Ристовски: Младите премногу избираат што да работат

Земете неповратни 3.000 евра и вработете се

http://ekonomski.mk/?p=40210
И што ќе правиш со 3000 евра? На што попрво да ги дадеш?
Ај кажи идеја за бизнис, па сите ќе се вработиме така.
И плус знаеш колку си обврзан наредните 3 години (мислам дека беше), ако земеш ваков кредит?
 
Работа има за на тај шо му се работе.... ;)

Чекај сега,сакаш да кажеш дека го подржуваш министерот?Да бидам попрецизна.Има работа,младите не сакаат да работат или пак бираат што да работат?
Да беше така како што тврдеше тој немаше многу од младите да бараат чаре надвор од нашите граници...Младината секој ден масовно заминува баш поради "големата понуда"на работа што ја има овде.Мислам дека си свесен за тоа.
Ти со завршен факултет ке работиш за 8000 денари?озбилно?4 години над книга,премногу поминати стресови дали ке положиш или не за да на крај завршиш во Биро за вработување или на каса во Тинекс.
Ако прифатиш свака ти част.Тогаш залудно си се мачил да учиш сето тоа време.

И друго сакам да надополнам.Луге кои завршиле добар факултет а се уште дома седаат кај е тогаш министерот?
Ке го прашав дали ке го тераше истиов муабет да беше уште еден од нас младите.
 
Проблемот е што имаш многу кадри што се образувале за работно место кое го нема во македонската економија. Сега тие кадри сметаат дека имаат инвестирано во себе и бараат нормално добро работно место. Арно ама, нема работа за толку правници и економисти.

Сега прашањето е кој е крив за тоа што младината се обучила за работни места кои ги нема. Мое мислење е дека и двете страни се криви, и државата и студентите.
 
"Состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај, вели министерот за труд и социјала Спиро Ристовски," ( http://www.makdenes.org/content/article/24565022.html )

Оваа изјава на ДПМНЕ не е прва од овој облик, во моментов не може да ми текне кој претходно ја изјави, но сум убеден дека ја имам видено порано.
И тогаш и сега размислив околу тоа.. и на крајот се согласив.

(Заклучокот е сепак логичен: на најавени, мирни, непартиски протести доаѓаат максимум 100 луѓе и тоа само директно засегнатите и никој повеќе. Коментарите се „види ги, се собрале мислат ќе сменат нешто“ итн., проследени пак со познатиот хумор; друг механизам, одобрен и подготвен
од самиот систем, е дека позади секое движење стои „партија“. :). И така се убедени, во секој и сите можни случаи. Интересно е какви механизми развива системот за своја одбрана, навистина..
Дел се наметнувачки, дел се „ослободувачки“ -- во смисла, секој си наоѓа соодветна причина за да не дојде, системот ја поткрепува барем парцијално и совеста на личноста е „чиста“ - „не дојдов заради тоа што е партиски (како знаеш со сигурност?), а не заради тоа што сум .. тоа што сум.“
А кога ќе дојде време за жалење и немање услови, сите имаат идеи, начини, размислувања по таа тема.

Партиите овој прогрес на револтот го следат многу вешто и си заклучуваат соодветно -- „дојдовте 100 души, значи само тие 100 ги интересира“. Тие другите што не дошле не се во количка, не се на апарати, одат, мобилни се, деловно способни, полнолетни, итн. НЕМА оправдување.

Соодветно се заклучува дека не се никаква пречка тие. Штом не можат да одвојат неколку минути на протест, каде што ниту организираат нешто, туку се бара само да се појават (навистина, тоа е вежба за нозе - стоење). Штом не можеш да очекуваш од нив да не можат да стојат за некоја идеја, дали можеш да очекуваш нешто повеќе? Против ова не можеш да се буниш, ако си реален. Ако напаѓаш само колку
да нападнеш, ти си од истиот тип на луѓе како и сега познатиот министер).


Системот е поставен така што го бранат тие што најмногу не треба да го бранат. Според мене, тоа е најголемо достигнување на овој систем, иако е далеку од хумано. Не може да му се помогне на човек кој смета дека нема проблем.
(Задоволен роб е најголем противник на слобода)
Да, против интуиција е, но несомнено после размислување се доаѓа до овој заклучок.

(Еквивалентен став е кажан на темава претходно - „во нормални услови, ќе имаше реакции (NB: протести) по ваквата изјава“).
Но, нема. Највисок степен на „револт“ во оваа околина е хуморот и стискањето „ми се допаѓа“. Тоа е познато општо, затоа и си дозволуваат вакви изјави. Да беше место каде што глава се губи за такви изјави, секој ќе размислеше (дури и т.н. министер) пред да каже нешто.
Но, кај нас „револтот“ трае точно 1 ден и се заборава исто за 1 ден, бидејќи има нов „револт“ во прашање и потребен е нов хумор.

Работите кои се коментираат се симптомите(темава), а не инфекцијата(целосходност на системот).
Проблемот е со инфекцијата. Симптомот може да се прикрие, инфекцијата не.

Позната е состојбата која настанува после нетретирана инфекција, дури и обична настинка.

N.B.: Нема ништо глупаво или случајно во оваа изјава. Тенденцијата на предаторот е јасна - наоѓа слаба точка и ја експлоатира. Пронаоѓањето на слабата точка не е дело на глупавост. Не е ни „наивна“ изјава. Ни за момент!
 
923286_10200685485072316_667928614_n.jpg
 
Сметам дека една од најголемите грешки на оваа власт е форсирањето на младинава за високо образование.Во скоро време тоа ќе се удри од нос.Многу подобро ќе беше,да форсираше курсеви за се и сешто,нешто како виша школа/обука,од година две.На пример,занаетчиски професии..како молери,столари,бравари,водоводџии,електричари и сл.нешто како курс/обука после средното образование,со кое практикантот ќе се здобиеше со сертификат/лиценца за работа.Тие професии се барани и се на цена,а економисти и правници има со багер да ги ринеш.Високото образование требаше да остане привилегија и престиж за најспособните и најдобрите ученици. А да,и под итно укинување на приватните факултети,кои се само копирница на дипломи и ништо друго.
 
веројатно под “ се и сешто ’’ подразбира пушење по штабови, шкртање со спрејови, кинење на плакатите на другата страна и слично.

пс. оноа “десна рака на директорот’’ и “патриот’’ се све што опишува еден денешен вмровец.
оди на твитер, профил @SpiroRistovski да видиш за кого навива :icon_lol:
 
оди на твитер, профил @SpiroRistovski да видиш за кого навива :icon_lol:
За кого навива ? :)

Иначе до негде е во право,за тој што сака да работи има работа. Мада слабо платена,мизерен живот ќе треба да водиш и да живееш половично од љубов према татковината.
Никад нема да можеш да си дозволиш работи што душа ти сака,а и општеството е срање.....местово е срање,балканов е срање.

Е сега малдината кај нас се споредува со млади од запад,од америка и си вика па кој кур ќе живеам јас цел живот во мизерија сакам и јас убаво ново,модерно. И си бега. Нема веќе толку комуњари што продаваат бајки,не пие нафта младинава више. Не е само кај нас така,од цел Балкан младите масовно бегаат,Бугарија,Србија,Хрватска.....Албанија нив тоа во основно ги учат како да киднеш,химна им е иди док си млад.

Големите ги јадат малите,за 100-200 години земјите од балканот ќе станат како селата сега,со стари луѓе и слаба развиеност. Жално ама вистинито.
 
Да беше Меги жива ќе се гордееше. Министер со став дека постоењето на неговото министерство нема никаква смисла. :D
 
И сега министерот рак ќе фати од сплотените енергии на твитерџиите! Give me a break.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom