Ристовски: Младите премногу избираат што да работат

Исто ко и многумина на форумов. За 5 години го гледате Алекс станал министер за економија. Да идеш да му ја фукнеш една по глава и да си заминеш.
 
Откако ја постирав сликава ми текна и дека у клас кај мене у средно имаше ваков исти :D чим вика тука на директорот десна рака :icon_lol: а и тој што учеше со мене ти е пикало невидено башка имаше тогаш аспирации да е претседател на државава а и е убутан у дотичнава партија, еве на форумов нека седи запишано, лицето ќе биде претседател на Македонија за едно 30 години (ако уште постои државава) :icon_lol:

Тоа ти викам, секаде ги има, сите сме учеле во школо со некој таков. Како у ист калап да се правени такви типчиња.
 
Спиро со понуда
BKvGtDQCAAAvb5T.png:large

https://twitter.com/Goran_Man/status/336581074433998848/photo/1
 
Еве овој на пример, ни фабрика за оружје имаме, ни арапски јазик ни треба
 
Баш типично за Спиро да даде изјава која благе везе нема со реалноста :rolleyes: Не му е прв пат, а верувам уште многу вакви глупости ќе се изнаслушаме од него
 
Па како да не избирам што да работам ај да одам и да работам за 8.160 градежно на плус 40 и да те стрефи нешто и за што си работел да ги трошиш подоцна за лекови и по болници да се влечкаш АПСУРД невиден.Или пак некоја друга работа да работиш по 12 сата и да му робуваш на некој дембил и да те зафркава после за исплата.Па боље нема да работам ама здравјето ке си го чувам пошто со пари едино нешто во светот што не се купува е ЗДРАВЈЕ
 
На овакво нешто изјавено од министеров треба како контрамерка,организирано сите млади пред министерство за труд,не протест, туку да се јавиме на поканава,"Спиро дај ни работа!Сакаме работа!".Има да се избрукаат пред цела Европа,кога ќе излезат со празни раце,и ќе ги креваат рамениците.Веднаш ќе си даде оставка,и друг пат нема да им текне да даваат вакви глупи изјави.
 
Со идиотов се согласувам во само едно нешто - младината е пасивна. За ваква глупост кажана во други држави се прават протести, макар и минимални...
За многу помали глупости од оваа се превртува цела земја ама не во Македонија.

На први мај цел свет протестираше ние си ги разгорувавме скарите и после сакаме да ја биде државава, е нема :facepalm:
 
За многу помали глупости од оваа се превртува цела земја ама не во Македонија.

На први мај цел свет протестираше ние си ги разгорувавме скарите и после сакаме да ја биде државава, е нема :facepalm:

Тогаш не кажа истиов дека народот нема причина да се буни, бидејќи им било добро на луѓето?
 
Тогаш не кажа истиов дека народот нема причина да се буни, бидејќи им било добро на луѓето?
Не се сеќавам ама ништо чудно да е негова изјавата.

П.С Барем во ова има половина вистина, цел свет протестира ние чим по дома седиме изгледа добро ни е :confused:
 
Не се сеќавам ама ништо чудно да е негова изјавата.

П.С Барем во ова има половина вистина, цел свет протестира ние чим по дома седиме изгледа добро ни е :confused:

http://www.makdenes.org/content/article/24565022.html

Состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај, вели министерот за труд и социјала Спиро Ристовски
 
Пребираме затоа што ни се може и така треба! - што .!. барам јас со факултет за информатика да одам да работам општ работник у градежништво за 12 000 плата со цело работно време на сонце?

или па некој што завршил економски или правен да го стават да асвалтира улици?- кај има логика во ова? - најдете им работа според струката а не работа колку да се каже дека сте им нашле нешто... и пази - ако одбиеш работно место 2 или 3 пати (мислам така беше) те бришат од завод (агенција за вработување) или те декларираат како лице кое не бара работа...

абе еден куп државни пари потрошивте во тие ваши реклами со мото ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ - ете образован кадар имате скоро секој е веќе на факултет - за што трошите пари на толку реклами ако мислите да „им наоѓате“ работа како општи работници или работа сосема различна од нивното образование?


свашта ке видиш кај нас у државава.....
 
Спиро со изјавиве не е за коментар тој до вчера беше поттрчко во министерство. Способен бил ако е способен нека работи таму нека не паламуди кој и како требало да работи божем е се розово во државава со 300.000 административци па има можност за бирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom