Точно така ,пеколот како место не постои туку нашата совест не проколнува и не измачува ако направиме нешто погрешно.И за разлика од вечност помината во плаќање на нашите зли дела во пеколот совеста ни дозволува да учиме од нашите грешки за следниот пат да постапиме исправно.
Теологијата не ни вели дека пеколот е конкратно место. Тоа е ситуација/место каде Бог ќе ги повлече своите енергии и каде душите ќе горат поради сопствената енергија која нема можност да се смири без неопходната храна.
Во пеколот не одат оние кои згрешиле туку одат оние кои не сакаат да му отворат простор да го примат Бог. Ако/кога после смртта ќе/се предомислат тогаш е веќе касно.
Според тебе ние по природа сме злобни ?
И луѓето како и овој свет имаат 3 нивоа.
На прв поглед изгледа човекот/светот добар, ако се загледаш подобро ќе видиш дека е лош, ако погледнеш во човекот уште подлабоко ќе видиш дека е зафркнато лош. Но ако успееш да ја видиш неговата есенција сепак ќе видиш дека најдлабоко тој е добар, само тоа многу тешко се реализира кон површината поради тоа што човекот попримил зло.
Ако е тоа вистина тогаш се доаѓа до заклучок дека ѓаволот а не господ е тој што не создал и дека ние добиваме искушениа од господ да правиме добро.
Мислам дека ти е јасна Библиската позиција. Човекот бил створен како добар, но не и сеопфатно совршен. Човекот е носител на божествен дух кој му е вдахнат од Бог. Меѓутоа божественоста оди и со самостојноста и одговорноста за изборот меѓу доброто и злото. Човекот посакал да вкуси да го осознае злото пред да биде спремен на тоа. Го сторил тоа го осознал злото но немал сили и да живее со него. Тоа ја расипало во голема мера неговата природа која во есенцијата е добра но од тука до површината лоша. Тоа секако морало да се случи затоа што без знаењето на злото човекот не ни можел да биде целосно реализиран бог кој нема да згреши. Бог го знаел тоа но не сакал да се вмеша за да не ја нарушува божественоста на човекот.
Гледаш како овде како и за секое прашање Православната теологија има целосен и комплетиран став. Ако некој е поштен, да ја бара вистината, а не да поддржува вистина која му одговара, ќе признае дека овие гледишта се комплетни и одржливи.
И првата и втората светска војна се водени со подршка на црквата. А ропството во тоа врее кога го имаше исто беше подржано од црквата. Така да дека таа ти донела некоја си голема слобода тешко.
Во историјата како прекин на робовладетелското општество се смета пропаста на Рим. После Рим се издигна христијанска Византија и другите христијански европски земји кои веќе не се сметаат за робовладетелски општества. Мислам дека одбиваш да признаеш очигледен доказ дека христијанството беше клучно за отфрлањето на ропството. Исто за евроамериканските африкански робови, оди провери кои сили и мотиви биле главните за неговото укинување.
Луѓето со атеистичка желба за моќ го ствараат ропството и господарењето, луѓето со христијанската верба во љубовта се бореле за хуманост и едноквост.
Самата Црква - еклесиа, значи заедница на верници. Некогашните заедници биле нешто како комуни во кои рамноправно се делеле средствата и имотот. Кога сите прифатиле христијанство, тогаш таа улога ја превзела парохијата. Марксовото учење во замислата за комуните го имал примерот на христијанските заедници. Во тој поглед протестантите се во право што се обидуваат да изградат некаков заеднички духовен живот. Во православните учења се зборува дека сега внатре во секуларното општество поради непостоечката и нефункционална парохија, нужна е потребата христијаните да ги обноват заедниците.
Во врска со војните, прво треба да правиш разграничување и да не ги префрлаш делата на отпаднатите христијански учења врз оние кои не зеле учество. За нас православните само православното учење и неговите духовни последици се валидни. Кажи ми каде и кога Православната Црква поддржала било кои војни. Навистина еден дел од свештенството на СПЦ ги поддржа војните во 90тите, но суштинскиот дел од Православната Црква никогаш нема поддржано некоја војна, освен што дала благослов за водење на одбранбени борби.
Не би се согласил дека социјализмот донел толку жртви, освен ако не го броиш Сталин, кој во еден мал период на животот бил атеист, но подоцна станал повторно религиозен и тогаш и ги направил неговите најголеи злодела.
Мило ми е што знаеш дека кај Сталин дошло до религиско покајување и тоа во средината на Втора Светска војна поточно 1942, 1943 и кога ги исполнува сите барања на виденијата од еден владика со ветување дека само тогаш покајана Русија ќе се одбрани од нацизмот.
Исходот го знаеме сите. Истата Русија која е на конец пред тотален пораз, успева да се поврати и да го освои Берлин.
Само не ми е мило што ги испревртуваш хронологиите. Главнината на Сталинови чистки се пред Втора Светска војна, за многумина и причината за слабоста на Русија на стартот од војната. Кулазите, партиските чистки се главно пред Втора Светска војна.
А сеуште не одговори зошто Франција е едно од најмирните места за живеење во светот ако атеистите се најголемите злосторници. Тоа е држава со највеќе атеисти во цел свет. До сега би требало да се прави ло таму убиства, касапења триста чуда.
Мислам дека ти одговорив, само изгледа ти не одговори на аргументите кои ти ги приложив дека не се слагам со тоа.
- Не можам да разберам како можеш да ја третираш Франција како едно од најмирните места за живеење во светот кога цел свет беше сведок на едно од најголемите хулигански дивеења.
- По бројот на штрајкови Франција сигурно е една од водечките во светот.
- Криминалот во Франција сигурно е многу поголем отколку криминалот во Македонија на пример.
- Од друга страна Франција ја сметаат за најбирократизираната земја во Европа.
- Французите ги сметаат за многу ксенофобични луѓе.
- Екстремната десница е се посилна што е одраз на судирот меѓу домашното население и имиграцијата.
- Се тврди дека Никола Саркози беше избран за Претседател токму поради изјавите со тврд однос кон доселениците.
Овие факти даваат сосема друга реалност од она кое го тврдиш.
Да речеше за Канада како едно од најмирните места за живеење во светот би се согласил, но Франција воопшто не изгледа за таква. Згора на тоа порастот на атеизмот е тек деценија, деценија и пол. За негативните ефекти на атеистичкото осипување на француската нација (како и др. безбожни европски нации) ќе треба да почекаш уште некое време. Она погоре се само стартни симптоми на непомирливата поделба во општеството кое треба да биде единствено и силно.