Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Џиш... виде ли некои од оние каналите за одвод на вода (под хауба на пр.) да не е затнат??? Ако веќе си проверил шофершајбна дали дихтува убаво...
Јас така се думав на Рено 5 од што може вода да влегува... и тоа излезе...

Едит: Сега гледам дека е тоа и кај тебе...
То е машко... не да беа затнати, туку тинтакосани беа. Неможев да ги исчистам, па ги бушев наново. Не е 100% искоренето, ама утре, планирам да му дојдам до крај. Шофершајбната... изгледа џабе ја вадев.

Aj види тро поарно шо има во позадина :)

215613_215909678435863_100000504979882_830724_6627897_n.jpg

На тој удрениот, јас можам да му продадам везен лим, хауба, крило и фар за да си го опраи :)
Во меѓувреме, му се јавив, се обиде да ми продај комплет лајсни “германски оригинал“ за 180 евра... ама цицам весла јас, не пијам нафта, ги најдов за 2500 денари истите.

Релативно е... Мада очекувам дека ќе биди литар и пол до 2 повеќе од напишаното реално низ град.

Вториот е добар.
Таа е потрошњата, 200Д - ти колку очекуваш да троши?
Зависи кој вози. Познаник мој имаше 200Д, просек низ град му вадеше 10. Ама гаста работење бинарно... до даска дури вози, ја отпушта за семафор. Такви се овие возила, денес го возев... тромав е и сака доста играње со менувачот. Ако некој очекува спортски перформанси... нека си бара бензинец.
 
Малку поголем апдејт (од финансиски гледна точка).

Мерџан доби нов мотор. Да се поправам, машината е иста, ја направив ремонт. Изборот беше на друга половна или оригиналната ремонт. Неможев да најдам добар 240D, најдов 250D со 5 цилиндри, па требаше да менувам мотор, сосе држачи и менувач + преправки во ладењето, и пак постои веројатност машината да не е здрава...

Битно сега сум 100% сигурен дека има нова машина и дека нема да имам никакви проблеми.

Еве што сменив:
хилзни, бушење на хилзните на стандард.
обработка на радилица (1-ва специјал) и лагери
карики
рамнење блок
рамнење глава
воѓици на вентилите
комплет диктони
нови дизни
проверка на бош пумпата

Единствено што ми остана е да ја променам маслената пумпа, тоа ќе го направам најверојатно со првиот сервис (некаде по 500 изминати км).
--- надополнето: Jul 28, 2011 4:37 PM ---
Баш ми падна в око овај Мерцедес (линкот не работи)... 1600 евра бара, a e во поочајна состојба од мојот пред да го фарбам. Некој се учел да фарба со четка по него, венците се солидно изгниени, внатре е прилично оштетен... Инаку го паркира низ Битола на прометни улици, еднаш е пред Ленски Мост, еднаш кај семафорите Бела Чешма... изгледа сака да се одтараса побрзо.
 
da da kaj lenski most non stop sedi i tamu ja ostava i OPEL ASCONA uste 1 i ima uste 1 zelen mercedes :D
 
Џиш кога тест вожња? :D
Си го возам редовно низ Оризари... страв ми е да го вадам низ град, ако ме фатат, 3 регистрации ќе платам.

Со лајсните имам проблем у п.м. неможам да го најдам чоекот од Ресен. Да ги наместам нив, внатре да клам теписони и спремен е за регистрација...
Кај и да е, есенва ќе го бидни, нема мрдање.
 
Fuck Yeah... полека се ближи денот на регистрација, најверојатно октомври ќе го биди.

Моментално ги доправив теписоните за внатре, утре одат на порабување, па сабота/недела ентериерот ќе биде тип-топ спремен.

И некоја слика, како се тоа се правеше:

scaled.php

scaled.php

scaled.php

scaled.php

п.с. од првично зацртаните 2 и пол квадрати (домашен есап) крајно добив дека околу 5 квадрати површина има под теписон во чудото...
 
Требало од овие теписони на сликана шаренине да насечиш... колку фенси би изгледал со нив :D
 
Требало од овие теписони на сликана шаренине да насечиш... колку фенси би изгледал со нив :D
Аха, да... и да турам спојлер назад, 30 цм = мотика тјунинг.

Јас набив 30 км од шетање по продавници за да најдам приближно ист теписон како оригиналниот... ти шо муабет ми прајш.
 
Аха, да... и да турам спојлер назад, 30 цм = мотика тјунинг.

Јас набив 30 км од шетање по продавници за да најдам приближно ист теписон како оригиналниот... ти шо муабет ми прајш.
И обавезно да ставиш на задните седишта перничиња со реси, а на шалт таблата миленце... да биде се’ комплет.
 
Гледаат дискавери... и бараат куп пари за старо железо. Освен цената шо ја спомнав погоре за мајстори и матерјали, тука не клавам нити денар за мојата работа... која е прилично досадна и макотрпна. Да расклопиш 2 коли, и од двете да одбериш шо е поарно и собериш пак две...

Не си морал да се мачиш,требало само време и за малку повеке пари ке си купел средена кола. (старо си е старо,може ли баба да биде девојка)
 
Не си морал да се мачиш,требало само време и за малку повеке пари ке си купел средена кола. (старо си е старо,може ли баба да биде девојка)
Види вака... Мерцедесот ми е четврта кола. Имам Кадет, Фиеста, Ауди а4. Така да веќе ми е видено тоа „средена кола“... со сите 3 истото се дешава.

Старо си се старо, тоа ти така го викаш. Јас го викам класика, или возење со стил. За 4-5 години, бројот на вакви возила низ државава ќе се сведи на минимум.

Еве да речиме вака: Мерцедесот мене ме кошта 4000 евра, среден се цакум пакум со 2 пара гуми (зимски + летни) и регистриран. Во тоа среден цакум пакум спаѓа нова предница, нови сопирачки, нови амортизери, нов мотор, шасиски 100% спремен. Гарантирано во наредните 150.000 км ќе менувам масло, и филтри.

Е сега, ај образложими, за колку јас ќе сум купел средена кола? Која е таа средена кола според тебе, која што ќе изоди 150.000 км без дефект?
 
Тоа е тоа друже.За 2000 -3000 евра ќе си нашол иста таква,а за стара кола или класика не би трошел време и пари а каде е нервозата.Со 4000 евра одам у салон ги давам учество 30-40% останатото на рати и земам гланц нова кола и 400.000-500.000 км па ич да не му ја мислам наредните 10-20 години
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom