Салати

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Некои од претходно споменатите, и плус заборавивте да спомнете салата со кинеска зелка.

Не сум пробала баш ќе земам, а вкусот ко зелка баш зелка или ?
 
Не е како на зелка. Ова е изгледа некоја мешавина од зелка и марула. Мене ми е преубава. Пробај и кажи ;)

Секогаш ја гледам на пазар и се нешо ја одминувам, викам аман од минијатурни зелчиња до издолжени во сите форми, имав впечаток дека со ист вкус се, ама обавезно ке купам и ќе пишам за впечатоци од вукс:)
 
532669_387191271342966_1812393990_n.jpg
 
Помислувам на цезар салата - пилешко, рукола, марула, коцки леб, мајонез, лимон... :P
 
Салата од цвекло и моркови. :love:
salata5.JPG


Рендани моркови, рендано цвекло, масло, малку оцет и сол. Супер иде со сиренце и павлака. :cool:
 
На каква салата помислувате кога некој че го спомни тој збор?
Јас помислувам на краставички, сечкани во средно тенки кругови, сол, масло, киселина.
sliced-cucumber-brine-vinegar-salad.jpg

и една жта за дедо ми келнер!
Same here.
Најубавата салата, иако и шопската воопшто не е лоша.
И секако нашата традицонална руска салата, па има ли подобра салата, најчесто за нова година јадам ваква салата.:vozbud:
 
Доаѓа лето, време кога има најразновиден зеленчук, млад кромид, марула, зелка, младо лукче........ напишете која е вашата омилена салата и секакви начини за правење салата.
Моја омилена салата е марула со младо кромитче :)
 
Тотално јадам се од салати, марула со млад кромид и лук, зелка со млад кромид и лук, патлиџани со кромид и луто пиперче, патлиџани и брокула, краставици и зелка, радоква, салата од свежо цвекло, рендан морков со зелка, и сето тоа природно од мојата бавча :). Најтешко ми е кога веќе снемува во градината во есен, па морам да преминам на конзервирано во тегла, или на она што сум го заровил во земја да не свеене.
 
Помислувам на омиленото нешто мое, општо, највеќе што ми се допаѓа - марулка, ротквици, младо кромидче, маслиново масло, балсамико (или јаболков оцет). Понекогаш со јајца. Ептен ако сум гладна :)

Мх.
th_775902639-hungry.gif


P1090552.JPG
 
Ајде вака:
Коренот од целер исецкајте го на стапчиња (како помфрит).
Ставете вода да зоврие со сол.
Кога ќе зоврие ставете го целерот.
Две до три минути да омекне.
Измијте го со ладна вода и исцедете го убаво.
Во подлабок сад ставете го целерот, мајонез, сенф и лимунов сок.
Убаво да се измеша и додај сол колу ти прави мерак.
Топ салата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom