"Состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај, вели министерот за труд и социјала Спиро Ристовски," (
http://www.makdenes.org/content/article/24565022.html )
Оваа изјава на ДПМНЕ не е прва од овој облик, во моментов не може да ми текне кој претходно ја изјави, но сум убеден дека ја имам видено порано.
И тогаш и сега размислив околу тоа.. и на крајот се согласив.
(Заклучокот е сепак логичен: на најавени, мирни, непартиски протести доаѓаат максимум 100 луѓе и тоа само директно засегнатите и никој повеќе. Коментарите се „види ги, се собрале мислат ќе сменат нешто“ итн., проследени пак со познатиот хумор; друг механизам, одобрен и подготвен
од самиот систем, е дека позади секое движење стои „партија“.

. И така се убедени, во секој и сите можни случаи. Интересно е какви механизми развива системот за своја одбрана, навистина..
Дел се наметнувачки, дел се „ослободувачки“ -- во смисла, секој си наоѓа соодветна причина за да не дојде, системот ја поткрепува барем парцијално и совеста на личноста е „чиста“ - „не дојдов заради тоа што е партиски (како знаеш со сигурност?), а не заради тоа што сум .. тоа што сум.“
А кога ќе дојде време за жалење и немање услови, сите имаат идеи, начини, размислувања по таа тема.
Партиите овој прогрес на револтот го следат многу вешто и си заклучуваат соодветно -- „дојдовте 100 души, значи само тие 100 ги интересира“. Тие другите што не дошле не се во количка, не се на апарати, одат, мобилни се, деловно способни, полнолетни, итн. НЕМА оправдување.
Соодветно се заклучува дека не се никаква пречка тие. Штом не можат да одвојат неколку минути на протест, каде што ниту организираат нешто, туку се бара само да се појават (навистина, тоа е вежба за нозе - стоење). Штом не можеш да очекуваш од нив да не можат да стојат за некоја идеја, дали можеш да очекуваш нешто повеќе? Против ова не можеш да се буниш, ако си реален. Ако напаѓаш само колку
да нападнеш, ти си од истиот тип на луѓе како и сега познатиот министер).
Системот е поставен така што го бранат тие што најмногу не треба да го бранат. Според мене, тоа е најголемо достигнување на овој систем, иако е далеку од хумано. Не може да му се помогне на човек кој смета дека нема проблем.
(Задоволен роб е најголем противник на слобода)
Да, против интуиција е, но несомнено после размислување се доаѓа до овој заклучок.
(Еквивалентен став е кажан на темава претходно - „во нормални услови, ќе имаше реакции (NB: протести) по ваквата изјава“).
Но, нема. Највисок степен на „револт“ во оваа околина е хуморот и стискањето „ми се допаѓа“. Тоа е познато општо, затоа и си дозволуваат вакви изјави. Да беше место каде што глава се губи за такви изјави, секој ќе размислеше (дури и т.н. министер) пред да каже нешто.
Но, кај нас „револтот“ трае точно 1 ден и се заборава исто за 1 ден, бидејќи има нов „револт“ во прашање и потребен е нов хумор.
Работите кои се коментираат се симптомите(темава), а не инфекцијата(целосходност на системот).
Проблемот е со инфекцијата. Симптомот може да се прикрие, инфекцијата не.
Позната е состојбата која настанува после нетретирана инфекција, дури и обична настинка.
N.B.:
Нема ништо глупаво или случајно во оваа изјава. Тенденцијата на предаторот е јасна - наоѓа слаба точка и ја експлоатира. Пронаоѓањето на слабата точка не е дело на глупавост. Не е ни „наивна“ изјава. Ни за момент!