Религиски лексикон

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Псалм...или..Tehilim..на хебрејски ..означува книга од Стариот завет...Псалмите се молитви во стихови..етимолошкото значење на зборот е извлечено од гркиот..Psalmoi, што би значело песни испеани на харфа..
Книгата на Псалмите се состои од 150 пслами поделени според различни нумерологии(грчка или хебрејска).Дури 73 псалми го носат името на Давид.
 
КОПНЕЖ---Вечност преточена во неможност да се надмине реалноста на недостасувањето.
ЉУБОВ----Воздивнување на твоите гради,за да има живот оној кој те љуби.
ВЕРА------Цврсто посакување на невиденото,видено со очите на мисловната прегратка,која нема помин.
ДЕНОВИ---Дали ќе ги има,ако направиме се да биде темно?
НОЌ-------Спознавање на болката.
ДЕН-------Лечење на болеста.
СМИСЛА---Радување во љубовта.
ЦЕЛ--------Бескрај во бескрајот.
БОГОВИДЕНИЕ-Кога Он не гледа...
ШТО Е ЉУБОВ?--Бог во нас.
НЕЉУБОВ----Да се радувам на мојата среќа,и туѓата несреќа.
СЛОБОДА-----Страдание од љубов.
ПАНТОКРАТОР---Не само мој и на моите,туку,на сите и на се.
ПУСТИНА--------Мојата душа без Бога/Немање солзи кога те нема....
СВОИ------------Непоминливост на ветеното во божилакот на бескрајното.
ПРОСТИ МИ------За љубовта и пред Прочка,и на Прочка,и секогаш....прости ми.
ТВОЈОТ ОБРАЗ---Глетка,слепиот за да прогледа.
ОСАМЕНОСТ-----Кога не ги гледам очите на мојот цвет.
ПИЕЊЕ РАДОСТ--Секојдневно кога преку Божјиот образ те гледам Тебе,како негова икона.
ТАГА-----------Кога љубовта ќе заболи.
СРЦЕ----------Помирител на небото и земјата.
БУДНОСТ------Прислушкување на тишината.
РЕАЛНОСТ-----Што можам да дадам јас,освен да барам?
ЗАБОРАВЕНА ЗАДОЦНЕТОСТ-Преболување со надежта.
БАРАЊЕ ЧОВЕК------------Најтешко е кога го имаш.
ЧЕКАЊЕ ЧОВЕК------------Да е во мојата душа.


-ТАА----Ако разбере,ќе се роди.
-ПАК ТАА-Додека се роди.
-ДО КОГА-Додека ми стане врсник.

„ЧЕКАЊЕ ЧОВЕК“
 
ВЕРА------Цврсто посакување на невиденото,видено со очите на мисловната прегратка,која нема помин.
Oва е толку бесмислено што навистина ја сумира целата идеја за вера.

Фала што ги дефинирате збор по збор вашите религиозни глупости.
 
Oва е толку бесмислено што навистина ја сумира целата идеја за вера.

Фала што ги дефинирате збор по збор вашите религиозни глупости.

Абе ти можеш да ја прочиташ и најголемата мудрост,која за тебе сепак ЌЕ ОСТАНЕ глупост.Не е до она што е напишано,туку е до она кој го чита,и како го разбира!
 
Среќа тогаш што Библијата не содржи апсолутно никакви мудрости полна е со назадни вредности и ја навредува човековата интелигенција.
 
Абе убаво си кажав....тоа ти зборам цело време!За тебе е Библијата незнам каква,затоа што ти така ја гледаш.можеш да ја прочиташ и најголемата мудрост,која за тебе сепак ЌЕ ОСТАНЕ глупост.Не те осудувам,не си ти крив....крив е другиот во тебе....
 
Луцифер?

Или, можеби таа фантомска мозочна активност која е отсутна кај верниците. :back:
 
Како сакаш наречи го тоа во тебе.....сам си знаеш!Не ми е работа да се мешам во твој живот.Некогаш,мора да се случи некогаш,ќе се разбуди мечката од ДЛАБОКИОТ СОН....
 
ќе се разбуди мечката од ДЛАБОКИОТ СОН....

ДЛАБОК СОН-Форма која е карактеристична метафора за Христијанството.Луѓето зафатени од оваа чудна материја веруваат во невидлив чичко и неговата книга полна правила напишани од видливи чичковци,со диктат на невидливиот чичко.Луѓето во ДЛАБОК СОН декларативно се придржуваат до десет заповеди кои,од планина ги симнал еден видлив чичко во фустан,а со оган на камен му ги напишал тој невидливиот чичко.Тие правила се целосна спротивност на човечката природа и,меѓу другото,му диктираат на човекот во ДЛАБОК СОН да не му оди курето нагоре кога ќе ја види жената на видливот му комшија,иако тоа човекот во ДЛАБОК СОН баш и неможе да го контролира.
Ова е клиничка фаза која глобално го зафати човештвото,и таа сеуште се шири.Лек не е пронајден.
 
Среќа тогаш што Библијата не содржи апсолутно никакви мудрости полна е со назадни вредности и ја навредува човековата интелигенција.

На чија интелигенција мислиш? :pos2:

Луцифер?

Или, можеби таа фантомска мозочна активност која е отсутна кај верниците. :back:

На чија мозочна активност мислиш? :pos2:

ДЛАБОК СОН-Форма која е карактеристична метафора за Христијанството.Луѓето зафатени од оваа чудна материја веруваат во невидлив чичко и неговата книга полна правила напишани од видливи чичковци,со диктат на невидливиот чичко.Луѓето во ДЛАБОК СОН декларативно се придржуваат до десет заповеди кои,од планина ги симнал еден видлив чичко во фустан,а со оган на камен му ги напишал тој невидливиот чичко.Тие правила се целосна спротивност на човечката природа и,меѓу другото,му диктираат на човекот во ДЛАБОК СОН да не му оди курето нагоре кога ќе ја види жената на видливот му комшија,иако тоа човекот во ДЛАБОК СОН баш и неможе да го контролира.
Ова е клиничка фаза која глобално го зафати човештвото,и таа сеуште се шири.Лек не е пронајден.

Кон болтуваното:
- сигурен сум дека не си свесен за напишаното: 10-те Божји заповеди навистина се спротивни на ОТПАДНАТАТА човекова природа. Целта од тие заповеди е да ги врати човекот во неговата ИЗВОРНА состојба, т.е. да го врати во Божја близина.
Патем кажано, во длабок сон живеат поедицните кои неверуваат во Бога, а самото верување во Него , во православието се нарекува духовно БУДЕЊЕ, ти текнува? Ајде сега, стави прст на чело и размисли, КОЈ (кои) е тој кој живее во СОН!?
 
Ај, да продолжам со лексиконот.

страст-страст или стадење. Може да биде и духовно/душевно, но и телесно. Се однесува на страдањето, најчесто поврзано со неможноста за исполнување на одредена намера или потреба.

похота-
потреба, која најчесто ја наметнува телото и неговите органи, која тешко се контролира а која е последица од отпаднатата човекова природа, т.е. извртување на изворно создадените човекови потреби и енергии во погрешна насока.

соблазна-
фактор, причина, надворешна (почесто) или внатрешна, која потенцијално, може да го натера поединецот да стори грев.
 
Предестинација- Христијанско учење според кое бог однапред во својата премудрост, одредил то ест пред-одредил на кои смртници ќе им даде милост и вечен спас, а на кои ќе им ја ускрати. Во таа смисла спасените однапред се предодредени да бидат спасени, додека другите однапред се осудени на пропаст и вечна смрт. како најтипични заговорници на оваа идеја се истакнуваат Свети Августин и Жан Калвин.
Од Библијата:
„А кои однапред ги одреди нив ги повика, а кои ги повика нив ги оправда; а кои ги оправда нив ги прослави“.„ Бидејќи на Мојсеј му вели: ќе помилувам кого ќе помилувам, и ќе се сожалам на кого ќе се сожалам. Така значи, не е до оној кој сака, ниту до оној кој трча, туку е од Бог кој милува“ Сп. Рим.8,28;9,15-16.
 
Според ова има можност и за Сталин,Мао и Пол Пот да се во рајо, а некое дете ни криво ни должно - во пеколо.

Жан Калвин - еден од најтешките психопати кој ја загадил земјата со своето грдо постоење.
 
Калвинистите тоа не го толкуваат така и другите цркви што застапуваат такво учење, според нив, можеш да бидеш сигурен дека си од спасените само ако постојано пазиш како живееш, крајно етички, професионално, коректно и поштено. Не е тоа оправдување да се прават злодела.
 
Според самиот поим предестинација, однапред е одредено кај ќе завршиш и што и да правиш тоа ти е. А можда Сталин послужил на небеските планови, бил орудије небесно и бидејќи се чудни патиштата божји - сега е во рајо и слуша харфи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom