- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.347
- Поени од реакции
- 13.140
Поимот Македонче е баш отсликлив на моменталната ситуација. Дркање на Вучиќ и Путин се дел од фолкророт на нашиот отепан менталитет, а и исто тоа дека заради Западот сме станале коруптивни е доказ за немоќта и инфериорноста на овој народ. Класичен пример на инфериорност се Кнез, Декстер, Баче и останати членови кои не знаат главата кај им е, ама знаат дека сето зло е исклучива вина на западот, а невините Македонци се жртви, па затоа ако Русите и Кинезите дојделе и сме стапеле во војна против Албанците тогаш ќе одело на подобро. Кој е планот да се истребат сите албанци од нашата територија или патриотски да се даде дел од територијата на Албанците? Нели кукате дека Албанците се спремале за Г.Албанија и фрлате по нив со дрва и камења? А па од друга страна тврдите дека МАНУ, Љубчо и Доста биле во право и требало да се даде дел. Ако се дадеа Гостивар, Тетово и Дебар што ќе правевме со скопските, кумановските и струшките Албанци? Ќе ги носевме во логор?
Јас па не мислам дека Западот го измисли превработувањето во администрација, туку е автентично за Балканските народи(како и корупцијата до најниско возможно ниво). Туку баш напротив западот е многу помалку зафатен со оваа болест, која матер и споеба на нашата економија.
Хехе, немој сега со картата на инфериорноста, ако некој е одличен пример за тоа на форумов, тоа си ти со твоите коментари дека Македонците се никој и ништо и дека мораат да прифатат нечија хегемонија и да се помират со картите кои им биле поделени. Да си имал барем малку памет во таа шупливата тиква која ти виси над рамењата, би знаел барем да предложиш некоја алтернатива, наместо да повикуваш на покорување.
Јас никогаш не сум ја поддржувал аМАНУ (анти-македонска), но иако во 2001 година не се согласував со идејата на поделба, сепак денес истата многу повеќе ми делува прифатливо во споредба со канцерогениот мир кој го живееме. Подобро е да се отстрани дел од здравото ткиво заедно со канцерот, отколку да се остави канцерот да продолжи да се шири низ оние делови од организмот кои сеуште се здрави.
Кога сме кај корупцијата, повеќе од очигледно е дека појма немаш за западот и корупцијата во тие рајски делови од светот, бидејќи во спротивно би знаел дека ЕУ ја водат истите корумпирани функционери на кои им е забрането да држат јавни функции во своите матични држави бидејќи веќе биле осудени за корупција, а кај нашите пријатели САД на 2 од последните 4 претседатели им бил изгласан импичмент, но добро ај тоа е популистичка парламентарна политика, ама затоа па додека имаат пари за спонзорирање на државни удари во држави кои ништо не им згрешиле, сепак немаат пари за загадени водоводи во населени места во кои живеат над 100.000 (СТОТИНА ИЛЈАДИ) жители. Ама што се па 100.000 жители во држава од над 320 (ТРИСТА И ДВАЕСЕТ) милиони жители, ситна боранија.
Нашите пријатели од западот немаат проблем со болеста на корупцијата, бидејќи од поодамна се дават во епидемија на корупција, па останува единствено да се надеваме дека пандемијава на корона вирус ќе потрае и ќе удри посилно врз американската економија и врз европските економии за да можеби и ти научиш нешто во врска со епидемијата во која се дават нашите пријатели од западот.
Ти говориш за дипломатија, хомогеност и работа. Повели дај пример за тоа како овие фактори би придонеле за ставање крај на овој апартхејд.
Од дипломатијата досега видовме единствено чемберленизам - попуштање во корист на агресорите, а за возврат си добиваме прст во уста.
Од хомогеноста досега единствена хомогеност која постои е во апартхејдските закони кои ги усвојува анти-македонскиот Парламент и хомогеноста во вработувањата во државната и јавната администрација по партиска и етничка линија.
Од работа досега видовме единствено вработувања по принципот клати врата-земај плата.
Не знам каде си прочитал некој тука да пишал дека ако дојдат Русите и/или Кинезите на Балканот, ќе сме имале војна против рамковнистите и ќе сме тргнеле кон подобро. Јас единствено реков дека овој правец во кој се движиме повеќе од 20 години е погрешен и немаме никаква корист од истиот, а ако веќе мораме да бираме страна, Кинезите како втора најголема индустриска и економска сила во светот би биле добра опција.
Бидејќи нели Русите ниту ни се пријатели, ниту сојузници, а и цел свет ги има отпишано како поранешна светска сила - само не разбирам што толку им воведуваат санкции ако се толку небитни како држава - Кинезите би биле добра алтернатива, бидејќи ниту се демократска држава, ниту па се обидуваат да глумат демократија.