Денес не бев во можност да го гледам женското финале, само што ја одгледав репризата и може да кажам дека ова беше најдобриот женски тениски меч што сум го гледал во последно време. Ау каков тенис прикажаа Халеп и Шарапова, страшно.

Околу утрешното финале, стварно не знам што би кажал а што не би го знаеле вие. Дуел на двајцата најдобри тенисери во моментов, а и во последните 3 години, дуел на тенисерите кои го држат најголемото ривалство во историјата на тенисот, дуел на двајца големи шампиони. Утрешниот меч има преголем влог, ПРЕГОЛЕМ. Од Новаков аспект, прв Ролан Гарос во кариерата, комплетирање на сите Слемови, превземање на првото место и историски успех за српскиот спорт. Од Надалов аспект, рекордна 9 титула во Париз, ќе остане на само 1 пораз овде, оној од Содерлинг 2009 и 14 Грен Слем титула или ќе дојде на само 3 помалку од Федерер. Ќе победи ментално постабилниот, оној кој подобро ќе се сноси со притисокот.
Факти кои одат во корист на Ѓоковиќ се следниве: има 4-0 против Надал од УС Опен претходната година, и го доби последниот нивни меч на земја, оној во Рим пред околу месец дена, и плус фактот што Надал не игра добро оваа сезона!
Факти во корист на Надал се тоа што никогаш нема загубено на земја од Ноле во дуел кој се игра во подобар од пет сетови и тоа што има 9-3 скор против Ноле на Грен Слем турнирите. Овој последниов податок треба и те како да ги загрижи Новаковци, бидејќи тие од тие три победи две се остварени во онаа фамозна 2011 година, а третата одма на АО 2012 година, каде Надал изгуби можеби и добиен меч. Значи кога се во прашање пет сетови, нешто чкрипи со концентрацијата на Ноле... И последните два фактори ги заборавив, па затоа едит праам, а тоа е евентуална настина на Ноле поради која буквално го снема од теренот во третиот сет против Гулбис и временските услови! Ако е топло и суво Надал ќе има поголеми шанси, на влажно растат шансите на Ноле.
Е сега мое гледиште и моја прогноза за утрешниот меч. По мене Новак ќе победи. Зошто? Надал не сервира добро оваа сеозна, особено после АО. Вториот сервис му е во просек од 140 и кусур на саат што е премалку за ритернер како Ноле, кој е впрочем најдобриот ритернер на светот. Надал лани го победи Новак овде во Париз и во Њу Јорк сервирајќи одлично и поради тоа што не патеше во своите сервис гемови. Надал првиот сервис гем на УС Опен го изгуби во 1/2 финалето!!!!! Но, кога пати Надал во своите сервис гемови тогаш не оди се како што треба. Пример за тоа е Рим оваа сезона. Плус новитет во играта на Надал сезонава се неизнудените грешки, а причината не ми е јасна. Со оглед на сите овие фактори кои ги набројав според мене Ѓоковиќ ќе го подигне пехарот утре. Секако има и уште фактори ама ова мислам дека е доволно.
Да не се разбереме погрешно, ниту ширам песимизам кај фановите на Рафа, ниту пробувам да најдам некое алиби доколку изгуби Надал, него едноставно пробувам да гледам реално на работите, т.е. како стојат тие во моментов. Нормално, од прв до последен поен ќе го бодрам Рафа и ќе се надевам на победа, а и се надевам дека Рафа ќе ми залепи еден шамар на крајот од мечот што го изневерив со овој мој став.
Нека одиграат момците како што знаат, да гледаме врвен тенис и нека победи подобриот. Со среќа на сите Новаковци и Надаловци, се надевам нема да има кретеноидни коментари по мечов, без разлика на тоа кој ќе победи.
П.с. Никогаш во животот не ни помислував дека ќе кажам некогаш: Ноле е фаворит против Рафа на РГ, макар што за волја на вистината утре е сосема благ фаворит, никако изразит. Пред неколку години на татко ми му го кажав ова, а патем он е страсен навивач на Новак. Али јебеш га, доаѓаат и тие денови кога мора да си ги погазиме своите зборови.
