Ристовски: Младите премногу избираат што да работат

BKvCveBCcAAz8ns.png

Kaко Мона Лиза е бе да го ебам :pos:
 
Има работа бре што ви е вас. Ќе си застанеш фино лепо во партискиот ред и ќе чекаш ко крлеж да ти отворат некое работиче, ја стварно не знам што се буните толку. Туку не ви се работи вас тоа е проблемот, ве сетил министерот. :icon_lol:
 
Не дека избираат, него за ништо не ги бива.
“Убав тој на мама“
 
Од што има тука многу работа и е платена ја ќе идам летово странство да работам ................. Седи на столицата и тоа му е тешко да го работи нека оди он да работи за 150 евра .
 
http://www.makdenes.org/content/article/24565022.html

Состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај, вели министерот за труд и социјала Спиро Ристовски
Сега не знам дали да плачам или да се смеам.:confused:
 
Колку и да не е во ред ваква изјава од министер за труд и социјала - сепак има некои допирни точки со реалноста. Факт е дека денеска секој втор завршува факултет (вака или онака) и цела таа академска младина очекува да биде вработена по струка и да зима 500 евра плата. Во една ситуација каде просечна плата во државата ни е едвај 10 000 денари таквите очекувања се крајно нереални , а најтрагично е тоа што тука не може да интервенира државата. Домашните претприемачи не се охрабруваат да инвестираат и отворат нови работни места , странските нејкат ни да помислат да инвестираат , а да отвориш нов биснис треба капитал кој ни е недостапен.

Како и да е , тие што ќе се снајдат да избегаат во странство - нека им е со среќа , ние другите смртниците додека не чуваат од дома ок , после тоа ќе мораме да го прифатиме советот на министеров наш и да почнеме да работиме било што , макар и за мочани 150 евра.

Точно дека секој завршува, ама тие четврторазредни факултети не ги отворив јас, туку Б(В)ојо Андревски, Ацо Миленсковски и компанија, каде што студенти црни пари даваат за да имаат униформи као Мануел и Миа од Ребелде Уеј. Они пикаат на Безбедност кадри само со книшка, имам личен пример од моја најдобра другарка каде што не ја примија зошто нема (ко што милувала тетката од студентски прашања) КАРТОНЧЕ. Вака, и јас сум во странство и работам и учам имам 20.000 плата само од еден мочан кафиќ.
 
Пребираме затоа што ни се може и така треба! - што .!. барам јас со факултет за информатика да одам да работам општ работник у градежништво за 12 000 плата со цело работно време на сонце?

или па некој што завршил економски или правен да го стават да асвалтира улици?- кај има логика во ова? - најдете им работа според струката а не работа колку да се каже дека сте им нашле нешто... и пази - ако одбиеш работно место 2 или 3 пати (мислам така беше) те бришат од завод (агенција за вработување) или те декларираат како лице кое не бара работа...

абе еден куп државни пари потрошивте во тие ваши реклами со мото ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ - ете образован кадар имате скоро секој е веќе на факултет - за што трошите пари на толку реклами ако мислите да „им наоѓате“ работа како општи работници или работа сосема различна од нивното образование?


свашта ке видиш кај нас у државава.....
Не се плаши ни од градежно,ниту од било што,бидејќи немаат ни тоа да ти го понудат.Настапуваат со тоа,"нападот е најдобра одбрана".Дај првин ќе ги обвиниме младите дека не сакаат да работат,и со тоа ние сме чисти,демек државава цвета и има работа,ама луѓево се мрзливи.Каде се странските инвеститори?Цел свет го пребараа и удолж и попреку еден асален не донесоа.Кој е во затвор,кој се откажа,и со тоа роуд шоута им пропаднаа.Место да ја признаат својата неспособност како власт,многу е полесно да се бараат виновници меѓу народот место таму кај што треба.
 
Добар е министеро.
Тешко е да најдеш аргатин со факултет... Ем ќе сака голема дневница, ем нема да може да работе, да не му излезат плиги на рачичките...

Работа има за на тај шо му се работе.... ;)
 
Antonio Miloshoski@AMiloshoski
17h

#Спиро кажа што кажа, но заборави дека има родители што не му дозволуваат на својот 32 годишен умен "син на Мајка" да работи се и сешто!

веројатно под “ се и сешто ’’ подразбира пушење по штабови, шкртање со спрејови, кинење на плакатите на другата страна и слично.

пс. оноа “десна рака на директорот’’ и “патриот’’ се све што опишува еден денешен вмровец.
 
"Министерот има одено бос на училиште"
"Министерот пишувал во една тетратка па кога ја испишувал бришел да му се ослободи место"
"Министерот одел трета смена чувар додека бил средно"
"Министерот докажал дека 1 е повеке од 2 и ја продал теоријата пак заработил :) "
"Министерот продавал лажни таксени марки по студентски"
"Министерот станал заменик хигиеничар на месен комитет и влегол у партија"
"Министерот при чистењето на штабот бил здогледан од лидерот и унапреден "
"Министерот станал министер и зашто немал попаметна работа веке почнал да ги советува другите како да работат"
АЈДЕ КОЈ ИМА ИДЕЈА НЕКА ПИШЕ ГРЕОТА Е ВАКОВ ВРЕДЕН ЧОВЕК ДА ОСТАНЕ ЗАБОРАВЕН ОД МЛАДИНАТА
 
веројатно под “ се и сешто ’’ подразбира пушење по штабови, шкртање со спрејови, кинење на плакатите на другата страна и слично.

пс. оноа “десна рака на директорот’’ и “патриот’’ се све што опишува еден денешен вмровец.


Да да семејства за пример посебно она на спикерот на парламентот,“најдобар“ пример за семејни вредности
--- надополнето: 21 мај 2013 во 11:00 ---
Земете неповратни 3.000 евра и вработете се



http://ekonomski.mk/?p=40210
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom