Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Поимот Македонче е баш отсликлив на моменталната ситуација. Дркање на Вучиќ и Путин се дел од фолкророт на нашиот отепан менталитет, а и исто тоа дека заради Западот сме станале коруптивни е доказ за немоќта и инфериорноста на овој народ. Класичен пример на инфериорност се Кнез, Декстер, Баче и останати членови кои не знаат главата кај им е, ама знаат дека сето зло е исклучива вина на западот, а невините Македонци се жртви, па затоа ако Русите и Кинезите дојделе и сме стапеле во војна против Албанците тогаш ќе одело на подобро. Кој е планот да се истребат сите албанци од нашата територија или патриотски да се даде дел од територијата на Албанците? Нели кукате дека Албанците се спремале за Г.Албанија и фрлате по нив со дрва и камења? А па од друга страна тврдите дека МАНУ, Љубчо и Доста биле во право и требало да се даде дел. Ако се дадеа Гостивар, Тетово и Дебар што ќе правевме со скопските, кумановските и струшките Албанци? Ќе ги носевме во логор?
Јас па не мислам дека Западот го измисли превработувањето во администрација, туку е автентично за Балканските народи(како и корупцијата до најниско возможно ниво). Туку баш напротив западот е многу помалку зафатен со оваа болест, која матер и споеба на нашата економија.

Хехе, немој сега со картата на инфериорноста, ако некој е одличен пример за тоа на форумов, тоа си ти со твоите коментари дека Македонците се никој и ништо и дека мораат да прифатат нечија хегемонија и да се помират со картите кои им биле поделени. Да си имал барем малку памет во таа шупливата тиква која ти виси над рамењата, би знаел барем да предложиш некоја алтернатива, наместо да повикуваш на покорување.

Јас никогаш не сум ја поддржувал аМАНУ (анти-македонска), но иако во 2001 година не се согласував со идејата на поделба, сепак денес истата многу повеќе ми делува прифатливо во споредба со канцерогениот мир кој го живееме. Подобро е да се отстрани дел од здравото ткиво заедно со канцерот, отколку да се остави канцерот да продолжи да се шири низ оние делови од организмот кои сеуште се здрави.

Кога сме кај корупцијата, повеќе од очигледно е дека појма немаш за западот и корупцијата во тие рајски делови од светот, бидејќи во спротивно би знаел дека ЕУ ја водат истите корумпирани функционери на кои им е забрането да држат јавни функции во своите матични држави бидејќи веќе биле осудени за корупција, а кај нашите пријатели САД на 2 од последните 4 претседатели им бил изгласан импичмент, но добро ај тоа е популистичка парламентарна политика, ама затоа па додека имаат пари за спонзорирање на државни удари во држави кои ништо не им згрешиле, сепак немаат пари за загадени водоводи во населени места во кои живеат над 100.000 (СТОТИНА ИЛЈАДИ) жители. Ама што се па 100.000 жители во држава од над 320 (ТРИСТА И ДВАЕСЕТ) милиони жители, ситна боранија.

Нашите пријатели од западот немаат проблем со болеста на корупцијата, бидејќи од поодамна се дават во епидемија на корупција, па останува единствено да се надеваме дека пандемијава на корона вирус ќе потрае и ќе удри посилно врз американската економија и врз европските економии за да можеби и ти научиш нешто во врска со епидемијата во која се дават нашите пријатели од западот.

Ти говориш за дипломатија, хомогеност и работа. Повели дај пример за тоа како овие фактори би придонеле за ставање крај на овој апартхејд.

Од дипломатијата досега видовме единствено чемберленизам - попуштање во корист на агресорите, а за возврат си добиваме прст во уста.

Од хомогеноста досега единствена хомогеност која постои е во апартхејдските закони кои ги усвојува анти-македонскиот Парламент и хомогеноста во вработувањата во државната и јавната администрација по партиска и етничка линија.

Од работа досега видовме единствено вработувања по принципот клати врата-земај плата.

Не знам каде си прочитал некој тука да пишал дека ако дојдат Русите и/или Кинезите на Балканот, ќе сме имале војна против рамковнистите и ќе сме тргнеле кон подобро. Јас единствено реков дека овој правец во кој се движиме повеќе од 20 години е погрешен и немаме никаква корист од истиот, а ако веќе мораме да бираме страна, Кинезите како втора најголема индустриска и економска сила во светот би биле добра опција.

Бидејќи нели Русите ниту ни се пријатели, ниту сојузници, а и цел свет ги има отпишано како поранешна светска сила - само не разбирам што толку им воведуваат санкции ако се толку небитни како држава - Кинезите би биле добра алтернатива, бидејќи ниту се демократска држава, ниту па се обидуваат да глумат демократија.
 
1598635512229.png
Тешко е да се поверува, но ова е оперативното училиште број 7 во Уст-Кут, за кое Министерството за градежништво на регионот Иркутск не смета дека е вонредно, бидејќи, според нив, се наоѓа во многу подобра состојба од другите училишта.
 
Прегледај го приврзокот 264223

Зошто е тешко да се поверува? Има многу затуцани места во Русија заглавени во СССР. Овој град претпоставувам е некаде во Источен Сибир.
 
Прегледај го приврзокот 264223
Тешко е да се поверува, но ова е оперативното училиште број 7 во Уст-Кут, за кое Министерството за градежништво на регионот Иркутск не смета дека е вонредно, бидејќи, според нив, се наоѓа во многу подобра состојба од другите училишта.

Точно.
 
Денес е годишнина од трагедијата во Беслан (Северен Кавказ, Русија). Терористите земаат заложници ученици, родители и наставници на првиот училишен ден. Руските безбедносни сили упаднаа во окупираното училиште. 366 деца загинаа во престрелката што следеше. Поклон на невините души.
1598951370978.png
 
Пак Новичок.

Омилен афродизијак на Путин.
Да бе... ептен неспособни Русите... Го имале во Сибир... покрај сите хемикали кои не оставаат никаков траг, покрај лсд на пример кој никако не може да се открие тие решиле со новичок да го трујат и на крај од Сибир го пуштиле во Германија тек така...... пародија...

Дај бе размислувај со своја глава...
 
Poarno nekoj navodno pijan sofer da go krenese nad hauba otkolku vaka da se blamiraat. Znaci nesposobni dottuka bidva, cccccc.
 
Kolku galama se kreva okolu truenjava....a Bojko što krši vratovi nikoj ni da zucne....

Zaharova susret Vučića i Trampa uporedila sa scenom iz "Niskih strasti"

Вучиќ до Захарова: Можев и да клекнам, ама седев на столче за да го подигнам угледот на Србија

И сега што? Захарова се извини потоа, погрешно била `протолкувана` ама изјавата доволно зборува дека некои работи не треба да се земаат здраво за готово, а тие веројатно си имале земено. Не знам сега што ќе прават порталите од типот „Овај згрмел и лупнал на маса“...
 
Ко Крушчов кога маваше со кондура во собрание на ООН. Врвот на дострелот на Руската цивилизација.
 
Ко Крушчов кога маваше со кондура во собрание на ООН. Врвот на дострелот на Руската цивилизација.
аиииииии и ти си бил љубител на Возвишената западна цивилизација, зошто мислев дека поинаку гледаш на работите!
И што велиш врвен дострел на руската цивилизација е мавање со кондура, настан за кој патем нема докази дека некогаш се случил, сигурно и ова што велат со единствената свемирска станица е дело на Возвишената западна цивилизација, ама зошто велат дека била советска па руска, сигурно од злоба ќе да е!

Mir_from_STS-81-1024x1024.jpg
 
Ај тоа види го можат вселенска станица а неможат да направат сендвичара за хамбургери. Приоритети...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom