Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување

Многу досадна книга. И ова ти го кажува љубител на бестселери.

--- надополнето ---

Исто и на мене ми е омилен писател, бидејќи само тој може да напише толку добри политички трилери, со безброј заплети и се останато. Просто уживам кога ги читам неговите книги, а да напоменам дека има напишано повеќе од 30-35 книги во целато негово книжевно творештво. Планирам годинава барем две третини да прочитам.

Мене подеднакво ми се допаѓаат како поновите негови книги, значи во последниве 20 години, кои дел се издадени и по неговата смрт, како Стратегијата Банкрофт, но можете да ги најдете во Градска библиотека старите изданија од 70-80-тите години на минатиот век, претежно на српски, кои исто така се супер. Туку како што кажа, Наследството на Скарлати, но и Пат за Омаха и Пат за Гандолфо се исто така супер. Ептен лесни за читање и ќе приметите малку поразличен стил отколку во останатите негови дела.

Особено ми се допаѓаат неговите книги поврзани со Втората светска војна, или пак настаните по неа, како што се Сигма протокол, која е ремек-дело, понатаму Спогодбата на Холкрофт и Во знакот на близнаците. Но, добри се и неговите преработени дела (пишувани од други писатели) особено Кавер-еден серијата со главниот јунак Џон Смит, како што се Париска опција, Пеколен фактор, меѓудругото и Московски вектор.

Штом Ладлам те бендисува, читај го Сидни Шелдон. Мислам дека стилот им е сличен, но кај Ладлам има повеќе акција, помашки му се книгите.
 
Бев, видов. Немаше лош избор на книги, ниту пак цените беа лоши. Но, се работи за мал саем, со мал број издавачи и со крајно ограничен број на странски издавачки куќи (Русите ли беа само, а српските книги ни беа достапни само преку нашиве фирми?). Ми остави впечаток одличната цена на Табернакул за делата на Достоевски, пристапните цени за Санитарна енигма и Комунистичка интима на Јасна Котеска, Ѓаволовиот речник на Бирс и уште по нешто друго. За жал, саемов не е за фалење. Памтам многу, многу подобри негови изданија. Јасно ми е дека не можеме да се мериме со, да речеме, белградскиот саем на книги, оти се работи за поголема држава, со повеќе читатели, (за оној што не бил - огромна хала на два спрата, за која се потребни неколку денови да се добие каква-таква претстава за понудата на книги, стрипови, списанија и стари и нови) но сепак можеме подобро од ова. Жално.
 
Штом Ладлам те бендисува, читај го Сидни Шелдон. Мислам дека стилот им е сличен, но кај Ладлам има повеќе акција, помашки му се книгите.

Имам читано и од Шелдон, добри книги има. Јас сум баш љубител на бестселери, па така започнав со Ден Браун, како скоро сите, па потоа продолжив и со Ладлам, Гришам, Шелдон, а во поново време читам и од други писатели, на пример Морел и Бери, од него купив на саем две книги од српскиот штанд.

Но често знам да земам и ептен различни стилови, како на пример книгите од Шевалие или пак некои историски романи, како што се Катедралата на морето, која ми остави голем впечаток, потоа Лавиринт, Папата Јована, Францискански заговор и ред други.
 
Бев денес, не сум комплетно разочаран, али па ич не сум задоволен.
Само штандовите на матица и три вредеа, другото беше без везе.

Иначе отидов по две книги, од кои едната се одлучив да не ја купувам туку да ја позајмам, а другата “Пеколен портокал“ (Clockwork orange) ЈА НЕМАШЕ!
Ќе си речете се продала, но не. НЕ БИЛА НИ ПЕЧАТЕНА! А ја имаше пишано во флаерот за книги на саемот.
Живи глупости.
 
Виде ли некој на саемот книги од Руми?
Јас мислам дека сите штандови ги поминав, и не најдов -.-
 
Eee zemav:

Podmolna Ubavina
Stepskiot Volk
Znaci Pokraj Patot
Dosijeata na FBI
Macka i Glusec

Igrite na gladnite - rasprodadena...Assholes :(

Се сложувам со тоа дека саемот не беше ништо посебно:vozbud: Да бидеме реални ниту некогаш бил, а чисто сумњам дека некогаш ќе биде. Јас си земав доста книги како и да е АМА ДА, цените беа само симболично намалени, а имаше и такви кои беа покачени:nesum:

Инаку Игрите на гладните не е распродадена, книгата излезе специјално за саемот што значи дека не може да е распродадена за 5 дена :):):) Јас ја земав со тврд повез, книгата содржински и во поглед на изработка е е**ње. Сега сакав да ја земам и за поклон за роденден на другар АМА ми рекоа во ТРИ дека ќе ја добијат неделава. I hope so...
 
Иако веќе одамна немам очекувања за којзнае какви понуди на саемот, но бидејќи се ближи датумот да ја реактивирам темава.

Некакви понуди и каталози од издавачките куќи, ваши предлози и слично? Наслови кои ги очекуваме годинава?
 
Сите едвај го чекаме.:) Меѓутоа ако биде како лани со покачени наместо намалени цени,е стварно катастрофа.
 
Еј абе што е фората, освен сакам книги, ѓурѓа и бегемот никој друг нема пуштено каталог за саем?!! Од Ѓурѓа не купувам дека ги кратат, Бегемот имаат некои класици, едино сакам книги што имаат добри наслови и што сега?:facepalm:

Предлог некој дајте кога веќе нема каталози:D Јас ќе ги земам од сакам книги трилерите, тие двата Јас те сакам повеќе и точка на кулминација. Игрите на гладните веќе ги имам.
 
Стварно, зошто нема каталози? Матица и Три не знам што прават, срам да им е.
 
Матица имаат каталог, ама изгледа го нема на нет, го гледав кај нас на факултет во библиотека.
 
http://okno.mk/sites/default/files/katalog za saem.pdf

Темплум имаат извадено каталог за саемот. Супер цени имаат, планирам да ми бидат главен штанд, заедно со Бегемот ( кои имаат одличен превод, како и наслови ).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom