Салати

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
sekakva salata jadam. salata i so kompiri ,oriz, salata od grav, piperki, tn.
 
Летово јадев една салата, преубава беше... ме чуди како не сум споделил........ марулата се кине со раце на парченца, потоа се сечат оревите и портокалот и и се додаваат на марулата, потоа сето тоа се меша со 2 лажички мајонез и се посолува ( а и немора, се зависи од вкусот).................. мераци :) :love:
 
Еден мој изум:

Пире од компири, динстани ракчиња во маслиново масло, со зачини, туна, кисели краставички и млад кромид.
Фалеше само малку сок од лимон.

SAM_2613.JPG[DOUBLEPOST=1403724748][/DOUBLEPOST]Ај уште една.
- ајсберг салата(можете и марула)
- пиперка(лута, блага, по ваш избор)
- домати
- маслинки
- авокадо или пилешко(оние што се на високо протеинска диета, можат и двете), Свежи шампињони по желба.
Врз ова ставам италијански прелив за салата од: босилек, магдонос, оригано, лук, маслиново масло, сол и лимонов сок(најлесно е ако ги ставите сѐ во блендер).
 
Последно уредено:
Јас си правам салата со марула ја кинам со раце, туна пола конзерва, ротквици, младо кромитче, краставици, домати посипано со лимон и маслиново.Уживанција!
 
Салата на скара

Потребно ви е: рукола(јас би ја заменила со млад спанаќ), црн патлиџан, чери домати, halloumi сирење(козјо сирење), сол и маслиново масло. Ставате сѐ на скара да се испече, мешате во чинија и ставате дресинг од: ситно сецкан лук, босилек, маслиново масло и сок од лимон.
012-582x388.jpg

Француска салата(?)

Плаво сирење, варени јајца, домати, млад кромид, грашок, сок од лимон и павлака.
Јас ставив и гратис кисели краставички. Фина салатка!
 
Kakvo e toa plavo sirenje mor?
 
Шопската ја обожавам.Незнам колку вакви салати со другарите сме изеле и колку домашна сме испиле..
 
Еве еден рецепт за салата која ке ве нахрани и освежи.
Идеална е да се јаде за ручек, односно, идеална е за замена на секојдневниот ручек кој вклучува леб и готвена храна на кој што сме навикнале бидејки освен што е здрава, оваа салата и заситува.
Исто така идеална е за оние кои сакаат да ја намалата телесната тежина, оние кои имаат недостаток на енергија и се подложни на настинки.
состојки
зелка - по можност и зелена и црвена
свеж спанаќ или блитва (може и двете)
корења - морков, жив компир, цвекло, трупки, ѓумбир, пашканат, целер (да има барем два вида од овие)
домат, краставица, кромид, пиперка, маслинки, јаткасти плодови или непечени семки по ваш избор.
Се зачинува со многу малку сол, маслиново масло, јаболков оцет или цвежо цеден лимонов сок, бибер, копар, магдонос, но можете да си додадете зачин по ваш вкус.
Убава е и кога ке додадете малку сенф.
Оваа салата ја јадам за ручек. Прекрасно изгледа, ги има сите бои и е многу вкусна и освежителна.
 
Жив компир?
 
ммм вистинска метла за цревата се салатите...поради влакната што ги содржат во голема количнина. Растителните влакна ги нарекуваат оџачари на цревата...ова лето немаше ден да не апнам зелена салата-марула, која сам ја одгледувам...обично комбинирам со морков, зелка, роква, цвекло, краставица, кромид, домат па дури и кисели јаболки.

Исто пијам медовина....мед, ѓумбир, вода и малку јаболков оцет. Ова чудо ми помага многу во прочистување...има и рецепти само со мед и ѓумбир, но за мене работи подобро ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom