Салати

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Да ја живнеме најубавата тема. :)

Туна салата со кисели краставички, јајце, млад кромид и „мајонез“ од пасирано авокадои павлака од овес. Оргазми! Штета што постам и не пијам ракија. :(

1445947849207982.jpg
 
@Agda Beata има шанси да го напишеш составот на павлаката ( претпоставувам дека е готова ама сепак ) ?

Готова е и на некој македонски форум имам прочитано дека ја има и таму. Чекај да прочепкам да видам дали можам да најдам каде може да се купи.
Оваа ми е супер за замена на вистинската, затоа што некаде прочитав дека риба и млечен производ никако не смее да се меша.

Едит: По рецепти ја пишува како „растителна павлака“. Имало од овес, од ориз... Само никој не пишува каде да се набави. :(
 
Последно уредено:
Сигурно ја има по БиоКулт или БиоКосмос. Фала ти. :pipi:

Пиши ако најдеш каква ќе биде и колку пари.

Патем, еве добри и здрави преливи за салати што ќе заменат павлака и мајонез.

http://rawfoodmk.blogspot.se/2013/10/blog-post_22.html

https://moirecepti.mk/post/мајонез-од-сончоглед-посно/
 
Супер идеја за салата Агда, баш вчера ја направив на брзинка. :D
Само малку изменета, со туна, капки лимон, јајца, сенф и намаз некој си. А од зачини црн бибер, ѓумбир и оригано. Ептен се погоди. :D Никогаш не ми текнало да направам салата со туна, не знам зошто. :D А излезе доста и одма ја снема. :X3:
 
Салата со лосос(гмечено авокадо, кисели краставички, млад кромид, лосос, јајце и павлака од овес) и ракчиња. Со ова, за љубителите на морска храна, иде и гратис оргазам.

SAM_4115.JPG
 
Салата со лосос(гмечено авокадо, кисели краставички, млад кромид, лосос, јајце и павлака од овес) и ракчиња. Со ова, за љубителите на морска храна, иде и гратис оргазам.

Прегледај го приврзокот 132065
Купив авокадо, ама ми се погодија недозреани. Горчи, не се доближува до уста. Да го оставам некој ден да постои, ако е пресечено. Ќе узрее или ќе се расипе?
 
Купив авокадо, ама ми се погодија недозреани. Горчи, не се доближува до уста. Да го оставам некој ден да постои, ако е пресечено. Ќе узрее или ќе се расипе?

Кога купуваш, фаќај ги да се поприлично меки, бојата не треба да им биде целосно зелена, треба да имаат потемна боја односно потемно зелена (накај кафено мава) на кората. Сега зависи како си го пресекол, ако си го пресекол на половина и со едната коска да е останата на едната страна спој го пак со половинката и завиткај го со целофан, остави го во фрижидер барем неколку дена и ќе си дојде при себе. (битно е коската да е со авокадото за да не ја изгуби бојата и да не се расипи)
 
Купив авокадо, ама ми се погодија недозреани. Горчи, не се доближува до уста. Да го оставам некој ден да постои, ако е пресечено. Ќе узрее или ќе се расипе?

Не би требало, ама ќе потемни.. Намачкај го со малку сок од лимон таму каде што е пресечено(сокот од лимон спречува потемнување на било кој зеленчук или овошје), ама не претерувај со количината да не ти биде кисело, спои ги двете страни и завиткај во фолија. Пресечено и незрело го имам оставено во фрижидер и нормално не стаса, а стоеше долго време. Пробај остави го ден-два максимум на собна температура.

Непресечените остави ги на собна температура и ќе си стасаат без проблем. Во иднина да знаеш како да одбереш, кората треба да му биде кафенкаста, на допир треба да биде малку мекичко, ама не премногу, не да ти пропаѓа прстот. Има и друг трик,
a46043df7509e2b99e07b9d1100382d0.jpg


И како да знаеш дека е зрело за јадење без да го пробаш и да не ти се гади, кога ќе биде пресечено овака на пола ѝ удираш лагано нож на семката(ножот хоризонтално) и го вртиш во еден полукруг, семката треба лесно да се извади без остатоци од авокадо на неа.
 
Нaпрaвив денес мoдифицирaнa верзијa oд сaлaтиве :D
Еднa гoлемa кoнзервa тунa, двa пoмaли кисели крaстaвички, крoмид пoмaлo пaрче, еднo вaренo јaјце, сoк oд лимoн ептен мaлку, сенф, мaјoнез, oригaнo и бибер. Тoa имaв дoмa вo мoментoт пa гo изoстaвив делoт сo aвoкaдo/пaвлaкa :)
Нaбрзинкa измешaв се, без декoрaции и сл.. не изгледa мнoгу вкуснo, aмa е :X3:
IMG_20151216_182906.jpg
 
На салатава и се мерачам со денови. Ќе ја збрчкам за нова година дефинитивно, само сакам да ја заменам павлаката со нешти друго. Што е најслично на вкус со неа?
Агда фрли некоја нова идеја за вакви (нестандарднобалкански) салати :semolam:
 
На салатава и се мерачам со денови. Ќе ја збрчкам за нова година дефинитивно, само сакам да ја заменам павлаката со нешти друго. Што е најслично на вкус со неа?
Агда фрли некоја нова идеја за вакви (нестандарднобалкански) салати :semolam:

Павлаката од овес ја користам кога сакам веган храна и кога имам риба на мени(имам слушнато дека риба и млечен прозивод не чинело да се мешаат). Инаку вкусот е сличен како обичната, само што наместо млечен вкус, има вкус на овес. :)
Ќе видам што имам постирано на темава за да не пишувам два пати и ќе споделам уште, со цел мерак! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom