Нема зошто да ги гони Полјаците, кога и онака отворено и јавно потенцираше дека без разлика на исходот од референдумот, ќе им биде дозволено да останат во Велика Британија, бидејќи легално дошле и легално можат да останат.
Најџел Фараж денес беше во едно од поголемите села во Белгија - имено Брисел, каде што изненадувачки, беше пречекан од луѓе со изрази на лицата како штотуку да се помочале во гаќи, среде мртва тишина, бидејќи како што е општо познато,
пред вистината и боговите молчат.
Но мртвата тишина траеше кратко, се додека Фараж не ги потсети дека слободно можат да му се смејат колку сакаат, но сепак на крајот, кој последен се смее, најслатко се смее.
Денес беше прекрасен ден за да се види фашистот Мартин Шулц - еден од најголемите душмани, ако не и најголемиот душман на Најџел Фараж и неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство, кои Шулц ги споредуваше со Хитлер и нацистите во Рајхстагот - како се обидува да ги заузда хиените во Европскиот Парламент, кои свесно и своеволно одбиваат да ги прифатат вистината и демократскиот избор.