Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Се јавија релативизаторите... Како бе во делот на демократија ги изедначуваш Русија и Западот? Плус Западот вклучува повеќе земји каде ситуацијата од случај до случај е различна. Можат да се споредуваат Русија и САД ама само во некои сегменти, никако општо. Ама дури смешно е да се споредува Русија со Германија или скандинавските земји, на пример. Не зборам за тоа кој учествувал во војни и кој повеќе узурпирал туѓи територии. Зборам исклучиво за демократија и човечки права во самата земја.

Еве со пример, еден другар се гледа со девојка што 5-6 години живеела и студирала во Русија. Јас не сум разговарал со неа лично на темата подетално, ама од тоа што ни го има раскажано на мене лично ми се крева косата. Да не ти се верува колку државата е поставена пред поединецот, колку настојува да го контролира движењето и однесувањето на луѓето и со тоа колку се ограничуваат човековите слободи.

А за тоа дека Русија ни е некаква алтернатива на Македонците и порано имам пишувано дека не држи вода. Ниту некогаш ниту сега ни имаат помогнато кога имале шанса. Не може ни да се спореди што се сме добиле од европските земји и НАТО а што од нив. Тука е останат некој за мене нејасен мит дека Русите се добрите момци а Американците лошите, што дури мислам дека ако утре Путин реши да ни направи инвазија некои (обично постари луѓе) ќе ги пречекаат со цвеќе.

Така де, овие протестиве поради смртта на Џорџ Флојд во САД се поради демократијата и човечките права кои обичниот американски смртник ги ужива.

Масата лесно се заведува со расата

Во прекрасната Германија за која ти зборуваш, властите се обидуваа да ги прикријат групните силувања на жени во декември 2015 од страна на увезените имигранти со кои Ангела Меркел правеше селфиња, а нејзината сопартијка градоначалничка на Келн дури и имаше тестиси за јавно да изјави дека жртвите на силување самите си го барале бидејќи биле "провокативно дотерани".

Во скандинавските држави Шведска цвета како лулка на организиран криминал и секојдневни пресметки помеѓу тамошната мафија - вклучувајќи и пресметки со бомби, ова не го измислувам јас, ова го вели статистиката на рајската ЕУ во која течат реки од француски мед и германско млеко.

Единствениот нејасен мит кој ти одбиваш да го потврдиш, е митот дека ние всушност сме добиле нешто добро од западните држави и од НАТО - кои единствено што имаат увезено на Балканот е тероризам.

Еве ти го најтазе примерот, во статија на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг - најверојатно се руски релативизатори, нема друго објаснување.

ФАЦ: Експеримент на Заев и Ахмети со новата влада

Во Северна Македонија на сцена е разградување на парламентарниот систем и негово претворање во консензуална демократија во која е најважно етничкото потекло. Анализи на ФАЦ за коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ.

...

„Во меѓувреме, моделот на поделба на власта во Северна Македонија некои ги потсети на Либан - и се надеваат дека успехот нема да биде ист како и таму“, заклучува ФАЦ.

Фала им што не` претворија во Бејрут, и фала ти на тебе бидејќи ги браниш и ги релативизираш нивните подароци од кои блескаме.
 
Последно уредено:

Ако сметаш дека Западот ни дал само тероризам и ништо повеќе дефинитивно имаш проблем. Самата независност и признавање од ООН Македонија и го должи на западните сили. Од тогаш па наваму направени се купишта проекти со странски донации, отворени се странски фирми, реновирани училишта, патишта, стадиони, сали итн. со пари од европски фондови. Да не зборам за можностите што ги имаат младите преку студентските проекти за размена и сл. Можеме само од инает да збориме дека ете лошиот запад ништо не ни помогнал и да ја величиме добрата и православна Русија без разлика што таа не ни мрднала со прст за нас. Определбата кон Западот е нормален и логичен пат по кој Македонија треба да оди. Да, има и други алтернативи ама ниту една не е подобра.

Тука си постирал примери за САД, Германија и Шведска а ниту еден од тие три примери не удира баш во поентата на муабетот. Ова со Џорџ Флојд во САД е голем проблем, не негирам. Жално е што во 2020 година уште се зборува за расизам. Ама тоа не ги опфаќа сите граѓани на САД. А верувај ниту па сите црнци се загрозени и узурпирани. Тоа во никој случај не ја нарушува општата слика дека САД е далеку пред Русија во демократските права. Ти реков во претходниот пост дека со САД прифаќам споредби ама само во некои сегменти на општеството, никако поинаку.

Ова за Германија и Шведска се однесува на сосема други работи. Германија има проблеми со мигрантите токму поради тоа што е едно од најотворените и најдемократски општества. Не е глупост туку лудост да правиш споредба меѓу германското и руското општество. Види само колку луѓе годишно се отселуваат во Германија а колку во Русија.

Во Шведска имало криминал? Каде тоа нема? Како е тоа тема на муабет тука? Во Русија сите се чесни? Хаха не ме смеј... Шведската мафија била страв и трепет. Убаво што ете Русија не е прочуена по мафијашки пресметки, сомнителни убиства и олигархија... Уствари чекај...
 
Е добро де, не мора сам, доволно е само да се држи дистанца - исто како во пандемија, но не само физичка дистанца, туку и политичка.

Во основа тоа би значело да го примениме кон западот кристално истиот третман кој го применуваме и кон Русија, Кина и други држави, или па да отидеме уште подалеку и да ги сведеме дипломатските односи со западот на исто ниво како со латиноамериканските држави - ниту едно дипломатско претставништво. Ма да имавме едно време амбасада во Бразил, ама плавите жолтици одлучија дека не сме имале потреба од дипломатски претставништва во тој дел од светот.

Од наследниците на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија треба да се држи дистанца, а не да се влегува во сојуз со нив, а уште помалку па да ги нарекуваме наши пријатели, исто како што со децении држиме дистанца од наследниците на Јосиф Висарионович Сталин и Советскиот Сојуз.

Ако можеме да се држиме на дистанца од едните, тогаш можеме да се држиме на дистанца и од другите.
не
не е реалистично тоа

мора да си некаде
таа дистанца или Киро шо викаше - еквидистанца, е нереална работа во вакви поставки, какви што владеат моментално

Тука зборуваме за Македонија.

Или си ко сите други во регионов, или си ко Србија.
Ја не викам да бидеме ко сите други, може и ко Србија, нема фрка, само не сами.
 
Ако сметаш дека Западот ни дал само тероризам и ништо повеќе дефинитивно имаш проблем. Самата независност и признавање од ООН Македонија и го должи на западните сили. Од тогаш па наваму направени се купишта проекти со странски донации, отворени се странски фирми, реновирани училишта, патишта, стадиони, сали итн. со пари од европски фондови. Да не зборам за можностите што ги имаат младите преку студентските проекти за размена и сл. Можеме само од инает да збориме дека ете лошиот запад ништо не ни помогнал и да ја величиме добрата и православна Русија без разлика што таа не ни мрднала со прст за нас. Определбата кон Западот е нормален и логичен пат по кој Македонија треба да оди. Да, има и други алтернативи ама ниту една не е подобра.

Тука си постирал примери за САД, Германија и Шведска а ниту еден од тие три примери не удира баш во поентата на муабетот. Ова со Џорџ Флојд во САД е голем проблем, не негирам. Жално е што во 2020 година уште се зборува за расизам. Ама тоа не ги опфаќа сите граѓани на САД. А верувај ниту па сите црнци се загрозени и узурпирани. Тоа во никој случај не ја нарушува општата слика дека САД е далеку пред Русија во демократските права. Ти реков во претходниот пост дека со САД прифаќам споредби ама само во некои сегменти на општеството, никако поинаку.

Ова за Германија и Шведска се однесува на сосема други работи. Германија има проблеми со мигрантите токму поради тоа што е едно од најотворените и најдемократски општества. Не е глупост туку лудост да правиш споредба меѓу германското и руското општество. Види само колку луѓе годишно се отселуваат во Германија а колку во Русија.

Во Шведска имало криминал? Каде тоа нема? Како е тоа тема на муабет тука? Во Русија сите се чесни? Хаха не ме смеј... Шведската мафија била страв и трепет. Убаво што ете Русија не е прочуена по мафијашки пресметки, сомнителни убиства и олигархија... Уствари чекај...

Не заебавај, приватизацијата во 1990-те години која ја направија плавите жолтици и нивниот папа, и овие фабрикиве за мизерни плати кои ги донесоа пвеводбениците и нивниот пастир се подароци од западот од кои имаме неверојатни бенефиции, не ми е јасно како сме живееле без нив пред 8 септември 1991.

Те молам именувај ги тие патишта, училишта и стадиони, јас ако добро помнам тоа беа популистички и пропагандистички проекти на пвеводбениците и нивниот пастир, па дури и плавите жолтици отворено и јавно изјавуваа дека нема да навиваат на новоизградените северна, западна и источна трибина на градскиот стадион во Скопје бидејќи биле небезбедни и нестабилни.

Што гледаш ти нормално и логично во патот кон таканаречената западна определба - во наметнувањето на економски и општествени политики кои го јадат општеството од внатре ?

Чисто за потсетување, нашите големи пријатели од западот се токму тие кои ни честитаат за секоја самоубиствена политика која сме ја вовеле од 1990-те години со приватизацијата, па преку охридскиот рамковен договор - договорен со посредство на САД, НАТО и ЕУ - во 2001 година и новите граници на општините во 2004 година, па се` до договорот за бришење на македонската историја - пардон, добрососедство - со балкански Татарстан и преспанскиот договор со Гејлада за бришење на се` што ја носи содржи придавката македонско/македонска/македонски. И сигурно за било која наредна самоубиствена политика која допрва ќе ја воведеме, први кои ќе ни честитаат ќе бидат нашите големи пријатели од западот, а не Русија.

За возврат на ваквите самоубиствени политики, јас гледам единствено непрекинлива невработеност, со мали исклучоци како нови вработувања во државна и јавна администрација по партиска и етничка линија, полицајки сами се удираат во пајак-возила, дивоградби цветаат насекаде, воздухот секоја година руши нови рекорди според загаденоста, горивата и струјата поскапуваат, а младите и понатаму заминуваат бидејќи изгледа им здосадиле убавините и бенефициите на животот кој го донесоа плавите жолтици.

Ова е западната определба која за тебе е нормален и логичен пат по кој треба да оди Македонија ?

Извини ме, ама на мене ми делува премногу самоубиствено и бескорисно за обичниот македонски смртник, ако на тебе ти се допаѓа, повели фрли се од најблискиот мост повисок од 10 метри за да го убрзаш твојот нормален и логичен пат кон западот.

А не ги гледам ниту нашите соседи нешто многу среќни и задоволни како резултат на нормалниот и логичниот пат кон западната определба по кој тргнале - гејците се жалат на сиромаштија, татарите и Хрватите фаќаат џаде во странство, а нашиов западен сосед толку се дави во криминал и корупција што чекаат прво да се спуштиме и ние на нивно ниво за заедно да не` фрлат во истиот ЕУ ендек.

Но има и среќа во целата оваа несреќа. Хрватска и балкански Татарстан се подготвуваат да се откажат од сопствените национални валути и да го воведат еврото. Откако ќе го направат тоа, ќе треба само да се чека на наредната светска економска криза за да ги удри силно од земја нормалниот и логичниот избор кој го направија со НАТО и со ЕУ.

Ако потрае оваа пандемијава на корона вирус и удри уште посилно по американската економија и по европските економии, тоа само ќе го забрза процесот на распаѓањето на ЕУ. Како што видовме минатава пролет 2020, први кои избегаа кога започна пандемијата беа имигрантите, па Французите и Италијанците почнаа да се жалат дека немало кој да им ги обработува полињата и кој да им ја собира жетвата. А и нашинци - пардон, македонски татари, бидејќи си заминале со татарски пасоши - почнаа да се враќаат од прекрасната Германија, скапо било здравството таму, па морале да се вратат во овој балкански дел од пеколот.

не
не е реалистично тоа

мора да си некаде
таа дистанца или Киро шо викаше - еквидистанца, е нереална работа во вакви поставки, какви што владеат моментално

Тука зборуваме за Македонија.

Или си ко сите други во регионов, или си ко Србија.
Ја не викам да бидеме ко сите други, може и ко Србија, нема фрка, само не сами.

Ни јас не реков да бидеме како Србија, само реков да држиме дистанца.

Во спротивно, ако веќе мораме да бираме страна, верувај ми дека со тешко срце го велам ова, но лично се согласувам со десноракиот левичарски велешки даскал кој неодамна се накити со пратенички мандат во Собрание, а кој вели дека треба да го бараме нашиот партнер во Кина.

Немам ниту милиграм љубов кон Кинезите, но барем со нив знаеме што следува - тоталитаризам, полициска држава и економски напредок.

Е па не може да имаме се` што ќе посакаме, Русија не ни е православна христијанска сестра која ќе ни излезе во пресрет во тешки времиња, западот од поодамна не` третира како селски тоалет, Кинезите некако делуваа како да беа заинтересирани за терање бизниси со нас додека беа на власт пвеводбениците и нивниот пастир, па можеби ако се фатиме за оро со нив барем ќе имаме некакви вистински бенефиции. На крајот на краиштата најбројна држава се во светот и втора најголема индустриска и економска сила во светот, поголеми се шансите еден ден да се стигне со воз од Скопје до Пекинг за помалку од 24 часа, отколку да видиме некаква вистинска корист од западот.

Но сепак јас лично би ја одбрал дистанцата.
 
Последно уредено:
Какви Кини, Србии, Русии не изигравајте бачевци. Нашиот пат е зацртан од соседите и сферите на влијанија. Сите земји околу нас(минус србендите) се за САД и ЕУ(читај Германија). Секоја друга опција би била поделба на државата со војна. Евентуално како непријател на непријателите треба да се кокетира со турците, пошто како сериозна сила можат малку од малку да ни помогнат со разузнавање, оружје, гас и со по некоја инвестиција.
Кокетирање со Кина, Русија и баграта на Вучиќ пред 5 години ја донесоа државата во 3-годишна криза кога не се отвори ниедна фабрика, ниту во нешто се инвестира. Тоа е нашето опкружување и така треба да се игра за најмалото зло за народецот(иако е илјадници километри од сјајно ова, но картите се разделени, а ние како најслаба точка на Балканот сме во најлоша состојба), а во слободно време вие навивајте за Владимир Владимирович Путин.
 
Повели и ти навивај, вака со овие сегашниве гледам ептен се офајдивме изминативе 30 години.

Всушност, толку се офајдивме што и поделбата повеќе не делува на лоша опција, бидејќи и онака веќе сме поделени на сите останати полиња, освен на полето на територијалната поделба.
 
Таа е реалноста дечко. Ние сме најотепана држава на Балканот. Една Ц.Гора е побитна за САД од отколку Македонија, а да не полемизираме за албанскиот фактор, како и Бугарија и Грција. Складно со тоа, а гледајќи ги територијалните претензии на сите 5 соседа ако ти појдеш против хегемонот над 4 од нив и се формира руска енклава следи неизбежна војна и распад на државата.
Како што кажав картите се поделени и Светот е суров. Имаше пред да влезе ЦГ во НАТО обид за православен сојуз на екс Ју прав.држави под руски патронат, но пропадна како кула од карти. До наредна прилика таа е реалната состојба.
 
Таа е реалноста дечко. Ние сме најотепана држава на Балканот. Една Ц.Гора е побитна за САД од отколку Македонија, а да не полемизираме за албанскиот фактор, како и Бугарија и Грција. Складно со тоа, а гледајќи ги територијалните претензии на сите 5 соседа ако ти појдеш против хегемонот над 4 од нив и се формира руска енклава следи неизбежна војна и распад на државата.
Како што кажав картите се поделени и Светот е суров.

Е па токму поради таквата суровост на светот и поради тие карти кои ни се поделени, јас ти велам дека неизбежната војна и распадот на државата се подобра опција отколку да продолжиме по сегашниов тек.

Кој знае, можеби ќе се офајдиме исто како што се офајдивме 4 години после распаѓањето на Кралство Југославија во април 1941.

Ова пост-2001 општество во кое живееме е канцерогено и иако имавме одлична можност за директно отстранување на канцерот во 2001 година, сепак прифативме хемотерапија, а како што може да се види од изминативе 19 и повеќе години, хемотерапијата е уште повеќе канцерогена, наместо да го ослаби канцерот, истата го зајакнува, слично како да лекуваш алкохолизам со алкохол.

Подобро нека пукне се` што е можно поскоро, па барем да си знаеме дека немаме повеќе што да бараме во овој балкански дел од пеколот, или конечно да не` бидне како нација ослободена од секакви канцерогени елементи, бидејќи вака не ја бива.

Фрлај ги картите.
 
Последно уредено:

Зошто побогу опозициски лидер од друга држава би бил носен од војската во болница ???

Не бе, не се мешаат они ... само онака демократија шират :)
 
Обично заради такви налудничави идеи и тоа пази за не Македонски туку цели на некоја си група таму во Москва гине народ. Пошто во ваква констелација на силите Македонскиот народ како руски привезок би бил физички сотрен до немајкаде и би бил во многу полоша ситуација од моменталната.
А таквите како тебе обично не ни учествуваат во војната, туку газ преку глава бегаат надвор од Татковината. Олади малку, смири се, вдиши длабоко и види што си истрескал. Шака народец со армија рамна на ловно друштво и во топ 5 најсиромашни во Европа ќе го менувал Светот. Тоа што може да го смениме е 99% во нашиот двор. Да средиме со корумпираноста, меѓусебната завист и омраза, како и враќање на свеста за припадноста кон своето племе, ако не од љубов тогаш заради тоа што само како колективитет може да се избориме за опстанок.
Евентуално на соседско ниво да се врземе со 1 од двете посилни словенски земји, но под услов да не' признаат топтан со се црква, јазик, посебна народност, култура итн. А не да лечат фрустрации над нас во 2020 година, како и да туркаме некоја си соработка со Турција против јужните гниди.
Дали Русија ќе владеела тука или САД е исти к*рац друго паковање и небитно за нас.
 
Ти живееш во сон или не си во тек со настаните ?

Именувај една држава со која се граничиме, а која не има признаено топтан како што велиш.

Ти олади, смири се, вдиши длабоко и намали со коментарите за татковината и учествувањето во војна. Трескаш цело време дека сме никој и ништо на Балканот и дека мораме да се помириме со нечија хегемонија, а кога јас ти велам дека ништо нема да добиеме ниту од таквиот однос, раскажуваш приказни за средување со корумпираноста, меѓусебната завист и омраза - кои ги донесоа токму истите тие за чија што хегемонија ти велиш дека треба да ја прифатиме.

Јас не бегав во 2001 година, воопшто не ни планирам да бегам во случај на војна за татковината, освен ако станува збор за некоја од идните слободарски и демократски воени авантури на НАТО агресорите, за нив не можеш ниту да сонуваш дека јас некогаш би се борел.

Ваквиот начин на размислување од твоја страна за армија рамна на ловно друштво и во топ 5 најсиромашни во Европа не е далеку од начинот на кој размислувале Евреите во 1930-те и во првата половина на 1940-те години - да не ги провоцираме Адолф Хитлер и Нацистичка Германија за да не ни наштетат.

Па дури и кога нацистите почнале да ги депортираат и да ги затвораат низ гетата во источна Европа, постарите Евреи и понатаму се спротивставувале на било каков отпор против нацистичката окупација и агресија, само за да не го вознемират Хитлер - изгледа тој им бил добриот во приказната.

Дури во 1943 година, кога веќе им станало јасно на Евреите за Конечното решение на Хитлер и нацистите за таканареченото Еврејско прашање, конечно им текнало да се кренат на востание во Варшавското гето - со рачно изработени оружја, не примиле ама баш никаква помош од надвор - бидејќи одлучиле дека ако веќе се осудени на смрт, тогаш подобро е да умрат на нозе, отколку да бидат истребени како стока или како инсекти. Подоцна следувале и други востанија - некои завршиле успешно, ама тоа дури откако Евреите откриле дека нивни наредни и последни 2 станици се гасните комори и крематориумите.

Но имаш една огромна разлика - Евреите немале држава за да ги штити нивните основни човекови слободи и права, додека ние Македонците имаме. Но благодарејќи на таквите како тебе кои велат дека сме никој и ништо, на добар пат сме да ги стигнеме Евреите во првата половина на 1940-те години.

Дај Боже да не се и мнозинството Македонци овци подготвени за колежот како тебе, само за да не го вознемират хегемонот.
 
Последно уредено:
Обично заради такви налудничави идеи и тоа пази за не Македонски туку цели на некоја си група таму во Москва гине народ. Пошто во ваква констелација на силите Македонскиот народ како руски привезок би бил физички сотрен до немајкаде и би бил во многу полоша ситуација од моменталната.
А таквите како тебе обично не ни учествуваат во војната, туку газ преку глава бегаат надвор од Татковината. Олади малку, смири се, вдиши длабоко и види што си истрескал. Шака народец со армија рамна на ловно друштво и во топ 5 најсиромашни во Европа ќе го менувал Светот. Тоа што може да го смениме е 99% во нашиот двор. Да средиме со корумпираноста, меѓусебната завист и омраза, како и враќање на свеста за припадноста кон своето племе, ако не од љубов тогаш заради тоа што само како колективитет може да се избориме за опстанок.
Евентуално на соседско ниво да се врземе со 1 од двете посилни словенски земји, но под услов да не' признаат топтан со се црква, јазик, посебна народност, култура итн. А не да лечат фрустрации над нас во 2020 година, како и да туркаме некоја си соработка со Турција против јужните гниди.
Дали Русија ќе владеела тука или САД е исти к*рац друго паковање и небитно за нас.
Потстов има три главни моменти за одбележување.
Прво,на Русија не и е потребно да гинат македонски деца за да ја ослободат Русија.
Русија не е окупирана земја и никако не и е потребно некое македонско жртвување.На македонскиот народ му е одземена државата и се бараат начини за нејзино враќање.
Втор,ние зме можеле да смениме нешто во својот двор.
Па кај нас во дворот се распиштолиле секакви западни силеџии заедно со домашниве качаци и ние не можеме ни да излеземе во двор а не пак да менуваме нешто сами.
Трето било сеедно дали тука ќе владеела Русија или Америка .Е па би сакал да се постави ова исто прашање на било кој Албанец од Драч до Гњилане па со задоволство би го прочитал одговорот.
Во одговорот на тоа прашње а тоа е дека се е добро освен Русија да влезе на Балканот,а ако знаеме дека нашите и албанските стратешки нтереси се дијаметрално спротивни лесно човек може да дојде до заклучок дали е сеедно дали Русија или САД ќе доминираат со Балканот
 
Дали САД и албанците го натераа Саша да го преземе Здравје Радово од човекот, кој со своја пот и знаење ја создаде и издигна таа фирма во Македонски бренд?
Дали САД и албанците ги избркаа интелектуалците и форсираа превработување на 130К Македонци во администрација, од кои 90% ги добија тие позиции исклучиво заради тоа што се партиски поттрчковци?
Све нешто на Македончето му е некој крив, а никако самото тоа. Па сега бара Русите да го спаселе, пошто Американците ги форсирале албанците. Утре да дојде РФ тука, повторно Албанците ќе бидат привилегирани. Зошто? Затоа што го држат сиот нарко бизнис, се побројни и похомогени од отепаните Македонци.
Нашиот Македонски двор е полн со ѓубре фрлано од Македонците, смрди, корне, а никој не зема метла да зачисти, туку вперува прст во Албанците, Американците, Германците и кои уште не. Албанците си преценети тука, не ги има ни 15%, газ преку глава се иселени во странство. Утре да се почнат некои реформи кај нас, задутре ќе бидат наши слуги, само проблемот е што ние сме неспособни, раскарани и завидливи. Не е крив ни Африм, ни Џон туку самите ние. И не сметам дека е потребна војна и пролевање на крв, промена на патронот на Балканот и разни бачевски теории, туку дипломатија, хомогеност и работа.
Фан факт, цела интелектуала од МАНУ во 2001 имаше консензус за да се дели Македонија, но не Русите, туку злобните САД го спречија тоа. Дали повторно тоа од МАНУ беше под присила на злобните западњаци или откажувањето од територии беше патриотски чин?
 
Постов е добар за реплика.
Кај македонецот се чувствува голема конфузија во главата за тоа кои се причините за целата наша состојба во моментов.
Па така многу лесно ги плукаме Бугарите и Србите и се правиме големи Македонци и ако некој се обиде да подаде рака за пријателство,се третира како Македонче, југоносталгичар....за во наредниот момент истите тие да го третираат Македонецот како Македонче никакво мрсулаво....
Тоа е случај и со овој дискутант и пост.
Македонците не се ништо повеќе склони кон корупција од другите народи од Западна Европа кои нели ги даваат за пример а не пак од сите останати.
Причините на нашата негативна селекција која се врши во изминативе 30 години доаѓа од надвор па така ни се наметнати водачи како Бранко Љупчо ....кои со волшебно стапче во своите 20-ти години од животот и без никакво работно искуство оперирани од македонски патриотизам и склони кон хедонизам дојдоа до највисоките позиции во македонската држава.
Тоа после се пресликуваше насекаде во изминативе години.
Причините поради кои се случи тоа се Западот и неговите геостратешки цели.
Причината поради која Македонија е во оваа состојба е Запдот на чело со Америка и секој Македонец тоа го чувствува.Разликите се само во тоа како можеме да излеземе од оваа дупка.
Убеден сум дека единствено Русија е наша шанса.
 
Поимот Македонче е баш отсликлив на моменталната ситуација. Дркање на Вучиќ и Путин се дел од фолкророт на нашиот отепан менталитет, а и исто тоа дека заради Западот сме станале коруптивни е доказ за немоќта и инфериорноста на овој народ. Класичен пример на инфериорност се Кнез, Декстер, Баче и останати членови кои не знаат главата кај им е, ама знаат дека сето зло е исклучива вина на западот, а невините Македонци се жртви, па затоа ако Русите и Кинезите дојделе и сме стапеле во војна против Албанците тогаш ќе одело на подобро. Кој е планот да се истребат сите албанци од нашата територија или патриотски да се даде дел од територијата на Албанците? Нели кукате дека Албанците се спремале за Г.Албанија и фрлате по нив со дрва и камења? А па од друга страна тврдите дека МАНУ, Љубчо и Доста биле во право и требало да се даде дел. Ако се дадеа Гостивар, Тетово и Дебар што ќе правевме со скопските, кумановските и струшките Албанци? Ќе ги носевме во логор?
Јас па не мислам дека Западот го измисли превработувањето во администрација, туку е автентично за Балканските народи(како и корупцијата до најниско возможно ниво). Туку баш напротив западот е многу помалку зафатен со оваа болест, која матер и споеба на нашата економија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom