Враќам една тема од постарите. Сакав да ја отворам ама видов дека веќе имало.
Филмови кои ги сакам и би сакал да имаат продолжение... филмови за кои мислам дека приказната не завршила, туку има материјал за нов дел... хммм... ова ме натера да подразмислам малку...
Еве два филма овој пат:
Прво што ми падна на памет, Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles (1994), поради начинот на кој заврши. Би било кул да го видиме второто продолжение: Interview with the Vampire: the return of Lestat. А и колку само добра актерска екипа имаше овој филм...
Вториот филм, иако е од осумдесетите, The Last Starfighter (1984), еден од омилените S.F. филмови ми е и сакам да гледам втор дел. Да видам како ќе испадне интер - галактичката војна со вонземјаните.
Пред некој ден прочитав некаде дека Стивен Спилберг подготвувал нов 2 дел на филмот Е.Т, а исто пак некаде пишуваше дека во Ноември ќе има нов дел на филмот Twilight. Така да со нетрпение ѓи очекувам и двата...:smir:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.