Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Тука се и Или-или кои си фураат свој андерграунд филм.
Што е андерграундот кај Или-Или :D? Понудата претежно им се состои од современи странски и домашни писатели, ама се работи за познати и наградувани автори. Во преведената проза имаат автори како Вуди Ален, Фаулс, Мичел, Шлинк, Велш, Куци, Курејши итн. Сите овие се добитници на некоја позната државна или интернационална награда (Нобел, Букер итн.), редовно им посветуваат статии и рецензии во Гардијан, Вашингтон пост, Њујорк Тајмс, се снимаат холивудски филмови по нивните книги итн. Речиси сите најдобри млади домашни автори ги издава Или-Или, последните три години Роман на годината е издание на Или-Или. Темплум има многу поопскурни автори издадено, и во Магма едицијата, покрај еден куп познати имиња внатре, имаат и релативно непознати автори.
 
За нашата публика која претежно се пали на Линвуд Барки, Лусинда Рајли, Николас Спаркс, Мир-Јам и слични викенд романчиња, секако дека ќе бидат андерграунд, барем тука. Еден Шлинк што го читаат луѓево, толку.
 
Бев во потрага по стручна литература, но ни С не најдов, ништо!
Има некој информации за саемска стручна литература од областа на медицината?
Академска книга, со смешни 20% попуст, а добро знаеме колку им се цените без попуст, така да поевтино ќе те фати англиска литература да купиш од Book Depository, со исклучок на класиците кои беа намалени на 150ден.
 
Листајќи ги каталозите видов во тој на Арс Ламина дека имаше и категорија Медицина. Отиди на нивната страна, па симни го тој каталог за стручна литература.
 
Листајќи ги каталозите видов во тој на Арс Ламина дека имаше и категорија Медицина. Отиди на нивната страна, па симни го тој каталог за стручна литература.
Фала за инфо, но се консултирав со претставниците на АРС Ламина и ме известија дека стручната литература им е редуцирана и голем дел од она што ми требаше беше недостапно, најверојатно нема ни воопшто да биде достапна, like ever.
 
Последно уредено:

Хм, ова изгледа го ептен малициозен Phishing линк. Немојте да се логирате на фејсбук ако би бара линкот во никој случај.

На темава, ја сум задоволен од саемот. Овде на темава ги хејтате саемите веќе години наназад, јас не се слагам. Денес тргнав со 4000 во новчаник со умисла да платам сметки некогаш по пат, излегов од саем со 100 денари и неплатени сметки :D Земав и проза и поезија, 450 денари дури платив за сомнително книжевно дело од Раде Шербџија. Антолог имаат добра ствар, 5 книжулиња поезија од македонски автори за 200 денари. За повеќе утре, ме мрзи да пишувам сега, одам да читам :D
 
Не знам која е причината шти бара логирање на Фб, еве овој од пнб публикации не бара лог. :toe:
Одговорните за темата нека го избришат. :)
 
Лолита од Нобаков на кој штанд можам да ја најдам. Бев на штандот на маргот ми рекоа дека друга издавачка куќа ја превземала книгата.
 
Лолита од Нобаков на кој штанд можам да ја најдам. Бев на штандот на маргот ми рекоа дека друга издавачка куќа ја превземала книгата.

Мислам дека имаа и Темплум нивно издание. Ако ја немаат на саем, може да се побара во продавници на други издавачки куќи на пр. Три имаат едно катче со книги на Темплум.
 
Веќе подолго време ги барав книгите на ПНВ Публикации по нашиве книжари, вклучувајќи ги и книгите на старо, и речиси и да не најдов ништо. Си земав 6 книги по 100 ден. Цената е повеќе од фер. Мислам дека барем 50% од оние кои размислуваат од дома што ќе купат, имаат на ум и по некоја книга од нив. Купив и 2 книги од Магор. Мислам дека прочитав на фб. дека кафе книжарницата им е затворена, ако е точно, тоа е штета. Редовно ги користев нивните одлични попусти, па и сега земав некоја книга која ја сакав минатиот саем, а притоа ја немаа, не се сеќавам од која причина. И земав 4 книги од класиците на англиски на Академска. Беа по 125 ден. (таму секогаш има најмногу гужва) и плус даваат попуст од 30% до крајот на овој месец за сите нивни книги во нивните книжарници, што значи горе-доле по иста цена секој може до крајот на месецов истите да си ги купи.
Впечатокот не ми се промени, а за тоа пишував и претходно. :)
 
Еве што земав. :D
Штета што Табернакул немаа свој штанд па Сабато го земав по редовна цена од икона, го немаа првиот дел но девојката што беше на штандот кажа дека може да се читаат и одделно.
Од Три два саеми по ред ги продаваат 2 и 3 дел од 1Q84, а првиот никаде го нема. Направете репринт барем на првиот дел ако не сакате да ви стојат во магацин 2 и 3 дел. Заборавив да ги купам Парфем од Зискинд и од Ишигуро, сакав да купам нешто од Кундера ама немаше намаление и заборавив да ја купам Одбројување од Фросина, а реков на саемот ќе купам барем една книга од македонски автор. 20180507_193325.jpg
 
Штета што Табернакул немаа свој штанд па Сабато го земав по редовна цена од икона, го немаа првиот дел но девојката што беше на штандот кажа дека може да се читаат и одделно.
Три ги има издадено Тунел и Абадон, уништувачот, тоа се првата и третата книга од трилогијата.
 
Три ги има издадено Тунел и Абадон, уништувачот, тоа се првата и третата книга од трилогијата.
Знам но формата на книгите од Табернакул ми е најубава и сакав да го имам баш тоа издание, а третиот дел мислам дека не е издаден од Табернакул па би го земал од Три. :)
 
Еве што земав. :D
(y)

Мислам дека голем дел од луѓето очекуваа многу од 1Q84, меѓу кои сум и јас, па затоа им стојат 2 и 3от дел. Башка ако сакаш можам да ти ја пратам пдф на српски.
Криво ми е што не ја купив “Жената на временскиот патник“ од Просветно. Сите романи им биле по 150 ден.! И“Се случи на први септември“ од Ламина. Здравје, тие ќе ми бидат на врвот на листата, со останатите 2-3 од Дојл (на серијалот со Шерлок конкретно мислам) што ги немам.

И читам дека е возвожно да има саемски караван и по другите градови наскоро. Тоа е одлична вест за сочувување и проширување на манифестацијата. (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom