Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Не би рекол драстично. Тогаш повторно, можда тапа купив.
Единстевната разлика е кога пробав тоа што беше пиво од ѓубир е дека газозата ги нема тие земјести и чадести тонови, и по слаб, по...регулиран фкус има...
Не купувај....направи си сам. Лесно е, многу е здраво и вкусно е (прашање на вкус сепак).
рецепт 1 рецепт 2 ....по вториот рецепт ми беше повкусно
 
Не купувај....направи си сам. Лесно е, многу е здраво и вкусно е.
рецепт 1 рецепт 2 ....по вториот рецепт ми беше повкусно
Искрено кажано....ако немаш референт да споредиш ....веројатно не знаеш што правиш..
А да, и други рецепти имам видено. Без квасец, вез сол.
 
Глупо прашање ама сакам да знам зошто луѓето кога одат по улица/тротоар или било каде мора да ги клатат рацете? Тоа приметувам ми се случува и мене но некој луѓе го прават тоа премногу.

walking.gif giphy.gif

... секој што чекори, а не ги мрда рацете би рекле дека не „иде нормално“ а и не изгледа природно, а и не е природно, затоа што самото движење на нозете иде во склад со рацете за да може торзото (телото) да има сигурна рамнотежа,

ActualPleasantAuklet-size_restricted.gif walk.gif

колку се поситни чекорите телото е посигурно и движењето на рацето е помало, колку чекорењето е поголемо толку и движењето на рацете е поголемо, колку чекорењето и трчањето е побрзо толку и движењето на рацете е побрзо и иде во склад со нозете и тоа секогаш лева рака иде напред со спротивна десна нога напред, а кога десна рака иде назад и лева нога иде назад, и телото е балансирано целосно во рамнотежа (нема случај да може и лева рака и лева нога да бидат во ист правец на движење или барем не може да се одржи природно),

а тезата со распределување или губење на калории при заемно движење на рацете и нозете некако ми нема логика, затоа што не ќе беше спротивноста во ист правец лева рака - десна нога, а торзото фиксно во рамнотежа на средина, туку ќе мавкаме со раце независно и од страна и од брзина наспрем нозете!
 
Последно уредено:
Дали важат или ги укинаа возачките книшки? Вчера пријател се сликаше за возачка, му ја провериле возачката книшка и била истечена. Му рекле 2 слики и да уплати нова да му извадат.
 
Дали важат или ги укинаа возачките книшки? Вчера пријател се сликаше за возачка, му ја провериле возачката книшка и била истечена. Му рекле 2 слики и да уплати нова да му извадат.

Укинати се, како и казнените поени, и мислам дека нема никакви промени во врска со тоа.
 
Дечки, кој знае што значи "свилен гајтан", не сум запознаен со фразава, ако може да пообјасни некој

Sent from my Redmi Note 8 using Tapatalk
 
Дечки, кој знае што значи "свилен гајтан", не сум запознаен со фразава, ако може да пообјасни некој

Sent from my Redmi Note 8 using Tapatalk

Во Османлиската Империја (нај)угледните, т.е. највисоките претставници на власта, меѓу кои се вбројувале и везирите, а посебно големиот везир, често, поради една или друга причина, паѓале во немилост. Но бидејќи не било културно такви величини да се заколат како свињи, или да се расчеречат, односно јавно да се обесат и слично, било изнајдено поелегантно, подискретно решение: ги давеле со гајтан од свила, која, нели, била скап материјал, таман за везирот, кој не залужил ништо помалку (секако, можеле да му ја пресечат главата со златна секира, да го набијат на сребрен кол, ама изгледа не се сетиле). Поради одредени причини, не е познат ставот на везирите и другите великодостојници во однос на ова искуство.

Денес, оваа фраза има побенигно значење (освен, можеби, во некои малку потурски и слични краишта) и се однесува на мерка или мерки преземени да се симне некој од одредена позиција (политика, бизнис, итн.), без ептен очигледни потреси и превирања, на еден попрефинет начин.
 
Аха разбирам, баш и има смисла пошто читав од политичкиве статии и ми падна во око тој израз

Sent from my Redmi Note 8 using Tapatalk
 
Ми полнеа фреон на домашната клима и ми земаа 1500ден.
Дали е многу?
 
WS6WC6B.jpg

Што магнет има извадено олку добра слика?
Магнет со 3t јачина може да извади ваква слика?

Го опитав @Myers у приватна ама дечкото изгледа се вклучува on (негов) demand, така да одговор од него може којзнае кога да добијам.
 
Ova mene ne mi lici na snimka od magnet, tuku od rtg. Ako dijagnosticarot znae kako pravilno da go podesi aparatot moze da izvadi vakva slika
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom