Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Ја купив „Шиндлеровата листа„ , не беше скапа,250ден,ама во глобала немаше голем попуст.Книгите на Факултети од Ѓурѓа што ги продаваат за 100 ден на саемот беа по 150ден. Повеќето не беа ни 10 ден намалени.
А пошто гледам многумина прашавте, Мојата Борба од Хитлер е 200 ден.
 
Na standot na Gurga knigite se so najniska cena, no se pecateni na najnekvalitetna hartija. Matica kako po obicaj nudi najgolem sund i nekvaliteten komercijalen tip na literatura. Tabernakul drzi odredeno nivo i moze da se najdat kvalitetni knigi za 200 denari. Tri kako po obicaj nema golem popust na knigite i drzi cena. Zabelezav deka vo Trimaks i Martina moze da se najdat interesni i originalni knigi, a vo Kultura mosne eftini knigi so srpski prevod.

Да, да и јас го приметив истото. Табернакул оваа година доста позитивно ме изненадија. Имаат цела едиција книги од Достоевски по многу достапни цени (200 денари за книга од 2 тома). На штандот на Мартина имаше повеќе изданија од Јогананда, што е исто така голем плус за нив.
А за Матица не ми се ни зборува, куп кич литература без никаква естетска вредност и што е најлошо луѓе највеќе се залетуваат по лесни, американски романчиња и популарна психологија. :pov:
Место да пласираат квалитетна домашна и странска литература (последен пат кога бев во книжарницата и побарав книги од Цепенков креваа раменици), се преведуваат еден тон книги што се читаат за тепање досада и не се памтат подолго од 1 месец. Ама тоа е, што си бара народот, тоа си добива.
 
Оние кои планираат да го посетат саемот на последниот ден, вторник, мој искрен совет тоа да го сторат претпладне. Дури и пред 12 голем дел од издавачите знаат да почнат да се пакуваат, што е практика која не ми се допаѓа, но е факт. :nesum:
 
Како што реков веќе, откако ќе завршам со одењето на саем ќе речам конечни импресии. Саем како саем, имаше добар избор, Оваа година си поставив рекорд од купени 20тина книги. Едино ми е криво што не наидов на Кодот на ДаВинчи од Ден Браун ама ќе биде и тоа. Како и да е зедов доста трилерчиња (Аманда Квик, Даинела Стил, Ден браун, Џејмс Ролинс), понекој љубиќ (love actually, Дрво на анѓелите... ептен се стварно ме мрзи да ги навројувам) Ах да... и конечно 11 минути од Коељо.
 
Имав можност во саботата да одам на саемот. Си купив четири книги и многу ми е жал што не бев во можност да купам поголем број. Едвај одбрав кои да ги земам, а кои не. Ги зедов: "Степскиот волк" на Херман Хесе, "Тринаесет проблеми" на Агата Кристи, "Мемоари на една гејша" од Артур Голден и "Мојата убава шпионка" на Колин Фалконер. Мислам дека не направив погрешен избор.
 
Го посетив саемот и оваа година, и како што кажавте и горе едвај се одлучив кои книги да ги одберам... како посебна ќе ја одберам "Tales of mystery and imagination" - Edgar Allan Poe, доста тешка книга, но сепак ве остава без здив, и држи комплетно внимание додека ја читате. Составена е од повеќе приказни во кои и самиот писател се пронаоѓа... напишана е на висок стил (British English)... ви ја препорачувам како мој избор:smir:
 
Денес бев да го видам саемот и оваа година, но, за разлика од минатата година разочарана сум од изборот на наслови и бројноста на штандовите.Сепак, со малку повеќе барање го пронајдов тоа што ми требаше, земав некои херметистички книги и си заминав среќна дома.:pipi:
 
за жал го пропуштив годинешниов сам на книга, ама слушам не било нешо многу полно, и изборот бил lame...така да не се јадосувам многу многу...
 
За Агата Кристи цените се многу поволни. За 100 денари ја имаш Отворени карти, за 100 денари е и Мистеријата на синиот воз, а за нешто помалку од 200 денари е 13 проблеми

Од штандот на Ѓурѓа ја купив „Отворени карти“ и веќе ја прочитав, морам да кажам солиден избор. Нивните книги беа најевтини, другите некако држеа цена. Остантите од Агата веќе беа распродадени за жал. „Мајсторот и Маргарита“ ја видов на едно место (Матица мислам дека беше) за 400 ден, а на друго за 250, најверојатно цената се разликува поради квалитетот на преводот.
 
Многу потрошив на овогодишниот саем, ама не се каам. :) Од речници, до белетристика, класици, учебници. Колку-толку добар беше попустот.
 
Koга ќе биде следниот саем на книга?
 
Овогодинешниот саем на книгата во Скопје започнува на 13.04.2010, а завршува на 18.04.2010.

Па читатели мои, се приближува денот кој секој љубител на оваа страна нетрпеливо го чека.
Да, да тоа е Саемот на книга, 2010. Овој настан за нас значи дека можеме да го купиме сè она кое го пропуштивме на изминатите новогодишни попусти.
Колку е прекрасно тоа, а? Нешто како втора шанса, поправање на грешката...
Меѓународниот саем на книга и либрографика, претставува водечки настан за љубителите на убавиот збор и една од најпосетените саемски манифестации кај нас.
Во деновите на Саемот, посетителите, освен најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи, ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби...

Издавачките куќи годинава љубителите на пишаниот збор ќе ги привлекуваат со наслови од странски автори и со попусти до 80 проценти.
На годинешниот Саем на книгата, кој ќе се одржува од 13 до 18 април, издавачите најавуваат големи попусти, понуда на дела главно од странски автори, а гости од надвор ќе имаат само издавачките куќи „Феникс“ и „Три“.

Па, ова се деталите:

1. Во понудата на Матица ќе доминираат дела од македонски писатели како: „Токму така“ од Гане Тодоровски, „Свеченост“ од Цане Андреевски и „Слоеви“ од Јован Стрезовски.

2. Икона ќе понуди многу нови наслови на светски познати автори како на пример: „50. закон“ од Роберт Грин и Фифти Цент, „Чоколадо“ од Џоана Харис, „Мак Мафиа“ од Миша Глени, „Левијатан“ од Пол Остер и „Вторниците со Мори“ во Мич Елбом.

3. Култура ќе понуди 11 нови изданија од странски автори и четири од македонски. Дел од понудата се „Приказни за Скопје“ од Томислав Османли, „Монотонија“ од Бобан Богатинов, „Избраниот“ од Александар Блажевски, „Заробени сништа“ од Марина Немаат, „Писмата за Џенифер“ од Џејмс Патерсон и други.

4. Издавачката куќа „Три“ меѓу другото ќе го презентира првиот дел од трилогијата „Милениум“ големиот светски хит „Девојката со тетоважа на змеј“ од Стиг Ларсон, третиот и четвртиот дел од „Самрак“ од Стефани Маер.

5. Или - или на понуда ги има следните дела: „Викенд“ од Берхард Шлинк, „Стравот на голманот од пенал“ од Питер Хандке, „Ќе ви плукам на гробовите“ од Борис Вијан, „Гол живот“ од Луиџи Пирандело и други.

6. Феникс ќе промовираат над 100 нови изданија, меѓу кои е „Животни во срцето“ од Херта Милер и „Смелоста на надежта“ од Барак Обама, а ќе презентираат и шест нови книги за деца.

Па ајде читатели мои драги, почнете веднаш, кој што ќе купи, кој што препорачува, што не смееме да пропуштиме на овој саем, кој од Вас ќе биде таму... Сакам да ги знам сите детали...

Извор: sakamknigi.mk


Едвај чекам да започне, веќе имам направено листа на книги кои би сакала да ги купам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom