Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Мразам ориз од кога знам за себе и го одбегнувам по секоја цена најмногу бидејќи е лигав.
Случајно денес земав храна од Take Away и му реков да клат и ориз и баш ме бендиса.

Беше со жолта боја, солен и не беше течен.

Рецепт? Бидејќи обично дома готват бел и наликува на сутлијач т.е благ и течен:mad: :zloo:
 
Жолт бил претпоставувам ради кари зачинот? Евентуално куркума.
По мерки не знам зошто не мерам, ама од прилика... стави вода во тенџере да зоврие. Стави ориз еден филџан од прилика, стави коцка супа, некој зачин +/- остави го 10 евентуално 15 минути да се вари, после тоа исцеди го и готово. :D Само стави повеќе вода за да не се залепи за тенџерето, ама не и премногу... :icon_mrgr:
 
Можеби е малку глупо прашањето, но досега не сум готвел нешто со авокадо и аспарагус. Дали можат да се јадат живи/свежи или потребна им е приготовка од типот варење?
 
Можеби е малку глупо прашањето, но досега не сум готвел нешто со авокадо и аспарагус. Дали можат да се јадат живи/свежи или потребна им е приготовка од типот варење?
Авокадото сестрами знам дека го користи у салата, и печено на лебче со кашкавал за доручек .. така да може свежо, може и готвено.. Аспарагус ќе да е за у супа добар...
 
Можеби е малку глупо прашањето, но досега не сум готвел нешто со авокадо и аспарагус. Дали можат да се јадат живи/свежи или потребна им е приготовка од типот варење?

Авокадо свежо, јас го сакам со пилешко, риба, во салати, чоколаден мус.... Секако!

Аспарагусот се вари кратко, или на пареа, можеш и да го печеш во фолија...
 
Колку време би можел разновиден зеленчук да стои излупен и исецкан, без да ги изгуби својствата, а потоа само да се зачини? Цвекло, морков, зелка, краставица, кромид, домат, тоа ми е најважно?
 
Колку време би можел разновиден зеленчук да стои излупен и исецкан, без да ги изгуби својствата, а потоа само да се зачини? Цвекло, морков, зелка, краставица, кромид, домат, тоа ми е најважно?
Цвеклото, морковот и зелката можат исецкани по 2-3 дена да останат доволно свежи за јадење, секако ако се чуват во фрижидер. Зелката може да потемне, цвеклото да се исуши и да фати мувла, а морковот кога нема да го бива ќе стане кисел и ќе има (лигава)течност на дното од садот.
Кромидот исецкан 1-2 дена може да стои, но иако сеуште добар, има осетна разлика од свежиот. Краставиците 1 ден, инаку стануват бели, суви и неубави за јадење, а доматот може да стои најмалку време насецкан, испушта вода и се расипува во неа.
 
Дечки ај плис кажете ми рецепт за пилешко во кари сос, сакам да биде сочно ( се мислам како би испаднало со кокосово млеко или пак бело вино) И како да не го утнам сосот..?
 
Како да зготвам вкусен кантри компир?
 
Како се добива печена леблебија? Наутот се кисне и вари претходно, или?
 
Жолт бил претпоставувам ради кари зачинот? Евентуално куркума.
По мерки не знам зошто не мерам, ама од прилика... стави вода во тенџере да зоврие. Стави ориз еден филџан од прилика, стави коцка супа, некој зачин +/- остави го 10 евентуално 15 минути да се вари, после тоа исцеди го и готово. :D Само стави повеќе вода за да не се залепи за тенџерето, ама не и премногу... :icon_mrgr:

Да ви кажам една финта за "нелигав" ориз од мајка ми, инаку и јас го неќам кашест воопшто. Загрејте рерна на повисока температура. Премачкајте тавче со путер/зејтин/маргарин. Зовријте коцка за супа (зеленчук, најмалку солена ми е). Истурете ориз во подмачканото тавче и од зовриената коцка малку над оризот да има. В рерна и проверувајте. Дотурајте од течноста по потреба додека не се ипече како што треба. Сув, мек ориз. А за жолтото се сложувам со shumeca.tableta, најверојатно поради карито. Јас на овој му ставам биберче. :) На здравје!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom