Ова го зборев вчера со повеќе луѓе. Па добро бе пичка му материна, толку ли не е свесен дека треба да заигра поофанзивно? Ете во вториот сет откако губеше 4-1 со два брејка почна да напаѓа и можам слободно да кажам дека беше рамноправен со Нишикори. Пред тоа мелење, едноставно го мочаше од ќерамиди народски кажано. Брза е подлогата а Надал нема што да бара со неговиот спин на вакви подлоги. Мава удар, топчето патува споро накај Нишикори а овој го има цело време на светот за да се намести на удар и нормално дека ќе го поремети. Нишикори е таков тип на играч кој игра многу рамно и остро и ако влезе во ритам мајки ебава. Го осети тоа и Ноле лани, го осети и Федерер во два наврати. Он се победува само ако не му дадеш време за да удира, односно да го излудиш со некој микс на рамни удари и слајсови. Него затоа не му лежат ударачите и серверите, со Раониќ мислам дека има негативен скор, Иснер годинава во Мајами го збриша од теренот, Цонга го победи на Ролан Гарос, Чилиќ лани на УСО итн итн. Не смее да му се дозволи на Нишика да влезе во ритам, преопасен е, нарочито на вакви брзи подлоги.
Искрено, Нишикори изигра МАЕСТРАЛЕН меч. Надал освен двете дупли грешки по ред во прв сет во тој гемот за дупли брејк и уште 2-3 глупости во првиот сет, воопшто не играше лошо, али едноставно Нишикори беше монструозен и го измете теренот со него. Би сакал Кеи да го прослави својот Мастерс првенец овде, али пред него е доста тешка работа, треба Енди и Ноле да ги тепа во два дена.