Имам впечаток дека овогодинешниот саем е повеќе направен насила и ради реда колку да не се прекине „традицијата“. Прво, повеќе од половина година се натегаа ќе има - ќе нема - ќе има - ќе нема саем, за после да испадне дека има, и тоа веста ако не се лажам излезе некаде околу еден месец пред официјалниот датум за саемот на книга.
Од друга страна, издавачите како и изминатите години се летаргични во однос на саемот, не може бе еден ден пред саемот да вадиш каталог, и тоа каталог каде ги нема сите изданија што ти се на попуст туку повеќе е како демо верзија на каталог од 5-6 страници. И издавачките куќи што мислев дека ќе го извадат каталогот порано, го извадија вчера/денес. Малку е несериозен пристапот, дали не објавуваат каталози со повреме затоа што знаат дека попустите што ги нудат абер немаат од попусти па да не се срамат, или пак толку знаат да загризат, не знам искрено. Во други околности, немаше да ме интересира, но еве јас доаѓам од Охрид за да го посетам саемот, и сакам од дома да си ја „изработам домашната“ на кое место од каде ќе пазарам, да си го планирам буџетот, итн итн. Трето, кој буџет да си го планирам на овие попусти од смешни 50 денари
абе додека се наканам да дојдам од Охрид, автобуска карта, кафе на Стража, еден сендвич по пат, па ако ти се слоши едно благо за недајбоже да чуваш в џеб, отидоа 1 500 денари само тоа, и одиш на саем и гледаш книга од 300 спуштена на 250. Па следен пат ако одам на мој термин во клиника, успат ќе ја купам книгата што регуларно ќе биде 300 денари и ќар ќе сум, а не вака. Срамота.
Истите изданија се на истите попусти со години, значи еден тираж од изданието не им е потрошен ама битно не спуштаат повеќе од 50, ретко, преретко кога ќе се улови нешто добро овде, на крај испаѓа дека оние со штандон за Господ се најпоштени, барем книгите од 500 денари ти ги продаваат со тврди корици и со слики во боја внатре, ко стрип е и плус роман за господ и ангелите си читаш, и муабет ќе ти направат, психологија, ќе ти отворат натална карта, итн итн, ќе ти дадат бројче, ќе те запаметат на име и успат може ќе клецнеш некоја која ќе сака да те зачлени во сектата на Тино Кајшаров затоа што ќе има бесплатна чланарина ако донесе човек плус, друга логика немам како функционира саемов, тоа е од мене.