Решение за пушачите е новата дигитална цигара

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Интересна "играчка",ама ретко кој пушач би ја заменил на подолго време.Од радозналост можеби и ќе ја купи ама да остане на неа- тешко.Лично не верувам.Секако дека ќе има и ѓурултии од овие од тутунската индустрија ,ама лично сметам дека нема да бидат загрозени,барем кај нас.
Јас би пробала,зошто да не???
 
Не ми е до крај јасен производов. Има пепел? Колку чини батеријата?
Мислам дека е одлична за долги состаноци, патување со авион, и останати забранети зони.
Ја би.

Има „пепел“ ама не надвор, туку во самиот „апарат“ најверојатно некој вид на отпушок кој останува од „патроните“ или cartridges (еден патрон е еднаков на пакла цигари и чини $2). Работи на литиумска батерија, доаѓа со полнач, во основниот комплет, кој чини $60 го добиваш апаратчето, екстра батерија и филтер. Не знам колку често се менуваат филтрите. Идејата не е да биде замена за цигари, идејата е баш тоа, да се користи на места каде што не е дозволено пушење цигари. Ништо чудно позади продуктот да е и самата тутунска индустрија.

И не е логично дека не штети на здравјето на оној кој пуши. Иако не содржи тар и карбон моноксид, сепак содржи никотин. Да се каже дека не предизвикува рак, е да се тврди дека се знае што предизвикува рак :) А бидејќи не се знае, може само да се претпоставува дека е до тарот и карбон м. Сепак тука е никотинот, предизвикувачот на аритмија, висок крвен притисок, стеснување на вените и коагулирање на крвта. Колку може да не е штетно заклучете сами.
Единствено што е различно од цигарите, е што не и штети на околината, со тоа што oтпадокот е пареа која не смрди и во која е неутрализиран никотинот (кој претпоставувам останува во оној кој пуши и апаратчето).
 
Супер. Мене и онака не ми останува многу, па да се секирам за здравје. Донеси наваму неколку пакувања да диламе.
И ние мастикине со никотин чинат скоро толку, а го нема фројдовскиот моменат на вовлекување на чадот.
 
Супер. Мене и онака не ми останува многу, па да се секирам за здравје. Донеси наваму неколку пакувања да диламе.
И ние мастикине со никотин чинат скоро толку, а го нема фројдовскиот моменат на вовлекување на чадот.

:) Ако е така како што звучи, важи - мада иако е многу поефтино од цигарите, $2 = на пакла цигари, не гледам да се запалени нешто Њу Јоркчани, кои плаќаат највисоки цени за цигари 10-12 долари пакла! Не ми мириса мене ок. Можеби поарно е ти да отидеш до прилепско и испратиш еден камион тутун, да диламе ние тука, наместо да им плаќаме овде баслословни цени за истиот, наш тутун!
 
И не е логично дека не штети на здравјето на оној кој пуши. Иако не содржи тар и карбон моноксид, сепак содржи никотин.

процедурално:

OBDN немој вака сега знаеме дека станува збор за катран и јаглерод-моноксид, навистина нема потреба од воведување на англицизми.


Никотинот е инаку психотропна супстанца која ја зголемува будноста и ја подобрува концентрацијата. Никотинот создава многу побрзо зависност во споредба со кокаин.
 
Pa neli mislite deka cigarite stvaraat psiholoska zavisnost, (slucaj so mene), eve ja pusam 3,4 na den, ama ne mozam nikoko i tie da gi ostavam so kafe i nekolku rituali imam dnevno.
Znam za nikotinskata, mislam kaj mene toa ne e, poveketo pati ne gi ni vovlekuvam, mislam deka e NAVIKATA nesto da zapalam.
Ovde ionaka e zabraneto pusenje sekade, pa naskoro i vo avtomobil, i nadvor na -20 na covek ne mu se pusi!!!!
Zatoa mislam ovie bi bile dobri za mene, ke prasam ovde dali gi ima (Kanada).
 
процедурално:

OBDN немој вака сега знаеме дека станува збор за катран и јаглерод-моноксид, навистина нема потреба од воведување на англицизми.

Имај почит кон лимитираноста на мојот ум ре - а немав екстра време да мислам. Ал, се извинувам! Не беше намерно, ниту со идеја за воведување на англицизми!
 
абе триста препарати има за откажување на цигари, ама ни тие не сакат да се откажат
а ова е нешо др, поинтересно
 
јас не се дигитализирам!
му спомнав на еден добар другар баш за ова,за да ми најде да ми донесе,и првото нешто што ми го кажа беше:бегај бе грдо и гадно е,цигара си е цигара!
а јас му верувам :pipi:
 
кој од огромниве фирми за цигари ќе остави ова да се прошири?...открија вакцина против кариес и што?..неможе така преку ноќ...а цигарава не штети на организмот ни малце?...најс

абе триста препарати има за откажување на цигари, ама ни тие не сакат да се откажат
а ова е нешо др, поинтересно
малце не го свати текстов.....не е цигарава за да се откажат пушачите туку да си продужат да пушат само да не им штети на здравје и да не им смрди облеката...:salut:
 
Важи, нема проблем :wink: После ќе бидам како Џери Еспенсон од "BOSTON LEGAL" (кој глеал знае за шо зборам) :)
 
Нема веза...пффф дигитална цигара ??? :pos2:
Цигара си е цигара полна со тутун и задоволство :helou:
 
Најновит изум има вкус на тутун, но не штети на здравјето и околината. Затоа сега зависниците ќе може да уживаат во испуштањето на димот без опасност од некакво заболување.

Дигиталната цигара Crown7 изгледа исто како и обичната цигара. Меѓутоа, во себе содржи батерија на полнење во која се наоѓа вода, никотин, облиен со гликол и вкус на вистински тутун. Со оваа цигара зависниците може да ја добијат потребната доза на никотин без штетните хемикалии, токсини и отрови кои предизвикуваат рак во организмот.

Crown7 може да се купи во облик на обична цигара, пура или луле. Цената и е околу 40-тина евра. Меѓутоа, засега ова дигитално чудо единствено е достапно на кинескиот и американскиот пазар.

Со оваа цигара пушачите конечно ќе може да уживаат во потребната доза никотин кој нема да ја загадува околината бидејќи испушта само безопасна пареа, облеката веќе нема да има непријатен мирис и луѓето нема да може да се лутат бидејќи Crown7 не штети на никому.

resenie-za-pusaci-digit-01.jpg



resenie-za-pusaci-digit-02.jpg
се се, ама шо е тука дигитално јас не гледам :)
и не верувам дека повеќе од 2-3% од пушачите би ја купиле/преферирале...едино ако не моеш да си го напуниш патронот со канабис па да си го користиш ко мини бонгче...
 
тапааа, иам пробано, комбиниран вкус на лемонејд и ванила... други фалинки, мора да ја држиш исправено за да не потече кертриџот при што може и во уста да ти протече, се мења на секој два дена, а еден вреди колку кутија Малборо... непрактична и голема, сите те гледаат ко чукнат дур пушиш во затворена просторија.
е тоа ќе да е единствена предност, пушење во кој било локал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom