Денешната наука е таа што е...
Да, денешнава наука е таа што е, разнолика, неедномислена, честопати во некои сфери неконзистентна и претендиозна, под влијание на несовршените луѓе, во некои сфери индоктринирана, втемелена на материјалистичкиот идеолошки натурализам.
Општествено гледано, ако порано скептицизмот и самокритичноста биле доблести, денес во многу факултети ги бркаат од работа (или не ги примаат уште во старт) оние професори кои изнесуваат гледишта спротивни на наследените догми, а се почитуваат оние кои само прават copy-paste на наследените догми со плус можеби некој научен труд но исклучиво во длабочина на веќе постоечките догми, никако надвор од оградата на материјалистичкиот идеолошки натурализам.
Ако имате прилика, гледајте го документарецот EXPELLED каде што се документирани неколку отпуштања од работа/факултети на професори само затоа што биле верници.
Но и не мора да гледате филмови. Ако сте во Скопје, посетете го кабинетот на проф. д-р Иван Грозданов на институтот по хемија на ПМФ и тој ќе ви раскаже како во времето кога него го предложиле за асистент, неговиот случај завршил до ЦК (централен комитет) и таму дискутирале дали е можно христијанин да биде асистент? После долгогодишниот отпор, заборавив како, но фала Богу го примија за асистент, а потоа и професор (веројатно затоа што комунизмот полека спласна). Чисто за информација, д-р Грозданов ја има има добиено ретката Фулбрајтова стипендија и има над 50 научни трудови (со значаен импакт фактор) од кои повеќето се обајвени во меѓународни списанија. Еден куп странски научници го цитираат во нивните научни творештва, но ете кај нас за да го примат како асистент на ПМФ морало да се дебатира на централен комитет
Не одат една со друга, а тоа беше поентата на темава.
Темата нема уста да каже, ниту прсти за да напише. Можеш да кажеш само дека твојата поента во воведниот коментар беше таа. Во ред, сите го сфативме твојот став. Очекувано е дека атеистите ќе ти го лајкнат, а теистите, поточно христијаните нема да се согласат со твојот став.
Ме интересира, која е таа вистинска наука според тебе?
Онаа која не е пристрсна, онаа која не е идоктринирана, онаа која што е конзистентна со со самата себе, она која што е секогаш скептична, неполитизирана, дијалектички расположена. Онаа која што не ги нарекува хипотезите теории и закони, онаа која што не дава ексклузивитет на интерпретациите, која што не е заложник на идеологии, која што ја знае ограниченоста на научниот метод и не се дрзнува научните фантастики и лични убедувања да ги инфилтрира во научните теории и сл.
Може уште многу да се пишува за „вистинската наука“, но сметам дека не е ни време, ни место, ниту пак вистинско друштво и публика за тоа.
@Ipsissimus, за еволуцијата и за дрвото за познавање на доброто и злото повеќе не дискутирам затоа што тоа се најдискутираните теми кои му ги отекоа тестисите на форумов. Не планирам да се повторувам, а и многумина не верувам дека сакаат повотрно да читаат. Секој што се интересира може да ја погледне богатата архива на форумов и секако странските веб страни.