живот(еден од човековите најсилни инстикти, патем). Затоа се дур не си почувствувал таква агонија и безизлез на сопствена кожа(ти посакувам ни ти, ни било кој друг да не осети такво нешто), немој толку лесно да судиш, и онака, ради-реда, без посериозно да се осврнеш, да ги вреѓаш.
Нормално дека не оправдувам самоубиство и не го сметам за излез, али не можам ни најмалку да ги разберам оние кои ги плукаат луѓето кои се самоубиле.

Lady напиша:
Samoubistvoto e sostojba na afekt, blokada na svesta, nemoznost za rasuduvanje......Rezultat na talog na doziveani frustracii...
Jas VOOPSTO ne go opravduvam kako cin, sekoj problem e resliv bez da se ostavat stresovi i traumi za najbliskite:toe:
Не секое самоубиство е резултат на нештата кои ги наброја...Не се самоубиваат сите затоа што у некој момент им паднал "мрак пред очи", па ако малку подобро размислеле би ја промениле одлуката. Треба да прифатиме дека на некои луѓе едноставно проблемите не им изгледаат решливи. Може и да пројдат години барајќи решение, но едноставно не се способни да го препознаат. Ние може да се згрозуваме од таквиот чин до илјада и една и назад, но залудно. Да треба да се обидеме да им помогнеме, но некогаш се доаѓа до точката каде што неопходно е да ги "пуштиме". На крајот од краиштата, секој одлучува за сопствениот живот.
 
Само најхрабрите и најулавите се осудуваат! Сум имала такви "црни" мисли ама не ми држи га*от, ни па ќе ми држи некогаш!
 
Самоубиството е кукавичен акт за кој е потребна храброст. Секоја индивидуа различно реагира на дадени ситуации.Но замислете, не дај боже, да ми умрит цела фамилија, пријатели, да останам без некој дел од телото, па да сум врзана за стол, само да вегетирам, сама, па да немам дом.. Би имало смисла тогаш моето живеење? Дадов многу груб пример, ама намерно, за да ги разграничам поимите самоубиство од кукавичлак поради слабост, и самоубиство за скратување на страдање кое само би се зголемувало со тек на време.
 
Za samoubistvo ne e potrebna hrabrost, potrebno e stradanje.:star:
 
Самоубиството е кукавичен акт за кој е потребна храброст. Секоја индивидуа различно реагира на дадени ситуации.Но замислете, не дај боже, да ми умрит цела фамилија, пријатели, да останам без некој дел од телото, па да сум врзана за стол, само да вегетирам, сама, па да немам дом.. Би имало смисла тогаш моето живеење? Дадов многу груб пример, ама намерно, за да ги разграничам поимите самоубиство од кукавичлак поради слабост, и самоубиство за скратување на страдање кое само би се зголемувало со тек на време.
Прво... твојата констатација дека самоубиството е "кукавичен акт за кој е потребна храброст" е контрадикторна. Мејк ап јор мајнд.

Следно, дали според тебе има легитимни и нелитимни самоубиства? Одредено пропишано ниво на болка после кое одземањето на сопствениот живот е оправдано? Кукавичлак, слабост и сл. се многу релативни термини. Секој има свој праг на толеранција. Значителен број од луѓето кои извршуваат самоубиство страдаат од клиничка депресија, што значи дека не станува збор за никаква слабост, туку за болест. Градација помеѓу оние кои имале право да се самоубијат и оние кои тоа право според тебе го немаат е во најмала рака несоодветна.

Sith
 
PSYtisfaction напиша:
Никој не ве прашува дали го оправдувате или не.
Никој од вас нема право на суд, оправдувам/не оправдувам. Вас може да ви звучи како лудо, бесмислено, глупо, кукавичко и не знам какво, ама право на суд и одлука за еден живот има единствено оној кој го живее истиот, и никој не смее да му се меша во изборот или да му суди.

Никој од вас не го доживеал она што го доживеале самоубијците пред да си го одземат животот, затоа не можете да зборите. Од кај знаете што им поминувало низ глава? Од кај знаете низ што се не поминувале и самите? Од кај знаете со што морале да се справат и колку бил силен секој од нив да го преживее истото?

Да се најдете и самите некогаш во таква ситуација, не знам дали вака исто ќе размислувате.

Ја само ќе кажам дека секој има право да одлучува што ќе направи со сопствениот живот; и колку што е самоубиството акт на слабост и кукавичлук, според некои од вас, толку е и акт на храброст. :toe:
И ти немаш право да ни судиш нас!
Тоа е мој личен став и јас имам право на тој мој став а не ти, и не го наметнав на друг за разлика од тебе!
Тоа дали некој ме прашал или не исто така е моја работа:toe:
 
Sith_Lord напиша:

Прво... твојата констатација дека самоубиството е "кукавичен акт за кој е потребна храброст" е контрадикторна. Мејк ап јор мајнд.

Следно, дали според тебе има легитимни и нелитимни самоубиства? Одредено пропишано ниво на болка после кое одземањето на сопствениот живот е оправдано? Кукавичлак, слабост и сл. се многу релативни термини. Секој има свој праг на толеранција. Значителен број од луѓето кои извршуваат самоубиство страдаат од клиничка депресија, што значи дека не станува збор за никаква слабост, туку за болест. Градација помеѓу оние кои имале право да се самоубијат и оние кои тоа право според тебе го немаат е во најмала рака несоодветна.

Sith

Па и све содржи мала контрадикција во себе. Да одземиш свој живот за да си ги скратиш маките, објективно гледано е кукавичлак, бидејќи нели, од се има излез ако гледаш рационално на работите. А нема секој храброст едноставно да земи јаже и да се обеси, или да си упука куршум така лесно. Да, релативна е толеранцијата до каде еден човек може да го издржи своето „страдање“, ама јас овде зборвам со доза субјективност, поради лични причини (близок роднина). Според мене постојат тие два „типа“ на самоубиство. За едното да не се случи е потребен мозок и лекови, а да другото, е богами, незнам што. И да, според мене постојат случаи на самоубиства кои повеќе би ги оправдала отколку некои други, само ако продолжувањето на животот на тој што страдал, значи поголем ужас од самиот чин на самоубиство.
 
Fair enough.

Ме мрзи да одговарам, не за друго. :)

Друг пат. :)

Sith
 
Самоубиство ти е друже една многу добра појава коа типов сфаќа дека стварно не е потребен на овој свет , никој не го ебе ни 2% дури ни господ неке да го земе горе кај него ни сатанот не го сака долу кај него у кафич, однак сфака он самиот дека треба да направи место на овој свет за другите и да си ги скрати маките.
Иначе имаш многу видови на самоубиства како на пример-
1.Самоубиство-Авион
Ова се дешава коа типов се замислува дека е авион и ке полета некаде далеку па се засилува и се фрла од највисокиот кат. Крајот е се разбира невкусен заради неговата лоша градба на телото, се раскостува на ситни парчиња.
2.Самоубиство-Лампион- Типов има голема желба да виси на некое дрво мислејќи дека ке стане украс како лампион си става јаже околу врат и си виси...тешко срање....:)
3.Самоубиство-Риба-Е ова е интересна работа коа некој сака да ја побие дарвиновата еволуција на човекот и мислејќи дека со еден обид ке успее да го претвори човекот во риба...можеби и му успеало на некој досеа не излегол никој како човек на површина....

Ваљда овие сите ни овозможуваат повеќе воздух на планетата земја повеќе место за движење и сл. па нека им е со среќа!!!!
:DDD)
 
Sith_Lord напиша:


Мислиш?
Колку е прекрасно да се живее со толку потполно убедување во апсолутноста на сопствената храброст.
Не би ти посакал да ти се случи верига на настани толку грозна што ќе ти одземе секаква волја за живот. Не само тоа, туку што ќе направи секој буден момент да ти предизвикува неиздржлива емоционална (или физичка) болка.

Можеби тогаш ќе си ги изедеш зборовите. Ќе горчат, и тоа многу, ама нема да имаш избор.

Sith

Големи зборови од малиот мозок.
Никој, ама никој не смее ниту да помисли, ниту да одлучува за тоа дали некој ќе живее или не. За тоа има некој на небото што одлучува.
Галач
 
Самоубиството на еден, повредува уште мал милион луѓе околу него. Без разлика дали бил/а нечие дете, бил/а родител, сопруг/а, пријател/ка...
А што кога не би се убил...?
Би продолжил да живее, заедно со проблемите кои го мачеле и пред обидот за самоубиство. Тие повторно ќе бидат присутни, тука не се сомневам воопшто. Штом му било толку тешко, па да се натера на таква постапка... Значи стигнал сосема до крајот. И зарем туку така би се решиле сите нешта што го мачат? Би била ли љубовта на луѓето кои го сакаат доволен мотив за да се бори?
Или...
Што ако нив ги нема? Загубил и деца и се`, нема ниту цел, ниту смисла животот понатаму... Или боледува од неизлечива болест и слично. Па зошто да се измачува, де, кога се` за што живеел, се` што градел и создавал, сега се руши...?

Човек кој е способен да си впери пиштол во глава, подготвен да повлече... Во ниту еден момент не можам да го наречам кукавица. И не смеам.
Од кај ми па мене право да му судам...? Единствениот кој го може тоа, и има право на избор за неговиот сопствен живот, е самиот тој, и никој друг.

Верувам дека секој од нас, има одредена граница до која може да оди. Чекор понатаму... Нема. Зборувам од аспект на тоа колку е силна една личност.
Човекот, како живо суштество, е создадено за мнооогу, многу работи. Ама не и да страда. Односно да, да може да се справува и со тоа, но не до бескрај. И најиздржливиот, може лесно да го допре дното. Само, како и за се`, и овде е потребна доволно добра причина, која дали постои... Се` уште не знам.

Затоа и велам, не можам јас да решавам дали еден самоубиец греши или не.
Лично, премногу си го сакам животов за да помислам на самоубиство, ама се` додека не осетам на своја кожа... Како размислувам, како ми е, што чувствувам, и што ми поминува низ глава пред да...
Не обвинувам, ниту оправдувам.
 
Самоубиство ти е друже една многу добра појава коа типов сфаќа дека стварно не е потребен на овој свет , никој не го ебе ни 2% дури ни господ неке да го земе горе кај него ни сатанот не го сака долу кај него у кафич, однак сфака он самиот дека треба да направи место на овој свет за другите и да си ги скрати маките.
Иначе имаш многу видови на самоубиства како на пример-
1.Самоубиство-Авион
Ова се дешава коа типов се замислува дека е авион и ке полета некаде далеку па се засилува и се фрла од највисокиот кат. Крајот е се разбира невкусен заради неговата лоша градба на телото, се раскостува на ситни парчиња.
2.Самоубиство-Лампион- Типов има голема желба да виси на некое дрво мислејќи дека ке стане украс како лампион си става јаже околу врат и си виси...тешко срање....:)
3.Самоубиство-Риба-Е ова е интересна работа коа некој сака да ја побие дарвиновата еволуција на човекот и мислејќи дека со еден обид ке успее да го претвори човекот во риба...можеби и му успеало на некој досеа не излегол никој како човек на површина....

Ваљда овие сите ни овозможуваат повеќе воздух на планетата земја повеќе место за движење и сл. па нека им е со среќа!!!!
Да не повторвам два пати....;)
 
Sith_Lord напиша:
Fair enough.

Ме мрзи да одговарам, не за друго. :)

Друг пат. :)

Sith

Нормално дек те мрзит, депресивна е темава. ;)
 
Глупа е скрос а инаку од едно испитување е утврдено дека најчесто луѓето со подпросечна интелегенција извршуваат самоубиство ... ова беше колку да се вклучам во тематава :toe:
 
Епа не пишувај колку само да се вклучиш.
Мислиш дека потпросечно интелегентните извршуваат самоубиство.Тогаш 4 милиона,а можеби и повеќе на Земјава се со потпросечна интелегенција.Каде ни е крајот,а 21 век сме а?:)
Нема врска интелегенцијата.Емоциите и степенот на растроеност на личноста се во прашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom