Лесно е да се даде ваква изјава од позиција на министер. Оваа негова изјава е показател дека тој нема никаков допир со реалноста. Нека прошета било каде во градов и нека праша 10 дечки и девојки зошто не може да најдат работа, ќе му се разјаснат многу работи.
Ништо неможе на овој да му се разјасни. Прашај ги плакатолепачите они истото ќе ти го потврдат.
На 30% невработеност и килава економија да изјавиш вакво нешто треба да го погодат со миризлив чевел по глава.
Јас додека дојдов до првото работно искуство поминав можеби 6 месеци со апликации преку 2000 работни места, до чистачка стасав. Знам како аплицираат младите од 1000 на едно дали ќе те викнат интервју. Така да изјавите од овој тип се ретардирани. И тоа од луѓе кои немаат работно искуство, ве молам луѓе цел живот во партија не е работно искуство.
Еве ви
заменик министер за финансии какво искуство има:
Aрдиан Џеладини
Датум на раѓање
15 февруари 1987
Адреса
С. Зајас, Кичево
Образование
Магистер по економија - во тек
Финансиска анализа, сметководство и ревизија
Државен Универзитет во Тетово
Работно искуство
септември 2011 – јануари 2013
Шеф на кабинет на Заменик министер за финансии - Министерство за финансии, Скопје
2009 - 2011
Сектор за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг - Министерство за финансии, Скопје
декември 2008 – октомври 2009
Влада на Р.М – Секретаријат за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор
Образование
2008/2009 – во тек
Магистер по економија
Финансиска анализа, сметководство и ревизија
Државен Универзитет во Тетово
2005 - 2008
Baccalaureus по Бизнис Економија
Државен Универзитет во Тетово
Обука
2009
Обука за подобра изработка и спроведување на законите
Влада на Република Македонија
Учествувано на многубројни меѓународни и домашни конференции, форуми, семинари и обуки.
Мајчин јазик: албански, а одлично зборува и македонски и англиски
--- надополнето: 20 мај 2013 во 21:49 ---
Еве го искуството на Министерот кој вели дека несакате да работите:
Спиро Ристовски стапи на функцијата министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија на 28.7.2011 година. Роден е на 6 јули 1981 година во Скопје.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
јули 2011
*министер за труд и социјална политика
август 2008
*заменик министер за труд и социјална политика
2007-2008
*заменик директор на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС
2005-2006
*правник во приватен сектор (2дена?)
ОБРАЗОВАНИЕ
2005
*дипломиран правник
Факултетот за правни студии "Јустинијан Први"-Скопје
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Скопје
Ете кој ви збори за работа! Срамотилоци.