PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Аман, више преку к. Емо-типки this, емо-типки that. Не се самоубиваат само емо-типките, ало! У животот можат да ти се случат срања какви што не можеш ни да замислиш. Какви што не си читал ни во твоите мудри, длабоки книги, Тор. :wink: Да, животот е нашиот најголем дар, да, животот е наша привилегија, да, треба да го цениме и да му се радуваме на секој миг, да, треба да се бориме против пречките и да научиме да ги прерипуваме... Ама кога не може?! Кога си дошол до ѕид, до крај, кога нема каде понатаму? Кога твоите интелектуално-логички увидувања ти викаат дека не можеш да се извлечеш и дека не можеш да продолжиш да се бориш кога гледаш дека е бесмислено? Кога си во ситуација да заспиваш секоја ноќ надевајќи се следното утро нема да се разбудиш? Кога ти тежи секој здив што си принуден да го вдишиш само зошто ете, некој рекол дека е тоа (Божји?!) дар на кој треба да му се радуваме?!Toreador напиша:А за го потегнеш куршумот не ти треба храброст, туку едноставно, треба да заборавиш на сите убави моменти на животот, на сите блиски и на сите моменти на среќа. И сеа некоја емо-типка ќе се убаци и рече, Ама ја немам убави моменти во животот!!!!!!!!111~ Имаш, девојко, си имала и ќе имаш. Само што не сакаш да ги прифатиш...одбиваш да уживаш во споменот.
Да не се сфатиме погрешно, немам самоубиствени нагони.

Немојте да судите кога не сте биле во нивна кожа. Не ви ни посакувам да бидете.