Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сакам да каснам добра скара низ Скопје, најчесто седнувам Алтан, а има и уште едно интересно кафанче Лап Лап наспроти студентскиот Гоце Делчев, исто во Бисер ми се ок Де Гама и Малешевски.
 
Воденица - Крива Паланка - главно одбележје со кое се промовираат е сезонската салата која е стварно добра и обилна од локално и сопствено производство.
Ако те носи пат - прошетај и пробај.
Овчарската салата им е лудница, до сега за мене најдобро место што прави убави салати.
 
Овчарската салата им е лудница, до сега за мене најдобро место што прави убави салати.
Голем мераклија сум на салати... и дома ретки се тие денови кога набрзинка не си правам некоја салатичка затоа и ми го препорачаа овој ресторант. Иначе најубавата овчарска ја имам мезено во Манастир Берово со најубавиот сливов "р" витамин чуван во дабови буриња.
 
Плаче за ракииче готово нареден пат ако ме носи патот таму одам
 
Тоа со рестораните или ќе легне или не.
Во Берово супер атмосфера, јадењето топ. После некое време сите не скина стомак. Разбирам не е секогаш, ама и самата помисла да идам таму пак ме плаши.
Не си одговараме со Манастир изгледа.
 
Еднаш и јас порано отидов во Манастир бидејќи бевме гладни, немаше многу гужва, салатата и р витаминот супер како и секогаш а храната беше катастрофа, си нарачавме за дома од Мрс.
 
Не се ни сеќавам на храната а сум бил повеќе пати, имам повеќе сочни сеќавања од приватната спа од таму со тогашната девојка. :D

Си земаш сирење од регионот и си цепаш дома шопска по мерка, ресторанот каков таков не е битно, си возиш атмосферата, не знам што не е јасно. :D
 
Не се ни сеќавам на храната а сум бил повеќе пати, имам повеќе сочни сеќавања од приватната спа од таму со тогашната девојка. :D

Си земаш сирење од регионот и си цепаш дома шопска по мерка, ресторанот каков таков не е битно, повеќе си возиш атмосферата, не знам што не е јасно. :D
Ја повеќе одам заради климата, природата и езерото и да се смени таа секојдневна монотонија, успат исто си купувам домашни производи, таму кај Аурора и долу кај езерцето има луѓе што продаваат. Од еден човек си земав вргањ во тегла - мед, ништо така не сум штедел дома како тоа.
Иако не е лошо со тој поглед што го има Манастир да уживаш.

Исто сакам да го пофалам Лебедово езеро во Струмица, кој сака да си помине убав ден, прво водопадите, пешачење и уживање во убава природа, кафенце, сокче со најубав поглед во ресторантот кај Колешинските водопади и на крај супер салати и храна во Лебедово Езеро со ептен убав амбиент.
 
...ресторан Јавор Џоко (Мрзенци) има некој искуство да сподели?

Screenshot 07-05-2026 14.23.05.png
Screenshot 07-05-2026 14.26.07.png
 
...ресторан Јавор Џоко (Мрзенци) има некој искуство да сподели?

Прегледај го приврзокот 481772
Прегледај го приврзокот 481773

Какво искуство? Квалитет на храна, услуга?
Кај Џоко прв пат отидов во 1999 година, салати со патлиџани какви не сме виделе, сирење топ и најважно јагнешко прва лига. После 10-12 години пак на поминување од Грција му поминавме, пак за 5+. Бутче јагнешко ни беше на мени. Оваа година бев двапати, исто мени, за квалитет нема збор.
Друго освен јагнешко не сум порачувал, па не можам да кажам, ама се’ што иде со тоа е најдобро во Мк, без дилема.
Цени, мислам дека кило јагнешко е 2200 денари. Останатото на ниво на Скопје.
Препорачувам да одите надвор од сезона, оти летно време е гужва од српски гости. Едно време и од грци не се пристапуваше. Сега не сум сигурен дека ги има многу.
 
Ќе го потврдам истото што и фенел, најдобро јагнешко, топ салати, но другото не знам како е. Има и добра гевгелиска ракиичка, мислам се викаше боемска или нешто така, на друго место не сум ја сретнал.
 
Со Џоко на времето лафевме, го прашував од кај му се продуктите.
Вика станувам рано по сабајле и одам на пазар, ги одбирам најголемите патлиџани само, нормално и пипер и останат зеленчук. Сирењето го набавувам од познат човек од Берово, а јагнињата ми се од локалци овде.
Сега може се смениле добавувачите, ама не гледам разлика во квалитетот. Беше и си остана топ.
@YoucancallmeV дрмнувам по една лута секако, ама ме коле што јас сум секогаш возачот, па не смеам да се опуштам :)
 
Back
На врв Bottom