Кога веќе си прошол од трн на глог, т.е. од Џоко на брод, се’ ти е јасно.
Под секое светло и блескаво нешто стои пресинг па дури и тортура. На брод да не беше поарно? Плата, саати на работа, кабини делење со умирисани индијци, јадење пластична храна... ама во сала си пицнат и насмеан од уво до уво.
Инаку јас таму од пред 26-7 години ја опишав ситуацијата, плус имав впечаток дека Џоко не симпатизираше како гости. Никогаш не сум имал лош впечаток на било кое идење.
Сега со младава гарнитура исто ќе смениме по некоја смешка, добивам супер услуга и сите задоволни.
А тоа богати и славни и тогаш го имаше

еднаш имаше навалица од грци, они само јагнешки кременадли преферираа. Му викам дај и на нас! Вика, абе тоа е само за ова грчиштата, нема месо таму, ќе ви донесам јас бутче, ем поефтино, ем да си каснете како луѓе