Религиите во 21-виот век

  • Креатор на темата Креатор на темата dystopian
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто вчера ветив, еве посочувам неколку автори-креационисти и нивните дела:

-„Научен крацинизам„-Хенри Морис.
-„Библиски потоп„-Хенри Морис.
-„Големиот кањон-споменик на катастрофата„-Стивен Остин

Еве и неколку критички насочени книги и автори:

-„Не е случајно!„-Ли Шпетнер.
-„Дарвиновата црна кутија„-Мајкл Бехе.
-„Исконструиран заклучок„-Вилијам Дембски (обратен кон православното рисјанство!).
-„Вистинската наука е согласна со Библијата„-Малколм Боуден.

Еве и две книги, на кои не им ги најдов авторите:
-„Creation: facts of life„.
-„Evolution: fosils say no!„

Е па, драги поклоници на еволуционизмот, барајте и запознајте се и со поинакви вистини од онаа небулоза, наречена еволуција...:icon_lol:

Погоре наведените книги ги користел и блажениот Серафим Роуз, во неговата апологетика кон Постанокот.

Миловане ме разочара... ги проверив информацииве, а и информациите на ДиБек.. ДиБек је у право..
А баш помислив да застанам на твоја страна..

Ех то ти је..
 
Meddle,

ај иди и читај ја „Слепиот часовничар„ од славниот Докинс (кој, ради убедливост во своето философирање, користи правнички трикови а не докази и факти...) и не се петљај со непознато категории...разбираш.

А што се тиче проверката на информациите, напросто сум фрапиран како тоа Ти успеа да го сториш ова утро....Да провериш куп книги во рок од 3 саати-немогуќе....

Пардон, Дибек така вели, не? :icon_lol:

Јас барем сум коректен: ветив дека ќе посочам автори и нивни книги и тоа го сторив, а тоа што посочените ликови и книги никако не се вклопуваат во Твојте (и Дибековите) предрасуди, тоа и не е мој проблем. Нели?
 
DBack,

се‘ дур пишуваш постој со Твојте предрасуди и исклучивост, се‘ до тогаш ќе бидеш убеден дека сите други се лудаци...само затоа што не прифаќаат небулози од еволуционистички тип.
Мики, бре! Јас само ти цитирам мислења од луѓе кои науката ги смета за авторитети.

Пак си се збунил.
 
Ц, не сум се збунил.

Науката, било која, не е само апстрактен поим, туку заедница од поединци со иста професија. Така, ако таа заедница каже дека за неа (за заедницата) одредено учење е најприфатливо, тоа не значи дека тоа учење е и највистинито па ако некој поединец од таа наука не се вклопува во „светогледот„ од таа наука, таквиот поединец е исто што и еретикот за Црквата.

И сега, за возврат, јас би требало да напишам што рекол некој кој е авторитет во креационизмот и конечно, некој кој е авторитет во Црквата па ако тие два авторитети не се согласуваат со некоја тековно прифатена научна вистина, тоа ќе значи дека овие два авторитети не ги бива, така?

Или, конечно, ако го наведам не трпението на Црквата кон одредени движења во дел од науките, философиите или уметностите, што ќе речеш. дека Црквата е во криво?
 
Си се збунил, си се збунил...

Во науката нема еретици. Има само дебили кои безуспешно се обидуваат да станат научници.
 
Си се збунил, си се збунил...

Во науката нема еретици. Има само дебили кои безуспешно се обидуваат да станат научници.

Дибек, ај не го напињај многу Мики, да не си замине, знаеш како ни беше пусто без него кога го немаше недела-две...

:(
 
Дибек, ај не го напињај многу Мики, да не си замине, знаеш како ни беше пусто без него кога го немаше недела-две...

:(
Остај тоа, пиво ќе нема со кого да пиеме :P
 
@Ipsissimus, за еволуцијата и за дрвото за познавање на доброто и злото повеќе не дискутирам затоа што тоа се најдискутираните теми кои му ги отекоа тестисите на форумов. Не планирам да се повторувам, а и многумина не верувам дека сакаат повотрно да читаат. Секој што се интересира може да ја погледне богатата архива на форумов и секако странските веб страни.
Нормално дка нема да дискутираш, кога си побиен и демантиран. Но за тоа не ни дискутиравме сега на оваа тема, туку за тоа дали библијата греши или не кога вели дека земјата е создадена пред ѕзездите и сонцето. Ми побара аргументи, и кога ти ги посочив, се обиде да ја свртиш темата кон сосема друга насока - дискусијата за доброто и злото. Што и не ме чуди воопшто кога е во прашање манипулатор како тебе. Е арно ама, на погрешна "црква" се крстиш тука чорбаџија. :)
Значи да ти повторам. Има безброј научни трудови кој се едногласни за начинот на кој елементите од периодниот систем се формирани. Тоа е процесот познат како нуклеарна фузија, а таа може да се случи само и единствено во внатрешноста на ѕвездите. Нашата планета се состои од над 90% на елементи кој се потешки од водородот и хелиумот, што значи дека материјалот од кој е создадена нашата планета е направен во внатрешноста на ѕвездите. Ти посочив и автор на дело во кој се наброени десетина научни трудови кој го докажуваат тоа - Маркус Чон - "Магична Печка".
Кој е тој што се брука на форумов чорбаџија, ајде кажи ми сега? Дали јас или ти, кој и ова ќе го премолчиш, за да после одредено време повторно и бесрамно ги пласираш истите тврдења?
 
Има безброј научни трудови кој се едногласни за начинот на кој елементите од периодниот систем се формирани. Тоа е процесот познат како нуклеарна фузија, а таа може да се случи само и единствено во внатрешноста на ѕвездите.

Класичен пример за нуклеарна фузија се нуклеарните (хидрогенски) бомби, нуклеарните реактори и сл. Дали и овие, според твојава „логика“, се случуваат во внатрешноста на ѕвездите? :)
 
Класичен пример за нуклеарна фузија се нуклеарните (хидрогенски) бомби, нуклеарните реактори и сл. Дали и овие, според твојава „логика“, се случуваат во внатрешноста на ѕвездите? :)
Чорбаџија стварно е срамота до ова дереџе да се спушташ и да тераш магарешки инает.
Хидрогенските бомби постојат 50-60 години, ѕвездите се далеку од поодамна тука.
Друга работа, во нуклеарните реактори, не се случува фузија, туку фисија, процес кој е обратен од фузијата.
Но тоа што и на врапчињата би им станало јасно досега е фактот што во природата (универзумот) фузија може да има единствено во внатрешноста на ѕвездите. Без фузија, нема елементи потешки од хелиум, а без тие елементи, неможе да има ни планети како нашава.
За да постојат хидрогенски бомби, мора да постојат луѓе кој ќе ги направат! А за да постојат луѓе, мора да постојат елементи потешки од хелиум. :)
Оди сега и прочитај неколку деви марии, да ти каже господ како да се извадиш овој пат.
 
Класичен пример за нуклеарна фузија се нуклеарните (хидрогенски) бомби, нуклеарните реактори и сл. Дали и овие, според твојава „логика“, се случуваат во внатрешноста на ѕвездите? :)
Ofmorimajko... Sea sofist kje bides.
 
Хидрогенските бомби постојат 50-60 години, ѕвездите се далеку од поодамна тука.

Па што? Ти рече дека фузијата може да се случи само и единствено во внатрешноста на ѕвездите. Јас ти покажав и друго место каде што може да се изведе нуклеарна фузија. Што значи јасно и директно го побив твоето смешно тврдење. А ти место да си ја ставиш главата во кеса од пуканки и да се засрамиш за лапсузот што го тресна, продолжуваш да попуваш...

Друга работа, во нуклеарните реактори, не се случува фузија, туку фисија, процес кој е обратен од фузијата.

Постојат и нуклеарни реактори на фузија, но се уште во експериментални услови, а не и комерцијални. Речиси сите нуклеарни физичари предвидуваат дека наскоро сите нуклеарни реактори на фисија ќе се заменат со фузионите, заради поголемата моќност и економичноста. Иран веќе го гради првиот голем нуклеарен реактор на фузија.
Ај да ти дадам и некое линкче, бидејќи на збор не ми веруваш:
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5841241,00.html
www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/iran-zapochna-studija-za-izgradba-na-reaktor-za-nuklearna-fuzija

Но тоа што и на врапчињата би им станало јасно досега е фактот што во природата (универзумот) фузија може да има единствено во внатрешноста на ѕвездите.

Дали хидрогенските бомби се наоѓаат во Универзумот? И врапчињата ќе ти одговорат со ДА на ова тривијално прашање. Сепак и во нив се случива нуклеарна физија. Значи не е точно твоето тврдење дека фузија може да има единствено во внатрешноста на ѕвездите.

Без фузија, нема елементи потешки од хелиум, а без тие елементи, неможе да има ни планети како нашава.

Тргнуваш од атеистичка догматична позиција дека не постои Создател кој би ги создал потешките елементи и дека тие исклучиво се создавале спонтано согласно атеистичките хипотези и доаѓаш до атеистички заклучок. Сосема нормално. Доколку си во некоја кутија и во неа се вртиш во круг, колку и круга да свртиш, пак ќе си останеш во кутијата. :)

За да постојат хидрогенски бомби, мора да постојат луѓе кој ќе ги направат! А за да постојат луѓе, мора да постојат елементи потешки од хелиум. :)

Хидрогенските бомби ги наведов како пример на друго место (различно од твоето единствено :) ) каде што може да се изведе нуклеарната физија и да се синтетизираат потешки од полесни хемиски елементи. Тоа беше само еден пример ДОВОЛЕН да го побие твоето тврдење дека „само и единствено“ во внатрешноста на ѕвездите може да има фузија.
Хидрогенските бомби се само еден пример дека интелигентни битија (во случајов луѓе) можат да организираат алатка која ќе произведе нукеларна фузија и потешки елементи.
Доколку излезеш од догматичната кутија на материјалистичкиот натурализам и претпоставиш дека постои Интелигентен Создател (Бог) тогаш воопшто нема да ти изгледа нелогично дека Тој воопшто не би морал да ги создава потешките елементи во внатрешноста на ѕвездите, туку на место и начин на кој што Тој ќе посакал.
 
Љубовнику на Ошо, иди малку помедитирај, доцветај си ја свесноста, па потоа реплицирај ми со „научни факти“. Кога јас учев за Биг Бенг, Кант-Лапласова хипотеза и добивав признанија од покојниот проф. д-р Мијат Мијатович (тогашен претседател на скопското астрономско друштво) ти уште јадеше киндер јајце и си замислуваше дека тоа е Универзумот.

п.с. Сега го прочитав и последниот дел за еволуцијата. :D сполај ти што ме насмеа вака убо за пред спиење :D
Само ме интересира што беше толку смешно тоа за еволуцијата. Или бидејки ти ги побива верувањата за креационизамот па се смееш да не заплачеш:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom