Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека тоталка си ја утнал работава со споредбата.

На рангот на универзитетите најмногу влијаат бројот на трудови со импакт фактор на професорите кои предаваат таму, бројот на странски студенти и уште неколку други работи и нема никаква врска со генералната научната способност на самата држава. Така да еве сосема е нормално да Русија, иако има само еден универзитет во топ 100, да произведе прва вакцина за ковид.

На крај краја (покрај државните инвестиции во некоја област) се' се врти околу студентите/луѓето, ако учиш, се интересираш и имаш добри ментори и пракса тогаш нема голема разлика ако завршиш во УСА, Кина или друго место.
Универзитетските професори на сите универзитети заедно со нивните помошници(асистенти) се покрај образовен во основа научен кадар.Тоа значи дека тие се вреднуваат по однос на научните трудови и нивниот квалитет.
Квалитетот на еден универзитет се одредува по тоа кој се професорите на тој универзитет и каква е технолошката подлога на истиот, за да студентите можат да го научат од најдобрите мајстори(професори) занатот со кој ќе се занимаваат во животот.Најдобрите студенти добиваат понуда од универзитетот да го продолжат своето учење и после тоа и научна работа.Тоа е принципот на универзитетот кој е највисока образовна институција.
Ако е така тогаш тие кои ги вреднуваат универзитетите сигурен сум дека го знаат ова и прават објективна проценка на квалитетот на некој универзитет.
Поентата на мојот претходен пост е во катастрофалната проценка на квалитетот на универзитетите по светот, од страна на "Шангајската листа" и нивната злонамерна необјеклтивност.
Причината за тоа секако дека не е нивната неможност објективно да проценат туку е од финансиско- политичка природа.Истата приказна се случува во секое поле каде тие создаваат "независни објективни или невладини" институции кои мериторно ќе одлучуваат за одредени дејности кои се во нивниот домен.
Сега се надевам дека сум појасен малку.
 
Важно Русија ќе се офајди од продажбата на вакцини. Дали се добри и дали треба да има вакцина за Ковид-19, е многу дискутабилно.

Јас искрено не им верувам на Русите за вакцината, а пре би верувал на Кинезитр, бидејќи Кинеската медицина е светлосни години понапред од цел свет.
 
Е оти вака? Како може ова да се случи? Нели Путин е фин дечко а Русија е колевка на чесноста и православието? Лоши работи има само на Запад, пошто нели они се сатанисти.
 
Паричката има две страни, има многу пософистицирани начини да неутрализираат некого Русиве ако го сакаат тоа а да не изгледа скроз очигледно. Од друга страна западот може вака ефтино да му го смести на Путин и да го обвини за тоа како Скрипалови, за нив Навални е само пиун во целата таа игра.

Јас не би се правел паметен да типувам чие дело е
 
Како бе тоа тие ФСБ толку тромави да не можат да отрујат асално еден противник. Што служба неспособна ќе беше тоа.
Ќе искористам во приликава цитат од големиот Никола Груевски после 27ми април “ Ако сакаа да го убијат, ќе го убијеа““ :icon_lol:
 
Кој знае кој обид за „убиство“ му е ова веќе..
Реално да си на место Путин повеќе ти одговара навистина да го убиеш отколку секоја година одново и одново да го „убиваат“ и тебе да те обвинуваат за тоа :D
 
Паричката има две страни, има многу пософистицирани начини да неутрализираат некого Русиве ако го сакаат тоа а да не изгледа скроз очигледно. Од друга страна западот може вака ефтино да му го смести на Путин и да го обвини за тоа како Скрипалови, за нив Навални е само пиун во целата таа игра.

Јас не би се правел паметен да типувам чие дело е

Не ми беше тоа поентата скроз, друже. Муабетот е дека и тука на форумов а и општо кај нас често се прави слика дека се што е од Русија е добро, светло и праведно, а се што е од Запад е лошо, негативно и е дел од некаква теорија на заговор. А работите никогаш нема да бидат така црно-бели. Мене лично ми се гади кога некој го велича Путин, еден од најголемите диктатори во моментот, само за да се оцрни САД или некоја западна сила. Светлосни години е далеку Русија од демократија.
 
Навални покрај владата има и други противници. Пред некое време тој беше поплавен со боја по лицето од претставник на НОД. Тоа беше блиску да изгуби визија.
 
Како бе тоа тие ФСБ толку тромави да не можат да отрујат асално еден противник. Што служба неспособна ќе беше тоа.
Ќе искористам во приликава цитат од големиот Никола Груевски после 27ми април “ Ако сакаа да го убијат, ќе го убијеа““ :icon_lol:

Нивните предци од КГБ сигурно се превртуваат во гробовите, со чадори убиваа дисиденти во странски држави, а овие трапавиве па не знаат да убијат некој на сопствена територија, а притоа знаат и каде е` и што прави, па дури и кога го држат во притвор не знаат да го убијат.

Не ми беше тоа поентата скроз, друже. Муабетот е дека и тука на форумов а и општо кај нас често се прави слика дека се што е од Русија е добро, светло и праведно, а се што е од Запад е лошо, негативно и е дел од некаква теорија на заговор. А работите никогаш нема да бидат така црно-бели. Мене лично ми се гади кога некој го велича Путин, еден од најголемите диктатори во моментот, само за да се оцрни САД или некоја западна сила. Светлосни години е далеку Русија од демократија.

Па и западот е светлосни години далеку од демократија.

Единствено заедничко што имаат Русија и западот се интересите, со разликата што во Русија интересите се сконцентрирани во група олигарси кои се блиски до претседателот на државата, додека на запад интересите се сконцентрирани во лобистички групи кои учествуваат во наддавање кој нивен претставник ќе победи на наредните избори.

Сликата дека се` што е од Русија е добро, светло и праведно е најобичен мит, но истиот го гради токму тој западот за кој ти велиш дека се прави слика дека се` што доаѓа од истиот тој запад е лошо.

Историјата ја имаш црно на бело - во изминативе 20 години, слободарскиот и демократскиот запад напаѓа и бомбардира држави кои ништо не му згрешиле, на нивни територии создава марионетски држави, им дава кредити за да го обноват тоа што западот го уништил, и на крајот марионетските држави треба да ги враќаат тие кредити со камата.

Во општество во кое функционираат истражувачките органи, судските органи и правната држава, таквите постапки од злосторник кон жртва се нарекуваат рекет и лихварство, и се казниви како кривични дела.

Русија изобилува од такви "добронамерници" со лепливи прсти - за волја на вистината, и северенфиромистан може да се пофали со изобилие на такви ѓубриња од луѓе - но ете, нивните злосторства се сведени на тероризирање на локални населенија, додека слободарскиот и демократскиот запад тероризира цели нации. Во Ирак на пример, има делови кои се толку силно озрачени од осиромашен ураниум, така што добар дел од новороденчињата во тие делови не го дочекуваат живи својот прв роденден. Ова е само еден од безбројните примери за благодетите кои западот му ги има донесено на човештвото. Како најнов играч во НАТО орото од 2020 година па понатаму, северенфиромистан ќе има подеднаква вина и одговорност за сите понатамошни постапки - вклучувајќи ги и злосторствата - на овој воен сојуз.

А митот дека се` што е од Русија е добро, светло и праведно, потекнува токму од фактот дека Русија досега не се има вовлечено во вакви повеќедецениски крвопролевања. Со исклучок на војната со Грузија во 2008 година и анексијата на Крим во 2014 година, Русија нема демонстрирано нешто сила низ светот, ниту па се обидува да глуми извозник на слобода и демократија.

За да биде срамот уште поголем за слободарскиот и демократскиот запад, токму Русија ја започна пресвртницата во граѓанската војна во Сирија во 2015 година кога започна да ги бомбардира упориштата на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија. Но тоа не го даваа на СиЕнЕн/БиБиСи/ЕјБиСи/СиБиЕс/ЕнБиСи/Фокс Њуз и таквите како нив, туку го даваа крвникот Џон Мекејн како посетува подземно засолниште на истите тие ѓубриња од луѓе во Сирија, во кое рачно се изработуваа оружје и муниција за нивните терористички цели и потреби.

Се согласувам дека не се` што е од Русија е добро, светло и праведно, ама кога човек ќе види какви се` подароци западот ни има донесено од 2001 година па наваму, подобро е човек да остане сам отколку да биде во друштво на такви "пријатели".
 
Последно уредено:
Oтруениoв :pivo2:мртoв би му бил пoсилен прoтивник нa Путин oткoлку жив,тaкa дa....
 
Се согласувам дека не се` што е од Русија е добро, светло и праведно, ама кога човек ќе види какви се` подароци западот ни има донесено од 2001 година па наваму, подобро е човек да остане сам отколку да биде во друштво на такви "пријатели".
Не е реалистично да остане сам.
 
Не е реалистично да остане сам.

Е добро де, не мора сам, доволно е само да се држи дистанца - исто како во пандемија, но не само физичка дистанца, туку и политичка.

Во основа тоа би значело да го примениме кон западот кристално истиот третман кој го применуваме и кон Русија, Кина и други држави, или па да отидеме уште подалеку и да ги сведеме дипломатските односи со западот на исто ниво како со латиноамериканските држави - ниту едно дипломатско претставништво. Ма да имавме едно време амбасада во Бразил, ама плавите жолтици одлучија дека не сме имале потреба од дипломатски претставништва во тој дел од светот.

Од наследниците на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија треба да се држи дистанца, а не да се влегува во сојуз со нив, а уште помалку па да ги нарекуваме наши пријатели, исто како што со децении држиме дистанца од наследниците на Јосиф Висарионович Сталин и Советскиот Сојуз.

Ако можеме да се држиме на дистанца од едните, тогаш можеме да се држиме на дистанца и од другите.
 
Последно уредено:
Имам живеено 3 години во Москва. Разбрав една работа за Русиja: држава се пише со најголеми букви, човек со најмали. Ако некој мисли дека е во интерес на државата, човечки живот и судба не чинат пет пари.
 
Па и западот е светлосни години далеку од демократија.

Единствено заедничко што имаат Русија и западот се интересите, со разликата што во Русија интересите се сконцентрирани во група олигарси кои се блиски до претседателот на државата, додека на запад интересите се сконцентрирани во лобистички групи кои учествуваат во наддавање кој нивен претставник ќе победи на наредните избори.

Сликата дека се` што е од Русија е добро, светло и праведно е најобичен мит, но истиот го гради токму тој западот за кој ти велиш дека се прави слика дека се` што доаѓа од истиот тој запад е лошо.

Историјата ја имаш црно на бело - во изминативе 20 години, слободарскиот и демократскиот запад напаѓа и бомбардира држави кои ништо не му згрешиле, на нивни територии создава марионетски држави, им дава кредити за да го обноват тоа што западот го уништил, и на крајот марионетските држави треба да ги враќаат тие кредити со камата.

Во општество во кое функционираат истражувачките органи, судските органи и правната држава, таквите постапки од злосторник кон жртва се нарекуваат рекет и лихварство, и се казниви како кривични дела.

Русија изобилува од такви "добронамерници" со лепливи прсти - за волја на вистината, и северенфиромистан може да се пофали со изобилие на такви ѓубриња од луѓе - но ете, нивните злосторства се сведени на тероризирање на локални населенија, додека слободарскиот и демократскиот запад тероризира цели нации. Во Ирак на пример, има делови кои се толку силно озрачени од осиромашен ураниум, така што добар дел од новороденчињата во тие делови не го дочекуваат живи својот прв роденден. Ова е само еден од безбројните примери за благодетите кои западот му ги има донесено на човештвото. Како најнов играч во НАТО орото од 2020 година па понатаму, северенфиромистан ќе има подеднаква вина и одговорност за сите понатамошни постапки - вклучувајќи ги и злосторствата - на овој воен сојуз.

А митот дека се` што е од Русија е добро, светло и праведно, потекнува токму од фактот дека Русија досега не се има вовлечено во вакви повеќедецениски крвопролевања. Со исклучок на војната со Грузија во 2008 година и анексијата на Крим во 2014 година, Русија нема демонстрирано нешто сила низ светот, ниту па се обидува да глуми извозник на слобода и демократија.

За да биде срамот уште поголем за слободарскиот и демократскиот запад, токму Русија ја започна пресвртницата во граѓанската војна во Сирија во 2015 година кога започна да ги бомбардира упориштата на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија. Но тоа не го даваа на СиЕнЕн/БиБиСи/ЕјБиСи/СиБиЕс/ЕнБиСи/Фокс Њуз и таквите како нив, туку го даваа крвникот Џон Мекејн како посетува подземно засолниште на истите тие ѓубриња од луѓе во Сирија, во кое рачно се изработуваа оружје и муниција за нивните терористички цели и потреби.

Се согласувам дека не се` што е од Русија е добро, светло и праведно, ама кога човек ќе види какви се` подароци западот ни има донесено од 2001 година па наваму, подобро е човек да остане сам отколку да биде во друштво на такви "пријатели".

Се јавија релативизаторите... Како бе во делот на демократија ги изедначуваш Русија и Западот? Плус Западот вклучува повеќе земји каде ситуацијата од случај до случај е различна. Можат да се споредуваат Русија и САД ама само во некои сегменти, никако општо. Ама дури смешно е да се споредува Русија со Германија или скандинавските земји, на пример. Не зборам за тоа кој учествувал во војни и кој повеќе узурпирал туѓи територии. Зборам исклучиво за демократија и човечки права во самата земја.

Еве со пример, еден другар се гледа со девојка што 5-6 години живеела и студирала во Русија. Јас не сум разговарал со неа лично на темата подетално, ама од тоа што ни го има раскажано на мене лично ми се крева косата. Да не ти се верува колку државата е поставена пред поединецот, колку настојува да го контролира движењето и однесувањето на луѓето и со тоа колку се ограничуваат човековите слободи.

А за тоа дека Русија ни е некаква алтернатива на Македонците и порано имам пишувано дека не држи вода. Ниту некогаш ниту сега ни имаат помогнато кога имале шанса. Не може ни да се спореди што се сме добиле од европските земји и НАТО а што од нив. Тука е останат некој за мене нејасен мит дека Русите се добрите момци а Американците лошите, што дури мислам дека ако утре Путин реши да ни направи инвазија некои (обично постари луѓе) ќе ги пречекаат со цвеќе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom