Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Не верувам дека осигурителна компанија ќе те осигура за нешто што веќе е направено штета а и осигурувањето ќе те чини повеќе од санацијата.
Фино, лепо и без пардон ќе му кажеш дека ќе го тужиш. Ќе ти се појави мувла и бактерии а тоа веќе ги крши основните хигиенски услови.

Можеш да почекаш малце да видиш дали ќе продолжи да тече (и исуши) и ќе му кажеш дека си се распрашал и треба да дојдат адвокат, вештак и полициец за да ја увидат штетата. Изборот е дали сака да плаќа и судски трошоци или само за санација на штетата. Ако е поголема штетата, не прифаќај да ти прати мајстор кој само ќе ја умачка целата работа туку најдобро најди си мајстор кој ќе санира, премачка со хидромал флекс, ќе изглетува и он само да плати.

го опраи и ти
ке премачка со хидромал и оп магично влагата ке ја снема ххх
додека не се најде која цевка пушта нишо не ја спречува водата
откако ке се среди тоа ке почека некое време да се исуши па тек тогаш се санира
инспекција мислам е надлежна за вакви работи


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Штетата кај мене не е проблем ќе си ја санирам, проблем е што не можам кај него у ВЦ да му влезам да му копам за да смени водоводна инсталација и да ја најде пукнатата цевка или што и да е проблемот. Си мислев дека постои некоја институција што знам каде може да пријавиш па да се направи увид или слично па на некој начин да се примора да реагира или така нешто.
 
Имам среќа што 41 каснеше, па уште сум жив.

Се симнувам од автобус на Југодрво, и застанувам до семафорот што покажува за колку време ќе дојдат автобусите и сл. План ми беше да видам за колку има автобус, па да седнам на клупата во автобуската. Додека да видам, стаклото од внатрешна страна на автобуската пукна и се распрска на сите страни. Среќа што никој не седеше на поблиската клупа до рекламата, произведена од Маратон. 1000% сум сигурен дека никој не го скрши намерно, башка никој не ни имаше,освен еден што буљаше во телефонот на подалечната клупа и две баби, што стоеа блиску до мене.

Знае ли некој што би можело да биде причина? Штета што не сликнав, во паниката отидов пешки башка...
 
@Bonnie and Clyde @george_jov Затоа и пишав да се почека да се види дали ќе продолжи да тече ( и исуши).

Не верувам дека има служба задолжена токму за тоа. Ако си во зграда пробај преку Еко Дом или кои да ви се задолжени за одржавање на зградата.
 
Штетата кај мене не е проблем ќе си ја санирам, проблем е што не можам кај него у ВЦ да му влезам да му копам за да смени водоводна инсталација и да ја најде пукнатата цевка или што и да е проблемот. Си мислев дека постои некоја институција што знам каде може да пријавиш па да се направи увид или слично па на некој начин да се примора да реагира или така нешто.

оди до општина прво пријави, разговарај види што ке предложат
мислам дека малце е глупо директива у полиција за ова да појдеш


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Здраво,
Моментално се наоѓам во ситуација на избирам.Немам завршено факултет,ама сакам се во врска со туризмот.Ме интересира што вие би избрале.Сакам да полагам за признаен сертификат на факултетот Туризам и Менаџмент.
Се двоумам помеѓу:
1.Сертификат за Туристички водич
2.Сертификат за Туристички придружник
3.Сертификат за Раководење со туристичка Агенција.
Што е подобро,и со која професија би можела побргу да се вработам?
 
од каде можам да купам катана ама вистинска (не ко за сувенири) низ скопјево.
 
Кое време се летните попусти во Софија?
 
Во Парадајз и Сердика имам начекано рандом попусти и тоа во месеци кога започнува летната и зимската сезона.
Не којзнае какви попусти, ама тоа е реалната цена на производот. Имаше и со 70% попуст, ама никаков избор.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Во Парадајз и Сердика имам начекано рандом попусти и тоа во месеци кога започнува летната и зимската сезона.
Не којзнае какви попусти, ама тоа е реалната цена на производот. Имаше и со 70% попуст, ама никаков избор.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Фала. Иначе, сум бил крај на Јануари во Софија и имало доста попусти ама ме интересираше за летниве, дали се на иста „фора“ ко у Грчка, 15ти Август до 15ти Септември.
 
Некој да не има информации за онлајн казиното во Зебра, како работи, како се игра?
 
Како се со квалитет наочарите за пливање во Џамбо? Ми требаат за на одмор, да земам од овие или да си купам од Грција?
 
Како се со квалитет наочарите за пливање во Џамбо? Ми требаат за на одмор, да земам од овие или да си купам од Грција?
За глупирање низ вода се супер, истото е и во Грција. Ако сакаш маааалку нешто попрофесионално :D во Speedo во Беверли за 850 денари го имаш култниот модел Speedo Swedish, малце минус е што сам ќе треба да ги склопиш ама не е сајнс фикшн а и си по тие работи :D

71sRvYApXHL._SY550_.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom