Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено оваа година не намеравам да се замарам со саемиве освен да најдам 2-3 наслови.
Едната e I, Robot од Исак Асимов, другата Негирање од Кит Аблоу - со години више ја барам како колексионерско парче.
 
Јас оваа година ништо.Нема да го посетам саемот, дома ми се насобраа книги што сеуште не сум ги ни прочитала и решив оваа година да одмарам.:)
 
Да не знае некој дали оваа година ќе ги има АЕА издавачката куќа т.е Египетска сонувалка?
 
Искрено оваа година не намеравам да се замарам со саемиве освен да најдам 2-3 наслови.
Едната e I, Robot од Исак Асимов, другата Негирање од Кит Аблоу - со години више ја барам како колексионерско парче.

Ги имаш читано Foundation книгите од Асимов?
 
Не. Ова ради филмот, пошо се глеа дека книгата има поише само од футурситички изглед.

Асимов го фалат како еден од најдобрите сф писатели на сите времиња,а Фондација е повеќе позната од Робот серијалите.Фондација пред некое време може да се најде и во српски принт,така да очекувам неговите наслови да се најдат и на саемов.
 
Асимов го фалат како еден од најдобрите сф писатели на сите времиња,а Фондација е повеќе позната од Робот серијалите.Фондација пред некое време може да се најде и во српски принт,така да очекувам неговите наслови да се најдат и на саемов.
Искрено повеќе би ми бил проблем ак го најдам на македонски во лош превод отколку на оригинал англиски да ми падне. На српски е премија. Ама и реткост.
 
Искрено повеќе би ми бил проблем ак го најдам на македонски во лош превод отколку на оригинал англиски да ми падне. На српски е премија. Ама и реткост.

Во Србија има доста издавачи кои преведуваат сф дела,тоа им е наследство од СФРЈ.

Верувам дека на саемот ќе има книги од оваа издавачка куќа.

http://www.carobnaknjiga.com/71a1a2fc-25de-4ca4-90ae-ed209af373f0/KOMPLET-Zaduzbina-veliki.aspx

http://www.carobnaknjiga.com/g/b1bba7e4-31b3-4ad7-a63a-681d6020de81/Fantastika.aspx?page=0
 
Они најчесто идат во склоп на Топер. предминатата година имаа наслови кои после две години кај нас се појавија. Дај боже да го нагазам насловов, одамна више му се острам.
 
Машала добри книги за 200 денари. Браво Темплум! Тоа ти се вика саемски попуст :cuc:

Планирам прво да идам до штандот на Слово имаат добри историски класици за багателни цени. Ѓурѓа и Три јок, првиве катастрофа изданија, а вториве само белетристика продаваат. Магор ке пројдам некоја филозофска книга да си земам, Монади едицијата посебно ми е интересна. Успат дај Боже Табернакул да имаат голем попуст. Стварно им вредат изданијата ама многу се солени. И тоа. 1000ка во џеб, ранецот на грб и после факултет правец на Саем.

Една мала дигресија што може да ти помогне и заштеди. Ѕирни го линков http://templum.com.mk/index.php/2012-03-05-14-21-36
Книгите можеш и поефтино од 200 да ги добиеш. Само што треба да им искешираш унапред 1500 или 2000 ако го сакаш поскапиот пакет.
Иначе од Бегемот Дон Кихот ќе биде на 50%, двата тома за 400 денари што е доста солидно, на Роберт Луис Стивенсон и Буковски книгите ќе бидат горе долу на 50% што е исто добра цена. И не заборавајте да купите фотографија или донирате за Јоце, измеѓу хала 1 и 2. А за да не се задлабочите многу и малце да си го пуштите мозокот на пасење ви предлагам кај скиентолозите да идете и да ги потролате малку, глумејќи заинтересираност и поставувајќи им глупи прашања со мртва озбилна фаца, тоа ми е еден од најрелаксирачите моменти од саемот само што мислам дека веќе ме знаат, па не е лошо некој за мој атер да удри рецка кај клошараанана.

Да не заборавам-каталогот на Бегемот

http://begemot.mk/sites/begemot.mk/files/Каталог-Саемнакнига2012.pdf
 
Хаха,овие книгите на Буковски од Бегемот на ланскиот саем беа 300 денари.

Има интересни наслови и од Бегемот,ама не верувам да купам нешто од нив.
 
Уф Дон Кихот 400 денари и Крстоносци од Хенрих Сјенкјевич исто 400. Батали, што повеќе каталози гледам толку неможам да одлучам што да купам. :notworthy:
 
Аман, гледајќи ги каталозиве, повторно иста приказна, скапи ми се гледаат ама изгледа пак ќе се оставам. Ме интересира дали некоја ја има сретнато преведено на македонски Magister ludi т.е. Игра со стаклени перли од Херман Хесе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom