Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Митрополитот на Руската православна црква Иларион Алфејев, задолжен за надворешни работи на Московската патријаршија, изјави дека руската црква е подготвена да помогне во наоѓањето решение за статусот на МПЦ. Москва може да понуди решенија врз основа на сопственото искуство во надминувањето на расколот.

Ние сме подготвени да бидеме посредници“, изјави митрополитот Алфејев за Бугарското национално радио за време на посетата на рускиот патријарх Кирил на Софија.

Митрополитот, како што пренесува Дојче веле, смета дека најважно е Македонската православна црква да се врати на канонскиот поредок и оцени дека постојат многу модели, без изрично признавање на афтокефалноста, на некоја црква да и се даде фактичка самостојност.

Тој порача дека е неопходно да се најде модел кој би бил задоволителен за македонската црква, но кој би бил во согласност со каконскиот поредок на православието.

- Мислам дека не треба да се држиме до грчките изрази, како што се автокефалност или автономија. Неопходно е да се постави модел кој ќе ја задоволи Македонската православна црква, но која ќе и овозможи да ги одржи контактите со канонските православни цркви и да не остане надвор од процесот, како што е сега, рече Иларион. Пред се, вели, Српската православна црква и Македонската православна црква требаат тоа прашање да го решаваат преку дијалог.

Тој додаде и дека Балканот е комплексен регион и дека не е случајност што светските војни започнале на Балканот, а денес регионот е раскрсница на две цивилизациски парадигми. Од една страна западната цивилизација, која работи во корист на секуларните вредности и од другата е источно-христијанското наследство, кое е зачувано од локалните цркви. Иларион нив ги оценува како многу значајни во процесот на глобализација, кога балканските земји ќе се интегрираат во ЕУ. Многу е значајно тие „да не ја загубат својата национална самобитност“, да ги зачуваат своите духовно-морални вредности, кои ги наследиле од предците и кои ги задржале и покрај прогонувањата за време на турското владеење.

Митрополитот нагласи и дека за православието е значајно наследството на светите браќа Кирил и Методиј. За Русите, Бугарите, Србите, но и за Полјаците, Чесите, Словаците се работи за голем подвиг на овие светители во создавањето на словенскиот јазик.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4B2323FA613A1C44A97CE074D97EF0E5
 
На сите им одговара да се мешаат во вакви спорови. Колку подолго траат "договорите", толку повеќе пари ќе се влечат. Колку повеќе страни, толку порасцепкани канали за перење.
--- надополнето: 1 мај 2012 во 20:51 ---
Амин.
 
Охридската Архиепископија е постара од Пеќската патријаршија.....не гледам причини за преговори, па дури и мешање од трети страни.
Проблемот во двете цркви е политиката
 
Од олеснувачи и посредници ни е преку глава,видовме во 2001 колку ни го “олеснаа“ животот
 
...

Тој додаде и дека Балканот е комплексен регион и дека не е случајност што светските војни започнале на Балканот, а денес регионот е раскрсница на две цивилизациски парадигми. Од една страна западната цивилизација, која работи во корист на секуларните вредности и од другата е источно-христијанското наследство, кое е зачувано од локалните цркви. Иларион нив ги оценува како многу значајни во процесот на глобализација, кога балканските земји ќе се интегрираат во ЕУ. Многу е значајно тие „да не ја загубат својата национална самобитност“, да ги зачуваат своите духовно-морални вредности, кои ги наследиле од предците и кои ги задржале и покрај прогонувањата за време на турското владеење.

Митрополитот нагласи и дека за православието е значајно наследството на светите браќа Кирил и Методиј. За Русите, Бугарите, Србите, но и за Полјаците, Чесите, Словаците се работи за голем подвиг на овие светители во создавањето на словенскиот јазик.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4B2323FA613A1C44A97CE074D97EF0E5

.

Се’ додека на луѓето (“христијаните“ како и нехристијаните) се’уште им е нивната “славна“ традиција, институција и нација поважна од Мудроста БОЖЈА (Логос) и Нејзината прачиста инкарнација (Исус), планетата земја и мнозинството на нејзините жители ќе биде далеку од БОЖЈОТО Царство, во кого владее вистинска љубов, мир, радост, праведност, ... и кадешто:

... нема повеќе ни Грци, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а се’ и во се’ е - Мудроста БОЖЈА - Христос!

(Колосј.3:11)

п.с. Што мислите (?), дали случајно најголемите војни во историјата на човештвото се случија баш помеѓу следбениците на грчко/римските традиции?o_O

.
 
Јас сеуште неможам да сватам,што е проблемот со нашата МПЦ ?? не сум се интересирал ама ето сега се заинтересирав ...
не е до проблемот за нашата МПЦ туку до СПЦ исто слично како со гејција околу името;)
 
Јас сеуште неможам да сватам,што е проблемот со нашата МПЦ ?? не сум се интересирал ама ето сега се заинтересирав ...
МПЦ е се провозгласила автокефалност, а автокефалноста се дава. СПЦ не дава автокефалност,но сака да даде аутономност. Да не зборуваме,дека има един многу поголем спор от XX век, дали СПЦ има право врз този диоцез. СПЦ е подкупила Вселенската патриашиja за да признае неjниот диоцез.
За да биде МПЦ во единство во светата православна црква, сите православни цркви мора да ja признаат,а тоа се уште не се е случило от нито една.
Едно от наjбитните работи,кога една црква не е автокефална - нема право да вари миро и да провозгласува светци.
До този момент има 15 автокефални православни цркви.
 
Бог да чува...значи на празно сме крштевани,сме крштевале и све тоа?? тоа сакаат да го направат соседите?? навистина не се фер,од сите страни сме поттиснати!
 
Тоа не го прават,а МПЦ е обjaвила автокефалност и се е отделила сама от СПЦ,а тоа води до непризнаване на автокефален статут и до непризнаване на црквата от сите други цркви.
 
Од каде овој податок дека сме се отделиле??

Колку што знам 1767 е укината од страна на сулатанот Мустафа..

http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=2&pid=5&ppid=97&tid=1470
 
Бог да чува...значи на празно сме крштевани,сме крштевале и све тоа?? тоа сакаат да го направат соседите?? навистина не се фер,од сите страни сме поттиснати!

Биди спокоен, не сме напразно крштевани, оти и Светите тајни и молитвите се ефективни и во МПЦ-ОА, иако сме „не признаени„ и во литургиско неединство со помесните православни Цркви.

Проблемот е чисто политички, значи световен, а не црковен, иако се одразува и на црковното битисување за верните од МПЦ.
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 09:08 ---
Тоа не го прават,а МПЦ е обjaвила автокефалност и се е отделила сама от СПЦ,а тоа води до непризнаване на автокефален статут и до непризнаване на црквата от сите други цркви.

fini,

се изначитавме прикаски дека МПЦ ѓоамити се одделила од СПЦ. Доволно е да видиме кој ја формира пеќката патријаршија, т.е. доволно е да видиме кој и од каде го ширеше рисјанството на Балканов.
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 09:55 ---
.

Се’ додека на луѓето (“христијаните“ како и нехристијаните) се’уште им е нивната “славна“ традиција, институција и нација поважна од Мудроста БОЖЈА (Логос) и Нејзината прачиста инкарнација (Исус), планетата земја и мнозинството на нејзините жители ќе биде далеку од БОЖЈОТО Царство, во кого владее вистинска љубов, мир, радост, праведност, ... и кадешто:

... нема повеќе ни Грци, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а се’ и во се’ е - Мудроста БОЖЈА - Христос!

(Колосј.3:11)

п.с. Што мислите (?), дали случајно најголемите војни во историјата на човештвото се случија баш помеѓу следбениците на грчко/римските традиции?o_O

.

Како што би рекол мојот парохиски свештеник, во еден наш разговор: кога Црквите ќе почнат да зборуваат за Христа а не за световни теми, тогаш ќе нема проблеми меѓу нив...
 
fini,

се изначитавме прикаски дека МПЦ ѓоамити се одделила од СПЦ. Доволно е да видиме кој ја формира пеќката патријаршија, т.е. доволно е да видиме кој и од каде го ширеше рисјанството на Балканов.
Ако вака одеха работите, ке беше многу лесно, но не одат баш вака.

Бог да чува...значи на празно сме крштевани,сме крштевале и све тоа?? тоа сакаат да го направат соседите?? навистина не се фер,од сите страни сме поттиснати!
Jaс не знам дали МПЦ си вари сама миро, но како цело таа нема право според неjниот ранг, би требало да го получава от СПЦ. Тоа е една от наjголемите разлики мегу автономната црква и автокефалната таква.
 
Ако вака одеха работите, ке беше многу лесно, но не одат баш вака.

Jaс не знам дали МПЦ си вари сама миро, но како цело таа нема право според неjниот ранг, би требало да го получава от СПЦ. Тоа е една от наjголемите разлики мегу автономната црква и автокефалната таква.

Не одат, затоа што некој не сака да одат. Кога Црквите би се држеле до редот и вероучението и не би се занимавале со дневна политика, национализам, желба за имот и слично, проблемите помеѓу Црквите би се решавале по лесно.
 
Ако црквите вака се држеха до днес ке имавме само 4 цркви (Цариградска, Александриjска, Антиохиjска и Jeрусалимска )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom